ВОДИЧ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ВЕРИФИКАЦИЈА НА НОВА КВАЛИФИКАЦИЈА (Февруари, 2022)

Овој водич е подготвен за да им овозможи на работодавците препознавање и едноставна примена на овие нови алатки и техники, кои се користат при развивањето нови квалификации. Било да станува збор за подготовка на квалификација, во соработка со образовните власти, било да станува збор за подготовка на квалификација која ќе биде понудена и изведувана од работодавецот, следењето на дадените чекори и напатствија на работодавците им овозможува не само самостојно обликување квалификација туку и активно учество и во другите подрачја, пред сè, во квалитетот на квалификациите, но и во креирањето на образовните политики.

Водичот е изработен од страна на Стопанската комора на Северна Македонија, со поддршка од Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк)“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и за соработка (Swiss Development Cooperation – SDC).

Водич за процесот на верификација на нова квалификација

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит