За МАСИТ

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ ја претставува Македонската ИКТ индустрија и ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.
Комората ги претставува компаниите кои работат со широк спектар на ИКТ производи и услуги во Македонија и од своето основање во 2000 година, како непрофитна и волонтерска институција, на своите компании членки им овозможува пристап до информации, едукација, правни совети, соработка, вмрежување и промоција на домашно, регионално и меѓународно ниво, се со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата.
МАСИТ соработува регионално и интернационално со други организации и асоцијации. Региoнално МАСИТ соработува со сите ИКТ Асоцијации од регионот на ЈИЕ (Југо-Источна Европа), и е член на Balkan and Black Sea Cluster Network. Интернационално МАСИТ e членка на World Information Technology and Services Alliance – WITSA од мај 2005. МАСИТ има одлична соработка со донорските организации присутни во државата.
visibility

Визија

МАСИТ да овозможи раст на македонскиот ИКТ бизнис, негова препознатливост и имиџ како во земјата така и во странство, како и унапредување на македонската економија и просперитет со посилна, поорганизирана и прогресивна ИКТ индустрија.
rocket_launch

Мисија

МАСИТ е гласот и ресурсот на конкурентниот ИКТ сектор, поддршка на економијата базирана на иновации и клучен фактор за просперитет на нацијата.
target

Цели

Следните цели се воспоставени за да се постигнат наведените визија и мисија, да се задоволат потребите и интересите на компаниите членки како и да се проши членство во МАСИТ:

campaign
Јавен дијалог
Да се зајакне препознатливоста на МАСИТ и неговата улога во развојот на ИКТ законодавството, политиките и правилата на пазарот преку заштита и застапување на интересите на ИКТ бизнис заедницата.
finance_mode
Конкурентност
Да се зголеми конкурентноста на членовите преку градење на капацитети, поттикнување на иновациите, доживотно учење, како и сертификација на компании и квалификација на човечки ресурси.
diversity_2
Соработка и вмрежување
Да ја поддржи соработката и вмрежувањето на ИКТ компаниите во земјата, регионално и на меѓународно ниво преку настани, проекти, партнерства, конкурси, признанија и награди.

Да се изгради и да се зајакне мрежата на МАСИТ со препознаени организации во насока на подобрување на брендот на Македонската ИКТ индустрија, нејзината препознатливост, имиџот и репутацијата.
public
Извозни капацитети
Да го поддржи извозот преку подобрување и промоција на извозните политики; меѓународно брендирање и позиционирање; промовирање на кластери и соработка; зајакнување на извозни способности и знаења; поттикнување на квалитетот и извонредноста на компанијата со крајна цел да се воспостави Македонија како препознатлив бренд за специјализирани, високо квалитетни аутсорсинг услуги и софтверски производи.
all_inclusive
Одржливост
Постојано да ги подобрува своите финансиски и организациски операции и да се воспостави МАСИТ како признаена и професионална организација, преку иновативно, ефективно и ефикасно управување и лидерство со цел да ја исполни својата визија и мисија.

Новости

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.

19. 05. 2025г.

Scroll to Top