Повик за консултантски услуги за подготовка на Стратегија за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“

12. 06. 2020г.

Општи информации

Проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, а е финансиран од Фондот за добро владеење на Oбединетото Кралство. Во рамки на проектот, младите лица на возраст од 15 до 29 години добиваат пристап до обуки за дигитални и деловни вештини од овластени провајдери во замена за општокорисна работа. Во рамки на проектот се подготвува и  платформа за вработување која ќе oпфати три вида ангажман: работен, хонорарен и волонтерски/практикантски.

Делокруг на работа

Подготовка на Стратегијата за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ со цел утврдување на план за долгорочна самоодржливост на проектот. Опфат на Стратегијата:

  • Анализа на активностите, ресурсите и основните продукти на проектот (обуки, општокорисна работа, платформа за вработување);
  • Истражување на пазарот на обуки за дигитални вештини и веб платформи за вработување;
  • Пристап за пазарно позиционирање на „МладиХаб – Дигитална младина“;
  • Финансиски план преку најмалку 3 сценарија за самоодржливост:
    • Позиционирање на проектот како социјално претпријатие со детална анализа на фискални, економски и административни правила;
    • Анализа на можностите и план за соработка и привлекување инвеститори од јавниот сектор;
    • Анализа на можностите и план за привлекување на инвеститори од приватниот сектор;
  • Управување и внатрешна организација;
  • Акциски план за имплементација на Стратегијата;

Испорака

  • Стратегија за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“
  • Акциски план за спроведување на Стратегијата за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“

Спроведување на активностите

По изборот на најсоодветен кандидат, проектниот тим ќе ги сподели сите релевантни документи за проектот што треба бидат основа за изработка на Стратегијата.

Експертот ќе склучи договор со Националниот младински совет на Македонија во кој ќе бидат уредени правата и обврските на двете страни.

Стратегијата и акцискиот план треба да биде изготвени до 31.10.2020 година.

Предлог временска рамка на активностите во проектот:

15 јули 2020 годинаИзбор на експерт и потпишување на договор
 јули – септември 2020 годинаСпроведување на истражувањето/ анализата
30 септември 2020 годинаДоставување на нацрт-верзија на Стратегијата и акцискиот план до проектниот тим
октомври 2020 годинаУсогласување на првичната верзија на Стратегијата и акцискиот план со насоките и инструкциите од проектниот тим
31 октомври 2020 годинаДоставување на финална верзија на Стратегијата за финансиска одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ и акцискиот план до проектниот тим.

Начин на пријавување и избор

Право да учествуваат на овој повик имаат правни и физички лица.

Потребни квалификации:

  • Минимум петгодишно искуство во изработка на економски анализи и бизнис планови;
  • Искуство во подготовка и/или имплементација на програми или проекти;
  • Искуство во подготовка на стратегија и бизнис план поврзани со млади, обуки, дигитални вештини, пазар на труд, општо корисна работа ќе се смета за предност
  • Искуство во областа на развој на социјално претпријатие;

Потребни документи за правни лица:

  • Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија (не постара од 6 месеци од денот на аплицирање)
  • Референтна листа на претходни слични ангажмани на предложениот/те експерт/и;
  • Кратка биографија (професионално резиме) на експерт/и
  • План за работа – содржина на Стратегијата и опис на планираните активности за подготовка на Стратегијата
  • Финансиска понуда

Потребни документи за физички лица:

  • Референтна листа на претходни слични ангажмани
  • Кратка биографија (професионално резиме) на експертот
  • План за работа – содржина на Стратегијата и опис на планираните активности за подготовка на Стратегијата
  • Финансиска понуда

Доколку се пријавува група на експерти или правно лице, задолжително треба да се достават професионални биографии од сите физички лица кои ќе учествуваат во подготовка на Стратегијата и акцискиот план.

Максималниот предвиден надомест (бруто износ) за извршените услуги на правното или физичко лице  4000 британски фунти во денарска противвредност. Исплаќањето ќе се врши на неколку рати, од кои првата откако ќе се одобри план за работа од страна на проектниот тим, а последната по завршувањето на финалната анализа, во согласност со договорената динамика за испорака на планираните активности. 

Сите останати активности поврзани со спроведувањето на анализата (како на пример патни трошоци, спроведување на алатките кои ќе се користат за собирање на податоци и слично) треба да се вклучени во вкупниот износ и паѓаат на товар на спроведувачите.

Процесот на селекција ќе биде спроведен преку оценка на планот за работа (максимум 5 поени) , евалуација на професионално резиме (CV) (максимум 5 поени) и евалуација на претходни слични ангажмани (максимум 5 поени). При избор на понудата ќе се примени критериумот за избор на економски најповолна понуда.

Документите за пријавување треба да се достават на applications@nms.org.mk и vesna.radinovska@nms.org.mk најдоцна до 1 јули 2020 година со назнака „Стратегија за финансиска одржливост на проектот МладиХаб-Дигитална младина“. Сите дополнители прашања во врска со овој повик можете да ги упатувате на mladihub@gmail.com.

Новости

Се одржа 20-тата јубилејна Годишна конференција на МАСИТ – MASIT 2.0 „Recode Reality“

Се одржа 20-тата јубилејна Годишна конференција на МАСИТ – MASIT 2.0 „Recode Reality“

Јубилејно издание посветено на иднината на ИКТ-индустријата, вештачката интелигенција, дигиталната инфраструктура и иновациите На 3 декември 2025 година, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, ја одржа својата 20-та јубилејна годишна конференција под наслов MASIT 2.0 – „Recode Reality“. Настанот во Скопје обедини повеќе од 300 учесници, меѓу кои претставници на ИКТ-компании, институции, академската заедница и меѓународни експерти, отворајќи простор за размена на знаења, искуства и визии за иднината на дигиталната економија. Под мотото „Recode Reality“, конференцијата ја истакна потребата од преосмислување на улогата на технологијата од алатка за поддршка на секојдневните процеси до двигател на економскиот раст, иновациите, модернизацијата на образованието и дигиталната трансформација на општеството.   03.12.2025 – MASIT 2.0 „Recode Reality“: Две децении развој, знаење и дигитална трансформација Официјално отворање и визија за иднината на ИКТ-секторот Конференцијата беше отворена со обраќање на претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, кој ја истакна економската важност на домашната ИКТ индустрија и нејзиниот потенцијал за понатамошен раст, извоз и меѓународно позиционирање. Во своето обраќање во рамки на сесијата „Fireside Chat“, министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски, ги претстави насоките за забрзување на дигитализацијата во државата, нагласувајќи ја важноста на соработката меѓу институциите и приватниот ИКТ-сектор во реализацијата на овие процеси. Јубилејното издание беше можност да се потсетиме на развојот на конференцијата низ изминатите две децении, во кои ИКТ индустријата помина низ значајни технолошки промени – од развојот на интернетот и мобилните технологии до cloud-решенијата, големите податоци и вештачката интелигенција. „Connectivity 2030“ – Иднината на телекомуникациите и дигиталната инфраструктура во Македонија Една од воведните дискусии беше посветена на иднината на телекомуникациите и дигиталната инфраструктура во Македонија. Панелот го модерираше г. Иво Ивановски, главен извршен директор на EuroTeleSites AG, а учествуваа г. Горан Марковиќ, главен извршен директор на Македонски Телеком, г. Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија, и г. Брано Ѓуровиќ, главен извршен директор на One Macedonia (4iG). Дискусијата се фокусираше на модернизацијата на телекомуникациските мрежи, развојот на дигиталната инфраструктура и потребата од стратешки инвестиции што ќе овозможат побрзи, посигурни и поефикасни дигитални услуги. Разговорот ја нагласи клучната улога на телекомуникацискиот сектор во создавањето конкурентна дигитална економија и инфраструктура подготвена за идните технолошки предизвици. Сајбер-безбедноста во ерата на вештачката интелигенција Во рамки на конференцијата, Магда Јиану, менаџерка за Југоисточна Европа во Palo Alto Networks, одржа главно предавање на тема „Security in the Age of AI“. Презентацијата ја отвори темата за сè поголемата важност на сајбер-безбедноста во време кога вештачката интелигенција ги менува начините на работа, но истовремено создава и нови можности за дигитални закани. Посебен акцент беше ставен на потребата од современи безбедносни пристапи и стратегии со кои компаниите ќе можат да ги заштитат своите системи, податоци и деловни процеси. Вештачката интелигенција и трансформацијата на бизнисот Како вештачката интелигенција ги менува деловните модели, работните процеси и корисничките искуства беше во фокусот на панелот „Како вештачката интелигенција го трансформира бизнисот“, реализиран со поддршка на Brainster. Панелот го модерираше г. Петар Ниновски, основач на Brainster Group, а учествуваа г-а Благица Трпезановска, генерална директорка на Kuehne+Nagel Македонија, г. Тони Јанковски, директор за развој и иновации во Diners Club Македонија, и г. Иво Павловски, креативен директор во маркетинг-агенцијата Division. Учесниците дискутираа за практичната примена на вештачката интелигенција во различни индустрии, нејзиното влијание врз иновациите и ефикасноста, како и можностите за создавање нови производи, услуги и деловни модели. Разговорот ја истакна важноста компаниите да ги препознаат можностите што ги нуди ВИ и стратешки да ја интегрираат во своето работење, со фокус на создавање мерлива деловна вредност. Човечкиот капитал и прекуграничната соработка како двигатели на дигиталната трансформација Меѓународната перспектива на конференцијата беше дополнета со предавањето на г. Милош Ѓурковиќ, управувачки партнер во Amrop Serbia, посветено на прекуграничната соработка и улогата на човечкиот капитал во дигиталната трансформација. Предавањето ја нагласи важноста на развојот на талентите, градењето успешни тимови и создавањето услови за соработка меѓу компаниите и пазарите. Во услови на брзи технолошки промени, човечкиот капитал останува еден од најзначајните фактори за одржлив раст, иновации и успешна дигитална трансформација. „Кој ќе ја кодира иднината?“ – Едукација, кадар и потребите на ИКТ-индустријата Една од темите од особено значење за идниот развој на секторот беше усогласувањето на образовниот систем со потребите на ИКТ-индустријата. Панелот „Кој ќе ја кодира иднината?“ го модерираше г-а Весна Иваноска, директорка на Avenga Academy и членка на Управниот одбор на МАСИТ. На дискусијата учествуваа проф. д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука, проф. д-р Петре Ламески, декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), и проф. д-р Благој Ристевски, декан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ). Дискусијата се фокусираше на потребата од модернизација на образовните модели, развој на применливи дигитални вештини и подобро поврзување на образовните институции со компаниите. Посебно значење беше дадено на создавањето квалификуван кадар кој ќе може да одговори на новите барања на пазарот на труд и да придонесе кон долгорочната конкурентност на домашната ИКТ-индустрија. Иновации што ги менуваат спортот, медиумите и корисничките искуства За влијанието на новите технологии врз спортската и медиумската индустрија говореше г. Пјетро Марини, директор за иновации во Deltatre Innovation Lab. Во своето предавање „Inside the AI Playbook: Innovation Transforming Sports, Media, and User Experiences“, тој ја претстави улогата на иновациите и вештачката интелигенција во трансформацијата на начинот на кој публиката ги следи спортот и забавата, како и во создавањето нови кориснички искуства. Предавањето ја истакна потребата компаниите континуирано да ги преиспитуваат традиционалните деловни модели и да ги користат технолошките можности за развој на нови услуги, посилна поврзаност со корисниците и одржлива конкурентска предност. Моќта на податоците – Од информации до вистинска бизнис-вредност Податоците и нивната стратешка употреба беа во фокусот на панелот „Како ефикасната употреба на податоците создава вистинска бизнис-вредност“. Панелот го модерираше г. Филип Петровски, заменик-претседател на Управниот одбор на МАСИТ, а учествуваа г. Александар Манев, генерален директор на Кроација Осигурување – Друштво за неживотно осигурување АД Скопје, г. Михајло Борозанов, финансиски директор и член на Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје, и д-р Беркан Имери, извршен директор на Халкбанк АД Скопје. Дискусијата ја истакна важноста на квалитетните и структурирани податоци како основа за подобро донесување деловни одлуки, оптимизација

30. 10. 2026г.

Регионалната tech соработка започнува во Скопје: Digital Bridge & Business ICT Forum 2026 – 04.06.2026

Регионалната tech соработка започнува во Скопје: Digital Bridge & Business ICT Forum 2026 – 04.06.2026

За првпат се создава организирана business bridge платформа помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор. На 4 јуни 2026 година во Скопје, Стопанската комора за информатички и телекомуникациски технологии МАСИТ, во соработка со грчката асоцијација на ИКТ компании SETPE, го најавуваат одржувањето на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“. Овој форум претставува прва организирана „business bridge“ платформа помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор, со цел поттикнување на регионалниот раст, отворање нови пазари и воспоставување директни партнерства помеѓу компаниите од двете земји. Програма на настанот Настанот ќе биде отворен со обраќања на високо министерско и амбасадорско ниво, по што ќе следува свечено потпишување на Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE. Програмата предвидува стручни презентации за состојбите во ИКТ секторите во двете земји, пленарен преглед на процесите на дигитализација во клучните индустрии, како и сесии за однапред закажани B2B состаноци. Целосната агенда за настанот е достапна на следниот линк: Превземи PDF Агенда Регистрација и Matchmaking Учеството на „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“ нуди стратешка можност за македонските компании да остварат директен контакт со повеќе од 20 реномирани грчки ИКТ компании кои доаѓаат во Скопје со цел воспоставување конкретна деловна соработка. Форумот е конципиран да поттикне не само соработка во рамки на технолошкиот сектор, туку и меѓусекторско поврзување. Покрај ИКТ секторот, на настанот се очекува присуство на компании од различни индустрии, со што се отвора широк простор за дигитализација на бизнис процесите и директни средби помеѓу домашните ИКТ добавувачи и потенцијални клиенти од други стопански гранки. Преку наменската B2B платформа, сите учесници ќе можат ефикасно да го менаџираат своето време и да реализираат однапред закажани состаноци со точно дефинирани деловни цели, како за регионална експанзија, така и за внатрешна дигитална трансформација. За учество на форумот и максимално искористување на потенцијалот за вмрежување, задолжителна е регистрација преку нашата официјална платформа. Ова е единствениот начин за да станете дел од B2B заедницата и да ги закажете вашите состаноци. Зошто да се регистрирате? Бидете видливи: Вашата регистрација на платформата е вашиот „дигитален штанд“ – грчките компании тука го бараат својот следен партнер. Осигурајте ги вашите термини: Состаноците се со ограничено времетраење и се закажуваат по принципот „прв пријавен, прв услужен“. Целосна агенда на дланка: Со креирање профил, добивате персонализиран преглед на сите активности и сесии Регистрација По регистрацијата, веднаш ќе можете да го поставите вашиот профил и да почнете со пребарување на партнери. Следете ги измените на платформата во реално време и дознајте кои се компании ќе бидат дел од настанот. Цена за учество Форумот е наменет за пошироката ИКТ и деловна заедница и е отворен за учество на сите заинтересирани компании и професионалци. Цената за индивидуално учество (1 лице) изнесува 70€ + ДДВ, додека за делегатско учество (до 2 лица) изнесува 110€ + ДДВ. 💡 Како дел од придобивките од членството во МАСИТ, компаниите членки на МАСИТ остваруваат право на повластена цена, при што цената за индивидуално учество изнесува 30€ + ДДВ, а за делегатско учество (до 2 лица) 50€ + ДДВ. Во цената е вклучен целодневен пристап до сите сесии, користење на B2B платформата и ручек за вмрежување. Станете партнери на „Digital Bridge & Business ICT Forum“ Вашиот бренд може да биде дел од овој значаен регионален настан. Отворени сме за соработка со партнери кои сакаат дополнителна промоција и видливост за време на форумот. За повеќе детали околу партнерските пакети, контактирајте нè. Лице за контакт: Елена Петрушевска – Директорка на ИК на МАСИТ 📧 elena.petrushevska@masit.org.mk 📞 +389 75 257 095 Со фокус на реални придобивки и стратешка регионална експанзија „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“ ја поставува основата за долгорочна економска синергија, докажувајќи дека вистинската регионална tech соработка започнува токму тука. Форумот е поддржан од Стопанска Банка АД Скопје Локација: Хотел Holiday Inn Скопје Ве очекуваме!

13. 05. 2026г.

МАСИТ и RAGUSA Group: „CONNECT & TASTE“

МАСИТ и RAGUSA Group: „CONNECT & TASTE“

Успешно реализиран „CONNECT & TASTE“: Нови стандарди за деловно вмрежување на ИКТ секторот Во прекрасниот амбиент на ресторанот PARK by RAGUSA, Стопанската комора за ИКТ – МАСИТ, заедно со својот патрон партнер RAGUSA GROUP, го реализираа првиот деловен бранч под името „CONNECT & TASTE“. Настанот послужи како платформа за директно поврзување на лидерите од ИКТ индустријата со цел градење нови партнерства и истражување на можности за соработка во опуштена, но професионална атмосфера. Синергија помеѓу технологијата и врвното угостителство Главниот фокус на „CONNECT & TASTE“ беше потврдување на стратешкото партнерство помеѓу МАСИТ и Ragusa Group. Преку овој настан, членките на комората имаа единствена можност одблиску да се запознаат со капацитетите и професионалноста на Ragusa Group – лидер во областа на организација на корпоративни настани и гостопримство. „Овој настан потврди дека најдобрите идеи и стратешки партнерства се создаваат кога професионалноста се среќава со вистинските соработници. Со Ragusa Group како наш патрон партнер, членките на МАСИТ добиваат моќен сојузник кој гарантира беспрекорна организација и поддршка за сите идни корпоративни активности,“ велат од комората. „Ни претставува особена чест што го одбележуваме почетокот на ова стратешко партнерство со МАСИТ. Веруваме дека оваа соработка ќе донесе нови можности и вистинска додадена вредност за компаниите членки. Како патрон партнер, за заедницата на МАСИТ подготвивме специјална програма со ексклузивни бенефити која ќе биде достапна во сите наши локации – PARK by Ragusa, RAGUSA 360, Ragusa 919 и Kinder PARK. Нашата цел е да понудиме врвно искуство и поддршка како за компаниите, така и за сите нивни вработени, поставувајќи нови стандарди во корпоративното дружење.“ – изјави Ирена Голомеиќ, Директор на продажба, RAGUSA Group Сеопфатно партнерство со целото портфолио на Ragusa Group Она што ја прави оваа соработка посебна е нејзиниот широк опсег. Стратешкото партнерство и придобивките од специјално креираната програма важат за сите капацитети во рамките на Ragusa Group, овозможувајќи им на членките избор на соодветен амбиент за секоја пригода: PARK by RAGUSA GROUP – за престижни настани во срцето на Градскиот парк; RAGUSA 360 – за ексклузивни корпоративни прослави со панорамски поглед; RAGUSA 919 – за автентични деловни ручеци и настани; KINDER PARK – идеално место за семејни и тимски дружења со најмладите. Ексклузивни привилегии за компаниите и вработените Заедницата на МАСИТ добива пристап до ексклузивни бенефити и повластени услови кои се внимателно дизајнирани да одговорат на потребите на современиот ИКТ сектор. Оваа програма ги опфаќа сите компании кои се членки на МАСИТ и вработените во компаните. Поглед кон иднината: Креирање додадена вредност Настанот „CONNECT & TASTE“ е само почеток на низата активности кои имаат за цел да ја зајакнат ИКТ заедницата преку квалитетно вмрежување. Комбинацијата на врвна гастрономија и деловна дискусија се покажа како вистински модел за поттикнување на дијалог и иновации во секторот. МАСИТ продолжува посветено да гради мостови и да создава вредност за своите членки, поставувајќи нови, повисоки стандарди за корпоративна култура и професионално дружење во Македонија.

19. 03. 2026г.

Scroll to Top