Публикации

Реформи за подобра бизнис клима за успешно функционирање и раст на ИКТ индустријата (Март, 2020)

Целта на ова истражување е анализа на правната рамка и на државните политики кои имаат влијание на конкурентноста и на условите за работа во ИКТ индустријата како и детерминирање на областите каде преку промена на прописите може да се подобрат условите за работа и да се обезбеди клима за подобро функционирање на оваа индустрија. Во ова истражување се презентирани актуелните состојби во македонската индустрија за ИКТ, а потоа и објаснети компаративните искуства на земјите од регионот во делот на користењето на политиката на јавните финансии во функција на стимулирање и поддршка на ИКТ индустријата, за врз база на тие искувства на крајот ќе бидат понудени конкретни мерки чија имплементација би била од корист за македонските фирми и за целата ИКТ индустрија воопшто. Анализата се фокусира на правната рамка и на компаративните искуства и истата нема за цел квантитативна анализа на ефектите од предложените мерки. Едно такво истражување ќе биде неопходно во иднина, но истото бара поинаков економетриски пристап што е надвор од фокусот на ова истражување. Оваа анализа е подготвена од страна на д-р. Јован Зафироски Реформи за подобра бизнис клима за успешно функционирање и раст на ИКТ индустријата

Новости

Повик за учество на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за Глобалните ИКТ награди за изворедност на WITSA

Во рамките на своите активности, за изборот на WITSA Global ICT Excellence Awards 2020, МАСИТ повторно организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологијаза 2020 година. МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) http://witsa.org/witsa-wp-site/ , првонаградените решенија во долунаведените категории ќе ги номинира на “2020 WITSA Global ICT Excellence Awards, кои ќе бидат номинирани за учество на изборот на 2020 WITSA Global ICT Excellence Awards во рамки на светскиот конгрес за ИТ што ќе се оджува од 14-16 септември, 2020 година во Пенанг, Малезија. Оваа година, ве повикуваме за номинации за „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“  кои ќе ги опфатат следните категории: Награда за јавно / приватно партнерство Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои заначително помогнале во наоѓање нови решенија и зајакнување на финансиите со успешна соработка помеѓу владиниот и приватните сектори во ИКТ.    Награда за дигитални можности / вклучување Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои значително ги зголемиле дигиталните можности за граѓаните на Република Македонија, во смисла на можности за користење на ИТ и пристап на интернет. Решение за одржлив раст Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои промовираат одржлив економски раст, кој се дефинира како способност да се подобри финансиската и социјалната состојба во државата. Постојат три клучни предизвици: климатски промени, деградација / пад на ресурси и загадување. Во сржта на трите е енергетската ефикасност и улогата на ИКТ за да постигне истата.  Иновативни решенија во здравството Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои прават извонредени напори за користење на ИКТ како алатка за промоција на здравјето и здравствената заштита, како telehealth, mHealth (мобилно здравје), е-здравство или преку е-учење, електронски здравствени досиеја, законските регулативи или социјални медиуми. Решенија може да варираат од обезбедување на информации за здравјето на граѓаните, поддршка за јавното здравство во заедницата, системи за поддршка во здравствените установи. Награда за дигитални иноваци Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои воведоа забележителни иновации во технологијата кои го унапредуваат бизнисот и ИТ. Дигитални иновации кои покажуваат напредок во продуктивноста и потенцијалот на деловните апликации, како и технологијата што значително придонесува за подобрена ефикасност, продуктивност и перформанси на една организација, или пошироко, помага во исполнување на ветувањето за дигиталното доба за сите. Награда за е-образование и учење Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија и најдобри проекти кои преку електронско учење користат иновативна нова технолошка алатка ,или постојни електронски алатки за учење на иновативен начин. Решенија кои ќе го олеснат и поддржат учењето преку употреба на информатичка и комуникациска технологија. Право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија, додека учеството на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за членките на МАСИТ е бесплатно. Вашето решение ќе го номинирате со доставување на долунаведените документи на: praktikant@masit.org.mk најдоцна до 16.04.2020 година: Пополнета пријава за МАСИТ ИКТ наградите (во прилог “Prijava za MASIT IKT nagradi 2020”), заедно со пропратните документи кои се наведени во истата; Power Point презентација за своето решение.   Напомена: Учеството за МАСИТ ИКТ наградите за компаниите членки на МАСИТ е бесплатно, а за сите останати компании изнесува 50 евра + ДДВ. Во очекување на Вашите пријави, Ви посакуваме успех при изборот.

Новости

Прашалник за самоевалуација за дигитална трансформација на компании

Ве информираме дека, МАСИТ во соработка со Министерството за економија, во рамки на проектот Поддршка за дигитална трансформација на компании, креираше прашалник за самоевалуација, кој е наменет за МСПа од други индустрии, кои со одговарањето на овој прашалник ќе добијат анализа за нивото на дигитализација, видот и начинот на користење на дигитални алатки кои би можеле да го подобрат и убрзаат секојдневното работење во нивните компании. Прашалникот е анононимен и може да го одговорат сите заинтересирани МСПа во државава кои сакаат да го проверат нивниот потенцијал во делот на дигиталната трансформација. ПОПОЛНЕТЕ ГО ПРАШАЛНИКОТ

Новости

Годишно Собрание на МАСИТ 2020

На 31ви Март 2020, вторник, со почеток во 13:00 часот, во хотел Хилтон ќе се одржи 14-то Редовно  Годишното Собрание на МАСИТ. Во прилог можете да го погледнете дневниот ред на настанот. Превземи PDF

MLADIHUB
Новости

Повик за понуди за спроведување на обуки во рамки на проектот МЛАДИ ХАБ – 2 циклус

МАСИТ како партнер во проектот МЛАДИ ХАБ – дигитална младина објавува повик за прибирање на понуди за спроведување на обуки за дигитални вештини за вториот циклус на обуки кои ќе се спроведуваат во периодот Април 2020 – Јуни 2020. Сите детали во однос на условите и начинот на аплицирање можете да ги најдете во документот во прилог. Понудите се доставуваат на е-маил: biljana.prlichkova@masit.org.mk и gordana.kolova@nms.org.mk најдоцна до 16.03.2020. Превземи PDF

Scroll to Top