Проекти, Тековни Проекти

Поддршка за дигитална трансформација во МСП

Поради огромното значење кое ИКТ индустријата ја има врз целокупната економија, а и значењето на дигиталната трансформација воопшто за развојот на целокупната економија, МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, со цел дигиталната трансформација и развој на малите и средни претпријатија во рамки на овој проект ќе спроведе активности за креирање на онлајн алатка за само-проценка на потребите за дигитална трансформација, како и обезбедување на експертска анализа за дигитална трансформација во малите и средни претпријатија. Проектот е поддржан од страна на Министерството за економија во рамки на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година а согласно Јавниот повик за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Северна Македонија за 2019 година. Дигиталната трансформација на малите и средни претпријатија е од големо значење не само за самите претпријатија туку и за развојот на економската, социјалната и општата состојба во државата. Дигиталната трансформација целосно го менува начинот на кој функционира бизнисот и претставува неопходен процес особено за малите и средни претпријатија, кој ќе придонесе за развој и понуда на подобри и поиновативни производи на пазарот. Со комплетирање на процесот на дигитална трансформација во компаниите се намалуваат трошоците и компаниите стануваат поефикасни и поефективни, а сето тоа резултира со зголемување на нивната конкурентност не само на националниот пазар туку и пошироко. Можностите кои ги нуди процесот на дигитална трансформација се бескрајни, особено за малите и средни претпријатија кои доаѓаат од вертикалните сектори (туризам, земјоделие, текстил, автомобилска индустрија, управување со отпад, обновливи извори на енергија, итн.) кои имаат најголем потенцијал и бенефит од воведувањето на дигитални процеси и системи во работењето, како и креирање на нови дигитални услуги и производи за клиентите. Во рамки на овој проект, МАСИТ ќе спроведе активности за креирање на онлајн алатка за само-проценка и ќе обезбеди експертска анализа за дигитална трансформација во малите и средни претпријатија, во периодот од декември 2019-та година до Март 2020.   ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ Општа цел на проектот: Да им се помогне на малите и средни компании кои имаат интерес и сакаат да воведат дигитална трансформација во своето работење да ги проверат потребите и потенцијалот од дигиталната трансформација, како и да добијат експертска помош при креирање на стратегијата за дигитална трансформација. Конкретна цел на проектот: Обезбедување на бесплатна онлајн алатка која ќе овозможи компаниите да направат само-проценка на нивото на дигитална трансформација на кое се наоѓаат во моментов, како и потенцијалот нивото на дигитална трансформација кое можат да го постигнат; и обезбедување на 20 ваучери за спроведување на експертска анализа со цел дефинирање на приоритетните области за дигитална трансформација на работењето на компанијата врз основа на кои компаниите ќе можат да креираат стратегија за дигитална трансформација.

Завршени Проекти, Проекти

Зелен ИКТ развој – GIVE

Зелен ИКТ развој (Green ICT development – GIVE) е европско стратешко кластерско партнерство во областа на паметните зелени технологии. Општата цел на партнерството е да се изгради силна соработка и да се поддржи развој на кластерите како алатка за интернационализација на МСП и пристап до пазарот. GIVE ESCP се состои од 8 партнери од 6 европски земји – 5 ИКТ кластери – ИКТ кластер Бугарија, албанско здружение за информатичко-технологии, Клуж ИТ кластер, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, ИКТ кластер Централна Србија, 2 автомобилски кластери – автомобилски Кластер Бугарија и автомобилски кластер Србија и 1 Зелен технолошки кластер од Латвија.
Развојот на партнерството е координиран од ИКТ Кластер Бугарија и финансиски е поддржан од програмата COSME на Европска Комисија. Подготовката на проектот беше поддржана од РЕГ УСАИД Проект.

Проекти, Тековни Проекти

Проект на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива

Партнерство за подобра бизнис регулатива е проект поддржан од УСАИД чија имплементација започна во 2016 година. Проектот е наменет за поддршка на микро, мали и средни бизниси, со цел подобро прилагодување на своето работење во согласност со законските регулативи. Активностите на проектот се насочени кон помагање на бизнисите во процесот на усогласување со законските барања и да се поттикнат истите да земат активно учество во креирањето на политиките кои ги засегаат. ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, во партнерство со четирите стопански комори во Северна Македонија – Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) – ја спроведуваат програмата на проектот кој во следниот период ќе: Им помогне на микро, малите и средни претпријатија да ја подобрат законска усогласеност преку организирање информативни сесии за промените во регулативатa; Го поддржи поставувањето на Платформата за јавно-приватен дијалог помеѓу коморите и државата; Обезбеди кофинансирање на услуги преку чија имплементација компаниите ќе ја зголемат усогласеноста со регулативата преку т.н. Ваучер шема; Создаде единствен информативен и интерактивен интернет простор и ќе резултира со подобар проток на информации; Го промовира Единствениот национален регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР) на настани организирани од страна на Проектот; Организира форуми за овозможување дијалог со домашни и странски експерти во врска со актуелни бизнис теми; Ги развива листите за проверка на усогласеноста со законската регулатива; Развие различни интерактивни брошури и водичи; Ги подобри капацитетите на коморите; Изготвува годишна анализа на бизнис климата која ќе овозможи следење на успешноста на државните политики и евидентирање на пропустите во истите; Го поддржи јавно – приватниот дијалог преку организирање работилници, фокус групи и работни групи со претставници од Проектот и претставници на релевантни државни институции; Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите главни чинители. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со четирите партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. Повеќе информации можат да се најдат на www.biznisregulativa.mk . Превземи PDF

Завршени Проекти, Проекти

МЛАДИ ХАБ – Дигитална младина

Проектот „MladiHUB – Дигитална младина“ е имплементиран од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ,а  поддржан од Британската амбасада Скопје.  Целта на проектот е да ги унапреди дигиталните вештини на младите луѓе и да ја зголеми нивната вработливост преку понуда на курсеви и академии за дигитални вештини во замена за извршена волонтерска и општокорисна работа во заедницата. Во зависност од вештините, интересите и потребите на заедниците во кои живеат, младите ќе треба да учествуваат во иницијативите во заедницата, стекнувајќи ваучер кој ќе овозможи пристап до обука за дигитални и меки вештини. До крајот на проектот, младите луѓе во нашата земја ќе имаат платформа и поддршка за да ги добијат и подобрат своите дигитални вештини и да одговорат на дигиталната трансформација на економијата. Ова ќе ги подобри можностите за вработување, ќе промовира иновации и со тоа  ќе го поддржи економскиот развој на Република Северна Македонија. Превземи PDF

Завршени Проекти, Проекти

Втор циклус на проект за пре-квалификација на ИКТ кадри

На почетокот на месец март 2019 година, МАСИТ започна да работи на втор циклус на проект за преквалификација на кадри. Станува збор за проект преку кој ќе се реализира преквалификација на кадри, во кој ќе бидат опфатени невработени лица, каде што заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се преквалификуваат со цел да стекнат одредени други вештини, знаења и практично искуство (надвор од оние со кои веќе се здобиле) за ИТ профили кои се потребни на ИКТ компаниите, кои во иднина потенцијално и би се вработиле во ИКТ компаниите. Крајната цел на проектот, а по завршувањето и реализацијата на програмата е лицата да се вработат во ИКТ компании на позиции поврзани со ИКТ сферата. Програмата за преквалификација трае околу 3 месеци, започнувајќи во месец март 2019 Низ процесот на преквалификација слушателите се стекнаа со теоретско и практично знаење реализирајќи многу hands-on активности, работеа на конкретен проект или студија на случај кој се надоградува од предмет во предмет, но и ги збогатија и своите компетенции со организациска култура и меки вештини, што ги профилиравме да бидат веднаш спремни за вработување и продуктивно ангажирање во рамки на ИТ компаниите. Врз основа на резултатите од пополнетиот анкетен прашалник од страна на повеќе ИТ компании инаку потенцијални работодавачи, одбрана е програмата Front – End web Developer, со акцент на “react” технологија, како најпотребна и најатрактивна потреба во моментот. УЧЕСНИЦИ ВО ПРОГРАМАТА Учесниците во програмата потребно е да имаат минимум диплома од средно училиште, да не се постари од 35 години, невработени лица, да имаат интерес и предиспозиции да продолжат со кариера во областа на ИКТ. Потенцијални кандидати може да бидат и дипломирани студенти на било кој факултет освен на електротехничките факултетии факултетите од информатичките технологии. За кандидатите, фокусот ќе биде ставен на лица кои имаат склоност кон математика и програмирање и имаат логичен начин на размислување. Со цел целокупно успешно реализирање на проект неопходно беше спроведување на комплетен процес на регрутација и селекција на најсоодветните кандидати кои ќе ги исполнат неопходните услови за квалификување за процесот на обука. Заради специфичните потреби на проектот, процесот регрутација беше специјално дизајниран за таа намена, но сепак истиот ги следеше основните принципи на стандардно усвоената регрутмент процедура на компанијата и општите стандарди за регрутација. ФАЗИ НА ПРОГРАМАТА   Фаза 0: Прибирање на влезни податоци (CV-а) од заинтересираните кандидати и проценка на задоволувањето на основните критериуми за квалификација во обуката; Фаза 1: Тестирање за сите кандидати преку генерален тест на знаење кој опфаќа повеќе компоненти (англиски јазик, логика, основни компјутерски познавања); Фаза 2: Усно интервју на потесно селектираните кандидати; Фаза 3: Тест за профилирање на потесно селектираните кандидати; Фаза 4: Дефинирање на целната група (Финална селекција врз основа на првите два критериуми) ; Фаза 5:Спроведување на обуката (планирано е обуката да се одржува во попладневни термини и за време на викенд); Фаза 6: Проверка на постигнатите знаења преку самостојна изработка на проект или студија на случај и друг вид тестирања за следење на прогресот на кандидатите; Фаза 7: Секој кандидат кој по завршувањето на обуката не успее да најде веднаш работа, после периодот од 01.06.2019 година, ќе му биде овозможена пракса во една од ИКТ компаниите во државата. Донатор: УСАИД РЕГ; Партнери: Бреинстер како реализатор на тренингот.

Проекти, Тековни Проекти

Ideal-ist

Ideal-ist е меѓународна ИКТ Национална мрежа за контактни точки (NCP), што поддржува истражување и иновации во рамките на рамковните програми на ЕУ. Мрежата вклучува повеќе од 65 партнери од земји-членки на ЕУ, земји кандидати, земји партнери од Источна Европа (ЕЕПЦ), земји од Медитерански партнери (МПЦ) и други земји низ целиот свет.

Публикации

Извештај за Аутсорсинг индустријата во Македонија (Октомври, 2019)

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ го објави Првиот Извештај за Аутсорсинг индустрија во државата. Извештајот ги мери и прикажува извозот на услугите надвор од државата, предностите и недостатоците на оваа индустрија и нејзината иднина. Идејата за изработката на овој Извештај, МАСИТ го црпи од фактот дека аутсорсинг индустријата не е препознаена како посебна индустрија во Северна Македонија. Со тоа, нема свои соодветни механизми на поддршка, соодветна законска регулатива, развиен пазар и поголемо ширење на пазарните можности надвор од државата. Целта на МАСИТ е да со реализацијата на овој Извештај, потенцира дека во Северна Македонија ги има сите услови за создавање на позитивна клима за развој на оваа индустрија и забрзување на истата преку позиционирање на државата како потенцијална земја на мапата на аутсорсинг индустрии во регионот и пошироко. Примерот по кој Извештајот е подготвен се двата Извештаи, SEE Report за аутсорсинг состојба во регионот и Извештајот на Бугарската Асоцијација за аутсорсинг индустријата. Следејќи ги нивните позитивни примери, а учејќи од нивните грешки, сметаме дека можеме многу да влијаеме на развојот на аутсорсинг индустријата. Извештајот беше првично презентиран на Годишната конференција на МАСИТ, на 31ви Октомври 2019, а истиот можете да го превземете на следниот линк подолу. Извештај за Аутсорсинг индустријата во Мaкедонија (2019) – EN

Публикации

Истражување за потребите од дигитални вештини (Септември, 2019)

Спроведувањето на Истражувањето за потребите на дигиталните вештини во земјата е една од првите активности на проектот “МЛАДИХАБ – Дигитална младина” финансиран од Британската Амбасада во Скопје а имплементиран од Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ) и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Истражувањето беше спроведено со цел да се дефинираат клучните дигитални вештини кои им се потребни на приватниот и јавниот сектор за кои ќе се развиваат соодветни модули за обука понудени на младите понатаму во рамките на проектот. Истражување за потребите од дигитални вештини (2019)

Публикации

Прирачник за извоз на софтвер и ИТ услуги (Април, 2019)

Странските компании и компаниите во земјава ја препознаа стратешката важност за настапот на странски пазари, а со тоа и извозот на софтвер и ИКТ услуги. Компаниите во Република Северна Македонија гледаат на странските пазари како нов потенцијален сегмент за развој на својот бизнис и зголемување на приходите. Согласно тоа, МАСИТ го изработи прирачникот за извоз на софтвер и ИКТ услуги, во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива. Во прирачникот се објаснети чекорите и стратегиите кои треба да ги знае една компанија за извоз на странските пазари. Целосниот прирачник можете да го преземете на следните линкови: – Прирачник за извоз на софтвер и ИКТ услуги (МК) – Doracak për eksportin e softuerit dhe shërbimeve të TIK (АЛ) Прирачникот за извоз на софтвер и ИКТ услуги е изработен во Април 2019 година, во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, во кој партнери се Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија, Сојузот на Стопански комори на Македонија и ЕПИ центар интернационал.

Публикации

Анализа на ИКТ секторот во Македонија, Албанија и Косово (2018)

PwC Македонија, со поддршка на PwC Албанија и PwC Косово, беа ангажирани од страна на Амбасадата на Кралството Холандија да извршат анализа на ИКТ секторот со цел да им се овозможи на заинтересираните компании сеопфатни, ажурни и релевантни податоци за ИКТ секторот на Северна Македонија, Косово и Албанија. Анализа на ИКТ секторот во Северна Македонија, Албанија и Косово (EN) Превземи PDF

Scroll to Top