DATA AS AN ASSET – 16та Годишна конференција на МАСИТ

01. 10. 2019г.

На 31.10.2019 година, четврток, се одржа 16тата конференција со темата – DATA AS AN ASSET. Поттикнати од аспирациите на македонските ИКТ компании да станат поконкурентни на европскиот и светскиот пазар, како и од прогресивни извозни волумени на ИКТ индустријата, МАСИТ панелите и дискусиите ги насочи кон една особено важна и пресудна тема: податоци.

Според заклучоците од дискусиите, податоците мора да лежат во срцето на сите процеси на одлучување и да бидат третирани како инструмент на доверба. Емпириски, компаниите кои носат одлуки базирани на податоци, добиени преку навремени истражувања се докажано поуспешни во своето работење па оттука, податоците се главен критичен фактор за успех. Конференцијата ја отвори г-ѓа Анета Антова Пешева, Претседател на УО на МАСИТ која во воведниот панел во рамки на своето обраќање изјави: “ИКТ индустријата е најбрзорастечка, самостојна, без никакви субвенции и помош, со млад кадар кој рамо до рамо се развива со светските трендови. Затоа предлагам, да ги слушнеме денес експертите од оваа широка област која ќе биде иднината на светот. Со ова уште еднаш ќе потврдиме дека навистина не сме само сервис на стопанството, како што не третираат со години, туку дека ние сме ‘рбетот на стопанството и без нас економските процеси се невозможни. Кога ќе го разберат тоа креаторите на економските политики во државава, ќе тргнеме сите напред.” Во рамки на воведното обраќање исто така се обрати г-дин Дамјан Манчевски / Министерот за информатичко општество и администрација кој во воведното обраќање изјави: “Со пуштање во употреба на Регистарот на население, а многу скоро и Националниот портал за е-услуги, државата обезбедува едно повисоко ниво на пристап до податоците на граѓаните од една страна и посебна заштита на личните податоци од друга.

Регистарот на население овозможува собирање на податоци за физички лица и нивно користење од страна на надлежните институции за потребите на нивните управни постапки. Регистарот им овозможува на институциите кои работат со личните податоци на граѓаните, тука да ги најдат најновите и најпрецизни податоци за граѓаните без потреба од рачно одржување и ажурирање.” Г-дин Стефан Томаџан – Заменик шеф на мисија на Амбасадата на Швајцарија истакна: „Швајцарската агенција за поддршка и развој, преку проектот Зголемување на пазарната вработливост- ИМЕ, ќе соработува со компаниите од областа на Информатичките технологии да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат, пред се постојаната потреба од адекватен кадар и задржување на вработените. За да се надминат овие состојби секторот ќе треба да инвестира во: професионализација на кадарот, развој на секторска стратегија, посебно во идентификување на пазарите, понуда на нови – иновативни продукти, да го спроведе процесот на дигитализација и да го продолжи дијалогот со владините институции за прилагодување на постојните политики кон потребите на пазарот. “ Во дискусиите се говореше и за Big Data & Analytics, Business Intelligence, Business analysis, Business development, Machine Learning, Artificial Intelligence, Robotics, Smart Home, Internet of things. На конференцијата присуствуваa повеќе од 200 претставници од домашните и странските ИКТ компании и компании од други сектори, како и претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската и меѓународна дипломатска заедница, академски претставници од ИКТ научната област медиуми и други.

Конференцијата беше организирана од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, поддржана од страна на ИМЕ – Проектот за зголемување на пазарната вработливост финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементиран од страна на Паладиум. Конференцијата е спонзорирана од Oracle, Asseco SEE & Payten, Datamasters, Neocom, Pixel, Endava, Semos, КБ Прво пензиско друштво, Прокредит Банка, Poly и Бреинстер.

Медиумска покриеност:

https://denar.mk/212435/ekonomija/podatocite-kako-preduslov-za-megjunarodna-konkurentnost-masit

https://www.biznisvesti.mk/podatotsite-kako-preduslov-za-megunarodna-konkurentnost-masit-uspeshno-za-realizirashe-16tata-godishna-konferentsija/

https://faktor.mk/podatocite-kako-preduslov-za-megjunarodna-konkurentnost—masit-uspeshno-za-realizirashe-16tata-godishna-konferencija

http://hybread.mk/podatocite-kako-preduslov-za-megjunarodna-konkurentnost-masit-uspeshno-ja-reazlizirashe-16-tata-godishna-konferencija/

https://mia.mk/2019/10/godishna-konferenci-a-na-masit/

https://www.smartportal.mk/nastani/masit-data-as-an-asset-konferencija/

https://lokalno.mk/za-pobrza-digitalizatsija-neophodana-sorabotka-so-privatniot-sektor/

https://www.slobodenpecat.mk/za-pobrza-digitalizaczija-neophodana-sorabotka-so-privatniot-sektor/

https://www.libertas.mk/za-pobrza-digitalizaczi%d1%98a-neophodana-sorabotka-so-privatniot-sektor/

https://skopjeinfo.mk/za-pobrza-digitalizacija-neophodana-sorabotka-so-privatniot-sektor

https://kanal5.com.mk/articles/395348/za-pobrza-digitalizacija-neophodana-sorabotka-so-privatniot-sektor

https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=312296

https://civilmedia.mk/za-pobrza-digitalizatsija-neophodana-sorabotka-so-privatniot-sektor/

https://opserver.mk/biznis/za-pobrza-digitalizacija-neophodana-sorabotka-so-privatniot-sektor/

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top