Повик за консултантски услуги за подготовка на Стратегија за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“
Општи информации
Проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, а е финансиран од Фондот за добро владеење на Oбединетото Кралство. Во рамки на проектот, младите лица на возраст од 15 до 29 години добиваат пристап до обуки за дигитални и деловни вештини од овластени провајдери во замена за општокорисна работа. Во рамки на проектот се подготвува и платформа за вработување која ќе oпфати три вида ангажман: работен, хонорарен и волонтерски/практикантски.
Делокруг на работа
Подготовка на Стратегијата за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ со цел утврдување на план за долгорочна самоодржливост на проектот. Опфат на Стратегијата:
- Анализа на активностите, ресурсите и основните продукти на проектот (обуки, општокорисна работа, платформа за вработување);
- Истражување на пазарот на обуки за дигитални вештини и веб платформи за вработување;
- Пристап за пазарно позиционирање на „МладиХаб – Дигитална младина“;
- Финансиски план преку најмалку 3 сценарија за самоодржливост:
- Позиционирање на проектот како социјално претпријатие со детална анализа на фискални, економски и административни правила;
- Анализа на можностите и план за соработка и привлекување инвеститори од јавниот сектор;
- Анализа на можностите и план за привлекување на инвеститори од приватниот сектор;
- Управување и внатрешна организација;
- Акциски план за имплементација на Стратегијата;
Испорака
- Стратегија за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“
- Акциски план за спроведување на Стратегијата за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“
Спроведување на активностите
По изборот на најсоодветен кандидат, проектниот тим ќе ги сподели сите релевантни документи за проектот што треба бидат основа за изработка на Стратегијата.
Експертот ќе склучи договор со Националниот младински совет на Македонија во кој ќе бидат уредени правата и обврските на двете страни.
Стратегијата и акцискиот план треба да биде изготвени до 31.10.2020 година.
Предлог временска рамка на активностите во проектот:
15 јули 2020 година | Избор на експерт и потпишување на договор |
јули – септември 2020 година | Спроведување на истражувањето/ анализата |
30 септември 2020 година | Доставување на нацрт-верзија на Стратегијата и акцискиот план до проектниот тим |
октомври 2020 година | Усогласување на првичната верзија на Стратегијата и акцискиот план со насоките и инструкциите од проектниот тим |
31 октомври 2020 година | Доставување на финална верзија на Стратегијата за финансиска одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ и акцискиот план до проектниот тим. |
Начин на пријавување и избор
Право да учествуваат на овој повик имаат правни и физички лица.
Потребни квалификации:
- Минимум петгодишно искуство во изработка на економски анализи и бизнис планови;
- Искуство во подготовка и/или имплементација на програми или проекти;
- Искуство во подготовка на стратегија и бизнис план поврзани со млади, обуки, дигитални вештини, пазар на труд, општо корисна работа ќе се смета за предност
- Искуство во областа на развој на социјално претпријатие;
Потребни документи за правни лица:
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија (не постара од 6 месеци од денот на аплицирање)
- Референтна листа на претходни слични ангажмани на предложениот/те експерт/и;
- Кратка биографија (професионално резиме) на експерт/и
- План за работа – содржина на Стратегијата и опис на планираните активности за подготовка на Стратегијата
- Финансиска понуда
Потребни документи за физички лица:
- Референтна листа на претходни слични ангажмани
- Кратка биографија (професионално резиме) на експертот
- План за работа – содржина на Стратегијата и опис на планираните активности за подготовка на Стратегијата
- Финансиска понуда
Доколку се пријавува група на експерти или правно лице, задолжително треба да се достават професионални биографии од сите физички лица кои ќе учествуваат во подготовка на Стратегијата и акцискиот план.
Максималниот предвиден надомест (бруто износ) за извршените услуги на правното или физичко лице 4000 британски фунти во денарска противвредност. Исплаќањето ќе се врши на неколку рати, од кои првата откако ќе се одобри план за работа од страна на проектниот тим, а последната по завршувањето на финалната анализа, во согласност со договорената динамика за испорака на планираните активности.
Сите останати активности поврзани со спроведувањето на анализата (како на пример патни трошоци, спроведување на алатките кои ќе се користат за собирање на податоци и слично) треба да се вклучени во вкупниот износ и паѓаат на товар на спроведувачите.
Процесот на селекција ќе биде спроведен преку оценка на планот за работа (максимум 5 поени) , евалуација на професионално резиме (CV) (максимум 5 поени) и евалуација на претходни слични ангажмани (максимум 5 поени). При избор на понудата ќе се примени критериумот за избор на економски најповолна понуда.
Документите за пријавување треба да се достават на applications@nms.org.mk и vesna.radinovska@nms.org.mk најдоцна до 1 јули 2020 година со назнака „Стратегија за финансиска одржливост на проектот МладиХаб-Дигитална младина“. Сите дополнители прашања во врска со овој повик можете да ги упатувате на mladihub@gmail.com.
Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор
МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.
07. 07. 2025г.

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.
19. 05. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација
Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,
22. 06. 2025г.

МАСИТ го реализираше 19-тото Редовно Годишно Изборно Собрание
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.
05. 05. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.
30. 05. 2025г.

19-то Годишно Изборно Собрание на МАСИТ
Ве информираме дека на 08.05.2025 година (четврток), со почеток во 10:30 часот во хотел Александар Палас ќе биде одржано, претходно одложеното, деветнаесетто редовно Годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје, кое оваа година воедно е изборно. Собранието на Комората е највисок орган и него го сочинуваат сите членови. Членовите на Комората МАСИТ за заедничките работи одлучуваат на Собрание на Комората МАСИТ кое седница одржува еднаш годишно. Согласно Статутот на Комората МАСИТ, еднаш на три години се реализира изборно Собрание на кое се бираат нови претставници во телата на Комората, и тоа Управен одбор, Надзорен одбор, Судот на честа и нов Претседател на Собранието на МАСИТ. Пропратните документи се соодветно проследени до членовите на МАСИТ, согласно роковите утврдени во Статутот на МАСИТ. *Напомена: Очекуваме потврда за присуство на еден претставник од секоја компанија членка. Потребна е задолжителна потврда за учество на следната мејл адреса: contact@masit.org.mk. Доколку на седницата не дојде Управителот/Директорот на компанијата, претставникот на Друштвото треба да донесе полномошно за гласање и учество на Собраниетo.
12. 03. 2025г.