Повик за номинирање на решенија за WITSA виртуелни ICT Excelence Awards 2020

16. 06. 2020г.

Ве информираме дека од WITSA добивме нова информација за повторно одржување на WITSA Global ICT Excellence Awards 2020. Заради моменталната ситуација со Корона вирусот, WITSA ќе ги одржи своите први Virtual Global ICT Excellence Awards на 15 септември 2020 година, во склоп на настанот кој ќе се емитува во живо – Road to WCIT Malaysia” (од 14ти до 16ти септември) – организиран од Националното здружение на ИКТ на Малезија (PIKOM). Покрај постоечките категории, три нови категории на награди поврзани со COVID-19 се додадени на листата за Global ICT Excellence Awards 2020.

Во рамките на своите активности, за изборот на WITSAVirtual Global ICT Excellence Awards 2020МАСИТ повторно организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологијаза 2020 година. МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) http://witsa.org/witsa-wp-site/ , првонаградените решенија во долунаведените категории ќе ги номинира на 2020 WITSA Virtual Global ICT Excellence Awards..

Ве повикуваме за номинации за „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“  кои ќе ги опфатат следните категории:

  • COVID-19 Tech Solutions for Cities & Localities

Во оваа категорија можат да бидат номинирани градовите и локалитетите кои успешно ги користат решенијата потпомогнати од технологијата во борбата против COVID-19. Номинираните мора да покажат дека усвоените технологии или решенија создале јасно позитивно влијание врз ублажување на влијанието на COVID-19 на нивните географски локации.

  • COVID-19 Tech Solutions for Countries or Regions

Во оваа категорија можат да бидат номинирани земји или региони кои демонстрираат визија и лидерство во однос на користење на дигитални алатки за успешно реагирање на кризата COVID-19, вклучително и ангажирање со ранливи групи, како и спроведување на иновативни дигитални технологии за решавање на не само краткорочните проблеми, туку и за развој на еластичност на општеството против идните здравствени кризи во соработка со индустријата и другите засегнати страни.

  • COVID-19 Best Industry Solutions

Во оваа категорија можат да бидат номинирани сите компании или поединци кои успешно ја користат информатичката и комуникациската технологија, вештачката интелигенција, податоците или слично во борбата против СОВИД-19. Примери на решенија вклучуваат апликации за теле-здравствена состојба, почитување на приватноста спроведување на социјално дистанцирање, технологии за контакт и следење, како и решенија за вакцинирање и тестирање. Номинираните мора да покажат дека технологијата или решението дале вистинско влијание врз ублажувањето на влијанието на СОВИД-19.

  • Public/Private Partnership Award

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои заначително помогнале во наоѓање нови решенија и зајакнување на финансиите со успешна соработка помеѓу владиниот и приватните сектори во ИКТ.   

  • Digital Opportunity/Inclusion Award

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои значително ги зголемиле дигиталните можности за граѓаните на Република Македонија, во смисла на можности за користење на ИТ и пристап на интернет.

  • Sustainable Growth Award

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои промовираат одржлив економски раст, кој се дефинира како способност да се подобри финансиската и социјалната состојба во државата. Постојат три клучни предизвици: климатски промени, деградација / пад на ресурси и загадување. Во сржта на трите е енергетската ефикасност и улогата на ИКТ за да постигне истата. 

  • Innovative eHealth Solutions Award

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои прават извонредени напори за користење на ИКТ како алатка за промоција на здравјето и здравствената заштита, како telehealth, mHealth (мобилно здравје), е-здравство или преку е-учење, електронски здравствени досиеја, законските регулативи или социјални медиуми. Решенија може да варираат од обезбедување на информации за здравјето на граѓаните, поддршка за јавното здравство во заедницата, системи за поддршка во здравствените установи.

  • Digital Innovation Award

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои воведоа забележителни иновации во технологијата кои го унапредуваат бизнисот и ИТ. Дигитални иновации кои покажуваат напредок во продуктивноста и потенцијалот на деловните апликации, како и технологијата што значително придонесува за подобрена ефикасност, продуктивност и перформанси на една организација, или пошироко, помага во исполнување на ветувањето за дигиталното доба за сите.

  • E-Education & Learning Award

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија и најдобри проекти кои преку електронско учење користат иновативна нова технолошка алатка ,или постојни електронски алатки за учење на иновативен начин. Решенија кои ќе го олеснат и поддржат учењето преку употреба на информатичка и комуникациска технологија.

Право на учество имаат ситеИКТ компании кои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија, додека учеството на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за членките на МАСИТ е бесплатно, додека за нечленки изнесува 50 евра + ДДВ.

Вашето решение ќе го номинирате со доставување на потребните документи наpraktikant@masit.org.mk најдоцна до 15.07.2020 година:

Во очекување на вашите пријави, Ви посакуваме успех при изборот.

Новости

МАСИТ со клучна поддршка за формализација на економијата преку дигитални решенија

МАСИТ со клучна поддршка за формализација на економијата преку дигитални решенија

Заедничка посветеност за формализирање на неформалната економија во РСМ Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, се приклучи кон националната иницијатива за намалување на неформалната економија. Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, ја потпиша Декларацијата за партнерство и акција: „Заедничка посветеност за формализирање на неформалната економија во РСМ“. Потпишувањето беше дел од годишната конференција на Министерството за финансии, која оваа година се одржа под насловот: „Формализирање на неформалната економија: Преку соработка до успех“. Дигитализацијата како одговор на неформалната економија Учеството на МАСИТ на оваа конференција ја нагласува неопходноста од ИКТ секторот како примарен партнер во процесите на реформирање на економскиот систем. Како претставници на најдинамичната индустрија, МАСИТ цврсто стои на ставот дека технологијата е најефикасната алатка за воспоставување на ред, транспарентност и фер конкуренција на пазарот. Официјализирањето на оваа соработка преку Декларацијата е потврда за заложбите на ИКТ заедницата за системски промени кои ќе ги трансформираат неформалните деловни практики во формални, придонесувајќи за целокупниот економски раст. Клучни насоки на дејствување Согласно потпишаната Декларација, МАСИТ ќе се фокусира на примена на следните принципи преку капацитетите на ИКТ индустријата: Промовирање на дигитализацијата: Воведување на дигитални алатки и платформи кои ќе ја стимулираат формализацијата, ќе овозможат поедноставна регистрација на бизнисите и значително ќе ја намалат административната сложеност. Спречување на неформализацијата и заштита на работничките права: Преку соодветни софтверски решенија и системи, МАСИТ ќе поддржува механизми за спречување на непријавената работа и погрешната класификација на работните односи, обезбедувајќи достоинствени услови за работа. Технолошка поддршка за институциите: Јакнење на меѓуинституционалната соработка и инспекциските служби преку модернизација на нивните ресурси, со цел поефикасно спроведување на регулативата и превенција на неформалните активности. Транспарентност и аналитика: Поддршка во воспоставувањето системи за евалуација кои преку податоци и индикатори ќе дадат јасна слика за напредокот во процесот на формализација. Едукација и одговорно претприемништво: Промовирање на етички деловни практики во ИКТ секторот и подигнување на свеста за придобивките од формалното работење за целиот економски систем. Заедничка заложба за успех Годишната конференција на Министерството за финансии послужи како платформа за обединување на сите релевантни чинители. Беше истакнато дека само преку заедничка акција, меѓусекторска соработка и стратешка примена на ИКТ решенија може да се постигнат видливи резултати. МАСИТ останува активен партнер во сите натамошни чекори за имплементација на потпишаната Декларација, придонесувајќи со стручност и иновативни решенија за подобра економска иднина.

19. 02. 2026г.

МАСИТ и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја интензивираат соработката за поддршка на извозот на ИКТ-компаниите

МАСИТ и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја интензивираат соработката за поддршка на извозот на ИКТ-компаниите

Годината започна со значајна официјална средба меѓу раководството на МАСИТ и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, придружуван од Крум Ефремов, директор за економска и јавна дипломатија. На средбата учествуваше раководството на МАСИТ, предводено од претседателот Јордан Димитровски, заедно со заменик-претседателот на Управниот одбор Филип Петровски, членот на Управниот одбор Дамјан Манчевски и директорката на Извршната канцеларија, Елена Китаноска. Во фокусот на разговорите беа можностите за унапредување на извозниот потенцијал на македонските ИКТ-компании, нивната поголема меѓународна видливост и системска поддршка за настап на странските пазари. Посебно внимание беше посветено на улогата на економската дипломатија и дипломатско-конзуларната мрежа во промоција на македонските ИКТ-решенија и воспоставување контакти со странски партнери. Претставниците на МАСИТ ги истакнаа приоритетите и предизвиците со кои се соочуваат компаниите членки, нагласувајќи ја потребата од координирана институционална соработка, континуирана промоција на домашната ИКТ-индустрија и организиран настап на меѓународни саеми, бизнис-форуми и трговски мисии. Преку интензивирана соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, МАСИТ продолжува активно да работи на создавање конкретни можности за раст, зголемување на извозот и меѓународно позиционирање на македонските ИКТ-компании. Заедничката заложба е ИКТ-секторот да се зацврсти како еден од клучните двигатели на економскиот развој и да се поттикне поголема конкурентност на македонските компании на глобалниот пазар. МАСИТ и во наредниот период ќе продолжи да иницира и поддржува вакви стратешки средби и партнерства, со цел создавање поволна деловна клима и долгорочен развој на ИКТ-индустријата во земјата.

21. 01. 2026г.

20-та годишна конференција на МАСИТ – MASIT 2.0 Recode Reality

20-та годишна конференција на МАСИТ – MASIT 2.0 Recode Reality

MASIT 2.0 – „Recode Reality“: Редефинирање на улогата на ИКТ во Македонија Годишната конференција MASIT 2.0 – „Recode Reality“, одржана на 3 декември во Скопје, уште еднаш го потврди статусот на МАСИТ како клучен двигател на дигиталната трансформација во земјава. Над 300 учесници, меѓу кои еминентни експерти, компании, институции и интернационални говорници, ги споделија своите визии, искуства и стратегии за развој на ИКТ-секторот во период на интензивни технолошки промени. Темата „Recode Reality“ постави силен повик за преосмислување на улогата на технологијата – од функционална алатка, до вистински катализатор на економски раст, иновации, образовна модернизација и институционален напредок.   Состојбата и потенцијалот на ИКТ-индустријата Во своето обраќање, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, ја нагласи зрелоста и значењето на ИКТ-секторот во Македонија. Индустријата брои речиси 3.000 компании и околу 25.000 вработени, со просечна бруто-плата од близу 150.000 денари. Само во изминатата година, секторот генерираше приходи над 1,65 милијарди евра, што го потврдува неговиот континуиран раст и стратешка важност за економијата. Присутните ги поздрави и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој ги претстави реформите и насоките што ги спроведува Владата со цел забрзување на дигитализацијата на Македонија. Според него, приватниот ИКТ-сектор ќе има клучна улога во спроведувањето на овие процеси. Connectivity 2030 – Иднината на телекомуникациите и дигиталната инфраструктура во Македонија Под модерација на Иво Ивановски (EuroTeleSites AG), панелистите Горан Марковиќ (Македонски Телеком), Методија Мирчев (A1 Македонија) и Брано Ѓуриќ (One Macedonia – 4iG) дискутираа за развојот и иднината на дигиталната инфраструктура и телекомуникациските услуги во Македонија.Панелот се осврна на модернизацијата на мрежите, имплементацијата на нови технологии и стратешките инвестиции кои ќе овозможат побрз, поефикасен и сигурен дигитален екосистем во земјата. Клучни говорници: Глобални перспективи и анализа на иднината Конференцијата собра врвни меѓународни експерти, меѓу кои: Пјетро Марини, директор за иновации во Deltatre Innovation Lab, кој ја отвори темата за трансформацијата на бизнис моделите во спортската и медиумската индустрија. Тој предупреди дека традиционалните модели на стабилност се разнишуваат, отворајќи прашања за одржливоста на целиот екосистем. Магда Јиану, менаџер за Југоисточна Европа во Palo Alto Networks, која зборуваше за најголемите предизвици во сајбер-безбедноста, особено во контекст на експлозивниот развој на вештачката интелигенција. Милош Ѓурковиќ, партнер во Amrop Serbia, кој ја истакна исклучителната важност на човечкиот капитал и систематскиот развој на талентите во процесите на дигитална трансформација. Панел-дискусии: ВИ, податоци, образование и иновации Конференцијата опфати неколку високо интерактивни панел-сесии: 1. Вештачката интелигенција и трансформацијата на бизнисот На панелот посветен на локалната примена на ВИ учествуваа:Петар Ниновски (Brainster), Благица Трпезановска (Kuehne+Nagel), Иво Павловски (Division), и Тони Јанкуловски (Diners Club).Панелот покажа дека ВИ веќе ја редефинира структурата, потребните вештини и динамиката на ИКТ-индустријата во земјава. 2. Образование и иднината на технолошките кадри Под водство на Весна Ивановска (Avenga Academy), министерката за образование Весна Јаневска и деканите Петре Ламески (ФИНКИ) и Благој Ристевски (ФИКТ) дискутираа за тоа како да се модернизираат образовните модели и да се обезбеди одржлива кадровска база.Фокусот беше на прашањето „Кој ќе ја кодира иднината?“ 3. Моќта на податоците Под модерација на Филип Петровски (МАСИТ), панелистите Александар Манев (Кроација Осигурување), Михајло Борозанов (Макпетрол) и д-р Беркан Имери (Халкбанк) разговараа за тоа како квалитетните и структурирани податоци се претвораат во вистинска бизнис вредност.Фокусот беше на подобрено донесување одлуки, оптимизација на процеси и градење конкурентна предност преку податоци. 4. Финансирање на иновации Д-р Горан Ковачев (Развојна банка), проф. д-р Иван Чорбев (ЕИТ), проф. д-р Боро Јакимовски (DigitMak) и Мухаммед Хаџи-Пази (Халкбанк) дискутираа за патот на иновацијата – од концепт до успешна реализација.Се нагласи потребата од стабилен финансиски екосистем, поголем пристап до фондови и механизми што им помагаат на иноваторите да растат и да го пласираат својот потенцијал на пазарот.  Конференцијата го потврди заклучокот дека технологијата не е само алатка, туку двигател на промени што ја моделира иднината на економијата, образованието и општеството. МАСИТ продолжува да ја води дигиталната трансформација, обединувајќи знаење, иновации и партнерства за иднината на Македонија.

12. 12. 2025г.

Scroll to Top