IT4Charity 2024: Иницијатива на заедницата која прави разлика!

10. 07. 2024г.

Со радост и голем ентузијазам, МАСИТ се вклучува како поддржувач на IT4Charity 2024, иницијативата која по шести пат ја обединува нашата заедница во Македонија, со цел прибирање средства за децата без родителска грижа и родителите од згрижувачките семејства, поддржани од СОС Детско село.

Годинашниот концепт ја задржува познатата хуманитарна трка на која трчаат тимовите на компаниите кои донираат и додава уште еден еколошки момент, рециклирање. Имено, оваа година со помош на апликација на Пакомак, тимовите на компаниите имааат можност да рециклираат пластични шишиња и лименки во вендинг машините на Пакомак, и собираните зелени поени да ги донираат за СОС Детско село. А Пакомак, пак, таа донација ќе ја удвои.

Се обидовме да направиме спој на две општествено важни каузи, социјалната која значи поддршка на децата од загрижувачките семејства интегрирани во локалната заедница, но и еколошката, како неопходна во времето во кое живееме. Ние се грижиме за децата да имаат стабилна и сигурна иднина, но не помалку е битно и каков свет ќе им оставиме, па затоа преку еколошката компонента сакаме да пратиме порака за поголема еко свест нагласувајќи дека здравата животна средина е одговорност на сите нас.“ велат од СОС Детско село.

Главниот настан годинава ќе се случува на 15 септември, во Градски Парк Скопје, а сите собрани средства ќе се наменат за професионална поддршка на над 70 згрижувачки семејства интегрирани во локалната заедница кои згрижуваат над 140 деца без родителска грижа.

Ова претставува уникатна можност за компаниите членки на МАСИТ и нивните вработени, како едни од општествено најодговорните, да се вклучат во хуманитарни активности, истовремено промовирајќи здрав животен стил, но и еколошка свест. IT4Charity 2024 е одлична можност за компаниите, не само да ја покажат својата општествена одговорност, туку и да ја зајакнат корпоративната култура преку тимска кохезија и заеднички активности.

За повеќе информации и пријавување учество, посетете ја веб страница на СОС Детско село https://sos.org.mk/it4charity/.

Заедно можеме да направиме разлика!

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top