Членки

АКЦЕНТ

Акцент е високо технолошка компанија која секогаш се труди да биде чекор пред времето кое доаѓа. Технологијата продолжува да го менува светот, а Акцент успешно го прави спојот од најновата технологија со човечката креативност, иновативност и професионалност, што резултира со производи кои успешно ги надминуваат бизнис проблемите со кои се соочуваат компаниите во нивното секојдневно работење. Во текот на 30 годишното работење, Акцент на пазарот ги пласира своите револуционерни идеи кои во голема мера го олеснија водењето на бизнисот. Освен фискалните апарати, компјутерски решенија, Акцент нуди и повеќе моќни софтверски решенија. https://www.accent.mk/ 

Членки

ТЕКНОПЕРИА

Technoperia е компанија за развој на софтвер која нуди решенија во различни области. Нивниот тим се состои од софтверски инженери и дизајнери кои заедно соработуваат во креирање и развој на (веб) апликации и прилагоден софтвер. Компанијата внимателно ја координира секоја активност за да обезбеди беспрекорни резултати. Тие веруваат дека љубовта кон работата и стремежот кон извонредност носат секојдневно задоволство. Оваа филозофија ја обликува заедницата на Technoperia: да се биде најдобар во она што го прават и, најважно, да уживаат во патувањето заедно. Тоа е нивниот идентитет. Technoperia се гордее со создавање на средина која носи насмевки и кај нивните клиенти и кај клиентите на нивните клиенти. https://technoperia.com/

Uncategorized-MK, Членки

СETEK се од техника

Сетек Сè од Техника е лидер во областа на ИТ, Аудио видео и белата техника на македонскиот пазар. Сетек Сè од Техника е формиран во 1993 година, и во тоа време главна дејност беше само дистрибуција во ИТ сегментот. Сетек Сè од Техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено Сетек Сè од Техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива. www.setec.mk

Uncategorized-MK, Членки

ПАБЛИК КЛАУД ГРУП (PCG)

Public Cloud Group (PCG) е водечка cloud консултантска компанија и Premier партнер со AWS, Microsoft, Google и SAP. Со тим од повеќе од 400 сертифицирани експерти во 7 земји во Европа, PCG им помага на организациите да ја модернизираат инфраструктурата, да ги дигитализираат процесите и да отклучат нова вредност преку cloud-native технологии и вештачка интелигенција.  Од планирање и миграција, преку автоматизација и скалабилни архитектури, до управувани услуги и оптимизација – PCG е партнер што ја поедноставува целата cloud трансформација, од идеи до конкретни резултати.  www.pcg.io

Членки

АЦТ! ДОО Скопје

АЦТ! е македонско консултантско друштво основано во мај 2008 година. Го сочинуваат поединци со големо искуство стекнато со работење во различни области и со бројни донаторски институции. Активностите на АЦТ! се насочени кон поддршка на развојот на јавниот и приватниот сектор во Македонија и регионот, имплементација на проекти преку давање на консултантски услуги во областа на правото и управувањето со проекти, администрирање, промоција и продажба на Електронската база на прописи, пресуди и преводи ПРАКСИС, организирање едукативни настани и издавање стручна литература. act.com.mk praksis.mk

Scroll to Top