Модирум Платформс е водечки иноватор во понудата на безбедни решенија кои се потпираат на Вештачка Интелигенција наменети за клучните сектори на комуникации, Телеком, Финансии, јавните и владини институции, како и во здравството и енергетиката. Фокусирајќи се на развој на платформа, нашата мисија е да ги оснажиме организациите од јавната безбедност и деловните субјекти со тоа што ќе им овозможиме поефикасно да ги нудат, реализираат и моделираат своите услуги, а истовремено да ја одржат довербата, стабилноста и иновациите.
Во нашето 27 годишно искуство и тим од над 250 стручњаци, имаме реализирано над 500 проекти во 30 земји. Нашиот стручен тим работи во партнерство со организацијата во насока на реализација на висококвалитетни решенија, скроени да одговараат на конкретните потреби на индустриите кои се наши клиенти.