Проектот „MladiHUB – Дигитална младина“ е имплементиран од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ,а поддржан од Британската амбасада Скопје.
Целта на проектот е да ги унапреди дигиталните вештини на младите луѓе и да ја зголеми нивната вработливост преку понуда на курсеви и академии за дигитални вештини во замена за извршена волонтерска и општокорисна работа во заедницата. Во зависност од вештините, интересите и потребите на заедниците во кои живеат, младите ќе треба да учествуваат во иницијативите во заедницата, стекнувајќи ваучер кој ќе овозможи пристап до обука за дигитални и меки вештини. До крајот на проектот, младите луѓе во нашата земја ќе имаат платформа и поддршка за да ги добијат и подобрат своите дигитални вештини и да одговорат на дигиталната трансформација на економијата. Ова ќе ги подобри можностите за вработување, ќе промовира иновации и со тоа ќе го поддржи економскиот развој на Република Северна Македонија.