MLADIHUB
Новости

Повик за понуди за спроведување на обуки во рамки на проектот МЛАДИ ХАБ – 2 циклус

МАСИТ како партнер во проектот МЛАДИ ХАБ – дигитална младина објавува повик за прибирање на понуди за спроведување на обуки за дигитални вештини за вториот циклус на обуки кои ќе се спроведуваат во периодот Април 2020 – Јуни 2020. Сите детали во однос на условите и начинот на аплицирање можете да ги најдете во документот во прилог. Понудите се доставуваат на е-маил: biljana.prlichkova@masit.org.mk и gordana.kolova@nms.org.mk најдоцна до 16.03.2020. Превземи PDF

Новости

Македонија се подраматично се соочува со интелектуален егзодус лекари – миграцијата една од темите на ”Трилинг”

Македонија се подраматично се соочува со интелектуален егзодус лекари, инжинери, програмери ја напуштат земјата. Не секогаш платата е пресудна за високофалификуваните кадри да купат билет во еден правец. Најчести причини се лошиот амбиент, корупција, неефикасни и партизирану институции. До 2016 година за 62 насто е зголемен бројот на македонски лекари кои работат во земјите од ОЕЦД. Според анализите на Стопанската комора речиси во сите сектори фалат кадри. Миграцијата е една од темите на емисијата Трилинг во која гостуваат Анета Пешев претседател на УО на Масит, Наташа Јаневска од СКМ и д-р Божидар Кочоски од Асоцијација на млади лекари и специјализанти. Погледнете дел од емисијата на следниот линк.

Новости

Интервју со Анита Никова, МАСИТ: ИКТ секторот има голем потенцијал за извоз, потребни се мерки за да биде поконкурентен

Интервју за извоз.мк Анита Никова е извршен директор на МАСИТ, Стопанската комора која ги претставува интересите на компаниите кои работат во областа на информатичките и комуникациски технологии и која со години назад посветено работи ИКТ индустријата да го добие вистинското место во економијата и државата кое го заслужува.ИКТ секторот во 2018 година оствари приходи од над 862 милиони евра, а извозот на оваа индустрија во изминативе пет години порасна од 60 милиони евра, на над 160 милиони евра. Никова вели дека ИКТ секторот има многу голем потенцијал да го зголеми извозот со поголема додадена вредност од земјава. Во интервју за Извоз.МК Никова ги најавува и објаснува мерките кои МАСИТ ќе ги побара од државата за ИКТ секторот да стане уште поконкурентен. Меѓу барањата на МАСИТ се намалување на фискалните давачки за вработените, поддршка за инвестициите во образование и обука на кадри, како и низа различни даночни мерки и стимулации преку кои ќе се подобрат условите за работа на вработените во овој сектор.   Подолго време сте на чело на МАСИТ како извршен директор , која е практично гласот на македонската ИКТ индустрија. Колку како Комора сте задоволни од досега постигнатите резултати во насока ИКТ индустријата да го добие вистинското место и третман?   МАСИТ веќе 20 години ги претставува и застапува интересите на ИКТ индустријата во државата, притоа борејќи се ИКТ индустријата да го добие вистинското место и третман, за што сметам дека сме се уште далеку, иако значаен дел од нашите предлози и забелешки во изминатите години биле прифатени и реализирани.Залагањата на МАСИТ не се поврзани само за стимулирање на ИКТ секторот, туку за подигање на свеста на целокупното општество дека без ИКТ индустријата е невозможен раст на вкупната економија во сите гранки на стопанството и нејзина конкурентност.Потребно е да се промени перцепцијата за ИКТиндустријата, дека таа не претставува само услужна дејност на другите гранки, туку дека таа е ‘рбетот за просперитет и развој. Ние веруваме во потенцијалот на ИКТ индустријата која може да направи подобрување на целокупната економија и на квалитетот на живот на сите граѓани во нашата држава. ИКТ индустријата бележи континуиран раст и развој во последните неколку години. Може ли малку посликовито да ја доближите до јавноста важноста и значењето на ИКТ индустријата за македонската економија?   ИКТ индустријата е редок пример за дел од македонската економија кој има потенцијал да генерира силен економски раст и бенефити кои се чувствуваат не само во економијата, туку и во целото општество воопшто. Тоа е индустрија каде постојат директни инвестиции без експлоатација на природни богатства, нема загадување на човековата околина, а притоа државата од суровинско извозна, може да се претвори во извозник на производи и услуги со висока додадена вредност.Експанзијата на оваа индустрија значи зголемување на девизните приливи, развој на сите други сектори, дигитализација на стопанството и на самата држава, односно на државниот апарат.Денес, технолошкиот развој на една земја е непосредно поврзан со развојот и напредокот на ИКТ секторот затоа што тој е носител на најмодерните концепти на управување, производство, маркетинг и тн.ИКТ секторот има неограничен потенцијал и бележи константен раст на вработувањето, додека вработените се едни од најплатените професионалци, а работат во убедливо најдобри услови и придонесуваат најмногу со даноци и придонеси во државата.Согласно податоците со кои располагаме, ИКТ секторот бележи континуиран раст со остварени вкупни приходи од 862.342.656 евра во 2018 година, кои во споредба со 2017 година бележат зголемување за 10%. Пораст се бележи и во бројот на вработени во секторот кои на крајот на 2018 изнесувале 14.541, односно 7% повеќе во споредба со 2017 година.Извозот исто така бележи големи стапки на раст со остварени извозни приходи од 160 милиони евра за 2018 година, односно раст од 25% во споредба со 2017 година. Набрзо ќе ги имаме и бројките за 2019 година кои очекуваме дека ќе покажат понатамошен забрзан раст на овој сектор. Дополнително пораст се забележува и во просечната нето плата исплатена во секторот која, согласно последните податоци објавени од Заводот за статистика, за октомври 2019 година изнесува 60.899 денари (пораст од 2.1% од истиот период лани) и е за 2,4 пати поголема од просечната плата во државата. За важноста и значењето на овој сектор за македонската економија посочуваме на показателот просечни приходи по вработен кој на ниво на цела економија изнесува 15.317 евра, а во ИКТ секторот просечен приход по вработен изнесува 59.304 евра. Ова значи дека еден вработен во ИКТ секторот придонесува во остварените приходи 3,9 пати повеќе од просекот за целата економија. Извозот на информатички и компјутерски услуги од земјава бележи високи стапки на раст во изминативе години. Како Вие го проценувате извозниот потенцијал на овој сектор и како извозот на ИКТ сектор може да се зголеми?   Аутсорсинг индустријата е една од најбрзо растечките во С.Македонија, со двоцифрен пораст на вработувањата во секоја од последните пет години, и се развива како една од најветувачките индустрии во националната економија. Бројот на вработени кои работат во 187 компании од оваа област изнесува 5.713, што е 0,6% од вкупниот број на вработени во економијата. Тоа е за 1.174 луѓе повеќе од 2017 година, а се очекува бројката да достигне 15.000 вработени во 2022 година. Приходите на аутсорсинг индустријата достигнаа 150,3 милиони евра во 2018 година, односно растат со просечна стапка од 17,9% годишно во периодот 2015 – 2018 година. Оваа индустрија расте значително побрзо од домашната економија и до 2022 година нејзините приходи ќе се приближат до 288 милиони евра. Кои  мерки би можеле да бидат ефикасни за да се зголеми конкурентноста на овој сектор и да се зголеми извозот?   Прво, преку намалување на фискалните давачки за вработените во ИКТ секторот неопходно е да се промовира конкурентноста на македонските ИКТ компании на меѓународниот пазар. Второ, преку поддршка на образованието, како формално, така и неформално образование, потребно е да се продуцираат нови квалитетни кадри и дообразба на постојните вработени кои во иднина ќе бидат носители на индустријата. Трето, преку различни мерки треба да се создадат подобри услови за работа на вработените во ИКТ секторот што ќе биде мотив тие да останат во државата. Сепак, покрај овие три групи на предлог мерки, потребно е државата преку сите нејзини

Новости

Перспективи на аутсорсинг индустријата

Аутсорсинг индустријата бележи голем развој, таа според растот ја надминува националната економија. Расте и бројот на работни места, а освен домашните, има и многу странски компании кои работат во неа.Придонесот за домашната економија е огромен. За да ги отсликаме состојбите, направивме анализа со соговорниците: Анита Никова – извршен директор на МАСИТ, Александар Убавков – регионален менаџер на Musala Soft, и Ненад Чубриновски – оперативен директор на InPlayer. Погледнете го изданието на емисијата Профит на НАША ТВ на следниот линк.

Новости

Управниот одбор на МАСИТ одржа средба со СДСМ

На средбата со Управниот одбор на МАСИТ се разговараше за програма на СДСМ, која нуди модел за брз развој на економијата и ИТ индустријата. Се разговараше за идеи за дигитална економија, зелени работни места и за обезбедување повисоки плати, во интерес на граѓаните. Клучни пораки од средба со СДСМ се: 1. Реформи во даночната регулатива во полза на ИКТ компаниите. 2. Поддршка од државата на мисијата на МАСИТ за задржување на ИКТ кадрите и младите. 3. Поддршка на проекти за дигитална трансформација на бизнисите и целокупното општество.

Новости

ВМРО ДПМНЕ се состана со членовите на управниот одбор на МАСИТ

Во рамки на програмските посети на коморите, ВМРО ДПМНЕ се состана со членовите на управниот одбор на Комората за информатички технологии МАСИТ. Клучни пораки на МАСИТ: 1. Реформи во даночната регулатива во полза на ИКТ компаниите. 2. Поддршка од државата на мисијата на МАСИТ за задржување на ИКТ кадрите и младите. 3. Поддршка на проекти за дигитална трансформација на бизнисите и целокупното општество.

Новости

Дебата за економските состојби на емисијата “ШТО НЕ Е ЈАСНО”

Еден од панелистите во дебатната емисија “ШТО НЕ Е ЈАСНО” на АЛФА ТВ беше Александар Убавков, член на УО на МАСИТ. Со тема: ”Во чија политичка опција бизнисот гледа економска иднина?” со анализи на економските состојби во предизборен период. Погледнете ја целата дебата на следниот линк.

Новости

Оглас за прием на практикант

Потребни квалификации: при крај со студиите/дипломирани од Економски факултет, со предност на дипломирани од отсекот Е-бизнис, со или без работно искуство во дејноста. Вештини и способности: Способност за самостојна и тимска работа Динамични и иницијативни Одлично познавање на англиски јазик Одлично познавање на Microsoft Word, Excel Желба за усовршување во: Менаџирање на социјални медиуми (познавање на алатка за графички дизајн ќе се смета за предност) Способност за одржување на веб страна (веб администрација) Развивање и одржување на односи со компании членки, потенцијални членки и комуникација со соработници Флексибилност за работа на терен Поддршка на Извршната канцеларија на МАСИТ Работно време: Скратено работно време, во попладневни часови Времетраење на работната пракса: 6месеци Надоместок: 6.000 денари месечно Сите заинтересирани потребно е да испратат свое CV до contact@masit.org.mkнајдоцна до 06.02.2020.

Новости

Настан на тема: Поттикнување и задржување на вработените

Ви пренесуваме дел од атносферата од настанот со тема: “Потикнување и задржување на вработените”  кој МАСИТ во соработка со PwC Macedonia го организираше во просторот на МладиХАБ.На настанот беа опфатени и детално објаснети следните точки:•             Планови за долгорочно поттикнување на вработените (ПДПВ) – вообичаени типови и најдобри пракси за воведување на ПДПВ во меѓународни рамки.•             Локални регулаторни аспекти – како да се имплементираат опишаните вообичаени типови на ПДПВ согласно применливите регулативи во Северна Македонија.•             Релевантни даночни аспекти што треба да се имаат предвид при воведување на ПДПВ во Северна Македонија.

Новости

Прирачник за извоз на софтвер и ИТ услуги

Странските компании и компаниите во земјава ја препознаа стратешката важност за настапот на странски пазари, а со тоа и извозот на софтвер и ИКТ услуги. Компаниите во Република Северна Македонија гледаат на странските пазари како нов потенцијален сегмент за развој на својот бизнис и зголемување на приходите. Согласно тоа, МАСИТ го изработи прирачникот за извоз на софтвер и ИКТ услуги, во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива. Во прирачникот се објаснети чекорите и стратегиите кои треба да ги знае една компанија за извоз на странските пазари. Целосниот прирачник можете да го преземете на следните линкови: – Прирачник за извоз на софтвер и ИКТ услуги – Doracak për eksportin e softuerit dhe shërbimeve të TIK Прирачникот за извоз на софтвер и ИКТ услуги е изработен во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, во кој партнери се Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија, Сојузот на Стопански комори на Македонија и ЕПИ центар интернационал.

Scroll to Top