ПОВИК за поддршка на пет ММСПа и стартапи за имплементација на заштита на право од индустриска сопственост
Имплементатор на проектот: Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ
Финансиран од: Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ
Иновациите и примените на напредни и иновативни технологии, знаења и вештини и технолошки процеси секогаш се клучот за успех во секоја компанија и претставуваат извор на силен и одржлив раст. Следењето на трендовите на технолошки развој во ИКТ индустријата нераздвојно значат можност и потреба за развивање на нови технолошки, научни и општи ИКТ доктринарни знаења, решенија и генерирање продукти. Оттука, многу често свесно и со намера, а понекогаш и нужно како дел од процесот на интелектуален ангажман се изнедруваат посебни интелектуални творби кои имаат свој идентитет.
Заштита на правата на индустриска сопственост е инструмент кој има голема улога во секоја индустрија, а заради претходно кажаното во ИКТ индустријата особено. Следствено, овие творби и/или продукти се квалификувани за заштита, локално и/или меѓународно. Парадоксално, но наспроти иновативиот, умствениот и работниот капацитет од другата страна постои делумно непознавање и несигурнст во потребата и опциите за заштита на моралните и материјалните интелектуални права. Ова се однесува и во делот на превенирање на недопуштено однесување на трети лица кон нечија интелектуална сопственост и во однос на генерирањето на активни и пасивни приходи од интелектуалната сопственост. Македонските компании не се доволно свесни за практичната примена за заштита на правата на индустриска сопственост, но се свесни дека е од клучно значење за подигање на конкурентноста за раст и развој на своите компании.
ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК,
Овој јавен повик се однесува за избор на 5 (пет) микро, мали и средни претпријатија (ММСПа) и стартапи кои ќе ја добијат соодветна прaвна помош, насочување и поддршка за имплементација на заштита на одредено право од индустриска сопственост преку покривање на 80% од трошоците од страна на проектот поддржан од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, но не повеќе од 25.000 денари по компанија, а останатиот дел од 20% треба да бидат финансиски контрибуирани од страна на компанијата.
Повикот се однесува на микро, мали и средни претпријатија и стартапи кои работат во доменот на ИКТ индустријата.
ШТО ДОБИВААТ КОМПАНИИТЕ?
- Поддршка од страна на експерт во областа за заштита од правата на индустриска сопственост
- Запознавање со видовите на права, потребата и можноста за нивна заштита
- Појаснување на материјалните придобивки од заштитата односно комерцијалното ефектуирање и можност за пасивен приход
- Oтварање на прашања кои се поврзани со интелктуалната и индустриската сопственост во комбинација со авторски права како резултат на најновите трендови во ИТ, особено вештачката интелегенција и роботиката.
ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕДМЕТ НА ЗАШТИТА?
- Патент
- Трговска марка
- Трговско име
- Име на домен
- Авторско право
Изборот на претпријатијата ќе се врши врз основа на долунаведените критеруми:
- Правниот субјект да е од ИКТ индустријата
- Компанијата да спаѓа во рамките на микро, мали и средни претпријатија и стартапи
- Компанијата да е со седиште во Република Северна Македонија
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ПОВИКОТ
На повикот право на учество имаат сите микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и стартапи од ИКТ индстријата во Република Северна Македонија кои немаат имплементирано и заштитено било какво право од индустриска сопственост.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето за учество во повикот ќе се врши по принципот „прв дојден-прв услужен“ или до искористување на предвидената поддршка и пополнување на местата со доставување на пополнета пријава на следниот ЛИНК.
Крајниот рок за доставување на пријавите е 15.02.2024 година до 14:00 часот.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителните информации во врска со повикот може да се добијат на тел. +389 75 240 988 или на contact@masit.org.mk , секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот.
- По завршување на рокот за изразување на интерес, компаниите кои изразиле интерес по принципот „прв дојден-прв услужен“ ќе бидат контактирани со цел комплетирање на потребната документација.
- Преку овој проект, сакаме да овозможиме одблизу ИКТ компаниите да се запознаат со суштинското значење и придобивките од спроведување на заштита на индустриската сопственост, со намера да позитивно да влијаеме во донесувањето разумни одлуки преку континуирано работење на подигање на свеста и помош во деловно работење на самите компании, со крајна цел воспоставување на нова услуга во Комората кон компаниите членки на МАСИТ за постојана правна помош за заштита на интелектуалната и индустриската сопственост.
Новости

Scalefocus со три признанија од Stevie® Awards 2025 – Година на глобални победи и раст
Иновации во вештачка интелигенција, инвестиции во талент и силен раст на глобалниот пазар ја обележуваат 2025 како година на експанзија и меѓународно признание за Scalefocus. Компанијата им помага на клиентите ширум светот преку иновации, технолошка експертиза и култура што ги става луѓето на прво место. 2025 е возбудлива година за Scalefocus. Од локални иницијативи до светска афирмација, компанијата покажува како тим воден од иновации и технолошка извонредност може да направи реална разлика – за клиентите, вработените и пошироката ИКТ заедница. Глобално признание Третпат по ред, Scalefocus доби признанија на престижните Stevie® Awards: Бронза – За постигнувања во развој на компетенции и вештини, за трансформација на инженерската кариерна рамка со цел развој на талент и поголема вредност за клиентите.Сребро – Иновација на годината во енергетскиот сектор, за смартификација на енергетската индустрија преку анализа во реално време. Бронза – Најиновативна технолошка компанија на годината (до 2.500 вработени). Покрај тоа, Scalefocus е вклучена и на престижната листа Global Outsourcing 100® за 2025 од Меѓународната асоцијација на аутсорсинг професионалци (IAOP®), во категоријата Rising Star. Високите оценки во категориите за референци од клиенти, награди и сертификати, како и програми за иновации, го потврдуваат она што клиентите веќе го знаат: Scalefocus е сигурен партнер што испорачува вредност и иновации на секој чекор. Градење култура на иновации Иако индустриските награди го потврдуваат влијанието на Scalefocus, вистинската иновација почнува од внатре – таа е дел од ДНК на компанијата. За да ја поттикне креативноста и континуираното подобрување, Scalefocus по вторпат ја организираше програмата Месец на Иновации. Овој настан им овозможува на колегите да ги претворат идеите во реалност – било да се работи за оптимизација на внатрешни процеси или создавање решенија за клиенти. Месец посветен на љубопитноста, креативноста и конкретните резултати. А бидејќи иновациите се одржливи само ако се потпираат на талент, Scalefocus силно инвестира во развој на идните ИКТ лидери. Програмата Летна пракса во канцеларијата во Скопје им овозможува на студентите од ФИНКИ и ФЕИТ практично искуство преку работа на реални проекти. Така се зајакнува локалниот извор на таленти и се создаваат професионалци со вештини што ќе ѝ служат на индустријата во иднина. Оваа иницијатива ја истакнува Scalefocus како општествено одговорна компанија што вложува во идните генерации и поширокиот ИКТ екосистем. Клиентите знаат дека соработуваат со организација што размислува долгорочно – за луѓето, бизнисот и одржливиот раст. Раст и нови пазари: Експанзија во DACH регионот Додека ја зацврстува културата на иновации внатрешно, Scalefocus истовремено ја пренесува таа вредност и кон повеќе клиенти на глобално ниво. Еден од клучните пазари за раст во 2025 е DACH регионот (Германија, Австрија, Швајцарија). Проширување ќе им овозможи на клиентите во овој регон да ги искористат предностите на Scalefocus во областа на nearshoring-моделот и АI-поддржаната испорака. Клиентите ќе добијат поблиски односи, побрзи одлуки и високо ефикасни тимови усогласени со нивните бизнис цели. Водени од вредности, поттикнати од луѓето Зад секоја награда и секое постигнување стојат луѓето на Scalefocus. Вредностите на компанијата се водилка за секоја активност: Да се направи разлика: Фокус на она што е важно и испорака на мерливи резултати. Повеќе заедно: Беспрекорна соработка со клиенти и колеги. Преземање одговорност: Сопственички пристап кон секој проект и испорака со интегритет. Никогаш да не се помириме со помалку: Постојано стремење кон извонредност. Насока кон иднината 2025 е година на признанија, раст и иновации. Постигнувањата на Scalefocus покажуваат што е можно кога талентот, технологијата и стратегијата се спојуваат. Со проширено глобално присуство, стратешко лидерство на клучни пазари и култура што ја поттикнува љубопитноста и соработката, Scalefocus е подготвена да им помогне на клиентите да ја изградат следната генерација на технолошки решенија.
08. 10. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.
30. 05. 2025г.

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор
МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.
07. 07. 2025г.

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.
19. 05. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација
Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,
22. 06. 2025г.

МАСИТ го реализираше 19-тото Редовно Годишно Изборно Собрание
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.
05. 05. 2025г.