19.11.2020

Nextsense и Elevate Global, наградени со почесната награда “Merit Winner Award” во рамки на глобалниот настан “WITSA Global ICT Excellence Awards”

Денес, во рамки на глобалниот настан “WITSA Global ICT Excellence  Awards”, нашите компании членки Nextsense со решението “ Contact Tracing technology” и Elevate Global со решението “BAT”, ја добија почесната награда “Merit Winner Award” во рамки на глобалниот настан “WITSA Global ICT Excellence Awards”, а во конкуренција со ИKТ компании од целиот свет. Настанот се одржува од 18- 20.11 во Пенанг, Малезија.

„Оваа година, номинациите доставени до WITSA за годинeшни награди, го опфаќаат целото глобално членство на WITSA, од Нигерија до Бангладеш, од Аргентина до Велика Британија и пошироко. Годинешниот избор на награди се случуваа во многу уникатно време во историјата. И покрај минувањето низ глобална пандемија, воодушевени сме што ќе можеме да препознаеме некои од најдобрите решенија за ИКТ од владите, институциите, поединците и индустријата “, изјави генералниот секретар на WITSA, д-р Jim Poisant“.

„Во сите претходни 20 години откако се одржуваат WITSA Global ICT Excellence  Awards, немавме чест и привилегија, да добиеме и разгледаме, квалификувани, уникатни и извонредни решенија, какви што добивме оваа година“ – изјави претседателката на WITSA г-ѓа Yvonne Chiu.

МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) ги номинираше пријавените решенија од компаниите членки на МАСИТ до WITSA , a годинава беа објавени следниве категории за номинација: КОВИД-19 технички решенија за градови и локалитети, КОВИД-19 технички решенија за земји или региони, КОВИД-19 најдобри решенија во индустријата, награда за јавно – приватно партнерство, награда за дигитални иновации, решение за одржлив раст, иновативни решенија во здравството, награда за дигитални иновации, и награда за е-образование и учење.

Повикот за учество во изборот беше отворен за сите компании членки на МАСИТ, но и за ИКТ компаниите кои не се дел од МАСИТ, а право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат готови сопствени решенија, имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија.

Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) е водечки признат меѓународен глас на глобалната ИКТ-индустрија, чии членови од над 80 земји и економии претставуваат повеќе од 90 проценти од светскиот IKT пазар.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит