Follow up НАСТАН ПОСВЕТЕН НА ЗАШТИТАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ

19. 12. 2023г.

МАСИТ како водечки партнер, започна со спроведување на активности во рамки на проектот „Подигнување на свеста за потреба од заштита на правата од индустриска сопственост и воспоставување на иницијална правна помош во комората“, поддржан од страна на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. Со таа цел, одржавме еден промотивен настан на кој ги започнавме проектните активности и ја реализиравме првата од трите предвидени едукативни работилници за компаниите членки на МАСИТ.

Целта на овој проект е преку низа активности, МАСИТ да им овозможи на компаниите кои се членки на Комората, соодветна едукација во поглед на придобивките од Intellectual Property Rights (IPR), согледување на најновите современи дилеми наспроти традиционалните поими, овозможување на практична помош и имплементација од страна на комората МАСИТ за заштита на интелектуални права за компании-членки на МАСИТ, преку иницијална прaвна помош и понатамошно насочување.

МАСИТ во рамки на проектот, ја организира втората работилница која е бесплатна за компаниите членки на комората. Во рамки на овој проект, ќе бидат поддржани 5 компании членки за имплементирање на IPR.

Подгответе се да го дознете „изворниот код“ на правата на интелектуална сопственост во сосема ново светло! Да се сретнеме за да позборуваме како да ги препознаеме интелектуалните права. Нема да цитираме сложени закони или прирачници. Овој настан е шанса да навлезете во интригантниот свет на ИС кај нас и во светот!

ШТО? Кусо, енергично и интересно патување во суштината на креативната сопственост, а сепак доволно да го разгори вашиот ентузијазам и да ви ја поттикне имагинацијата!

ЗОШТО? Бидејќи правата на интелектуална сопственост се пасош и билет за заработка.

КОЈ? Сите љубопитни да ги отклучат тајните на ИС, пред се иновативните, креативните!

КОГА? На 24ти Јануари 2024 година од 10:00 часот.
Обележете ги вашите календари за овој иновативен настан.

КАДЕ? Qinshift Academy (мапа)

Пријавете се со пополнување на регистрациската форма на следниот линк.

Ајде да ги дешифрираме и демистифицираме интелектуалните права. На нашиот настан ќе и кажете збогум на здодевноста. Ќе разберете кои се клучните 5W+2H во светот на Заштита на интелектуална сопственост и никогаш нема да си дозволите грешка. Ве очекуваме.

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top