Новости

Повик за номинирање на иновативни ИКТ решенија за „2023 WITSA Global Innovation & Tech Excellence Awards“

Со големо задоволство ве информираме дека до нас стигна повикот за овогодишнешните WITSA награди „2023 WITSA Global Innovation & Tech Excellence Awards“ што ќе бидат доделени во рамки на Светскиот конгрес на иновации и технологии (WCIT 2023) . Ова е одлична можност за компаниите да добијат признание и да бидат препознаени за своите иновативни и влијателни достигнувања, производи, услуги или решенија! Во рамките на своите активности, за изборот на 2023 WITSA Global Innovation & Tech Excellence Awards, МАСИТ повторно Ве повикува да номинирате ваши иновативни решенија кои сметате дека се исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2023 година. Во продолжение се темите за кои може да номинирате ваше решение: Право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во нашата земја. Учеството за членките на МАСИТ е бесплатно, додека за нечленки компании изнесува 50 евра + ДДВ. Напомена: Претходно номинираните решенија е дозволено да се пријават повторно, под услов информациите за самото решение да бидат соодветно ажурирани. МАСИТ има право да номинира до три решенија од иста категорија. Доколку имаме номинации за повеќе од три решенија во иста категорија, МАСИТ ќе организира комисија за избор на најдобри три од понудените, кои ќе бидат номинирани до WITSA. Вашето решение ќе го номинирате со доставување на долунаведените документи на: sofija.zatarakovska@masit.org.mk  најдоцна до 15.06.2023 година. Крајниот рок за номинација на решенијата од страна на МАСИТ до WITSA e 07.07.2023 година. МАСИТ има право да номинира до три номинирани решенија во секоја од категориите кои се објавени погоре. Потребни документи за аплицирање: Пополнета номинациска форма со информации за решението (линк за превземање) Power Point презентација за решението Ги повикуваме и ги охрабруваме сите компании членки на МАСИТ, да се пријават на повикот, преку кој ќе имате можност, покрај за вас како компанија, да им дадете признание и на вашите клиенти што го користат вашето решение. За сите останати детали околу самото презентирање, оценување и рангирање на добиените номинирани решенија, ќе бидете дополнително информирани во периодот што следи. Стоиме на располагање за сите дополнителни прашања и ги очекуваме вашите номинации.

Новости

AIM Global 2023: Ослободување на потенцијалот, обликување на иднината

Annual Investment Meeting (AIM) Global 2023,  водечка светска инвестициска платформа која ја обликува иднината на инвестициите и поттикнува значајни врски со лидерите во индустријата. Уникатна платформа за инвестициски професионалци да се вмрежуваат, споделуваат увиди и соработуваат на револуционерни идеи од целиот свет. Со повеќе од 15000 делегати, 600 истакнати говорници и повеќе од 150 проникливи сесии. Овогодинешниот настан ќе биде попроширен од кога било досега, прикажувајќи низа извонредни карактеристики: Програма за AIM Global 2023 AIM Global 2023 ќе обедини професионалци од различни сектори за споделување знаење, размена на идеи и создавање трајни партнерства. Бидете дел од дебатите кои ќе го редефинираат инвестицискиот пејзаж и ќе отклучат нови можности за раст.Членовите на МАСИТ можат да добијат специјален попуст од 10% од пакетите за регистрација за делегати и мали и средни претпријатија. Повеќе информации за AIM Global 2023 дознајте на следниот линк.

Новости

Заедничка соработка помеѓу МАСИТ и Delight

Со задоволство ве информираме дека Delight стана Патрон партнер на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ Скопје, а со цел поддршка и експанзија на ИКТ индустријата во државата. Delight Office Solution е водечки тим експерти во дизајнот на работни места и деловни простории, управување со проекти, изведување на fit-out проекти, М & Е работи, обнова и опремување канцелариски мебел во регионот Адриа, кој покрива пазар од над 20 милиони луѓе. Од своето основање, Delight го разви своето портфолио на производи и опсег на услуги, станувајќи целосно интегрирана компанија за проектирање и изградба на канцелариски простор во Адриа регионот. Delight во регионот Адриа ексклузивно ја претставува репрезентативната мрежа на Steelcase, глобален лидер во индустријата за мебел, како и Interface, лидер во производството на одржливи модуларни подови и DEKO, европски лидер во флексибилни системи за преградни ѕидови. Досега Delight има обезбедено широк спектар на производи и професионални услуги во креирање или редизајн на работни простории, за повеќе од 4.000 компании Во регионот Адриа, Delight е во првите редови за создавање одлични искуства нудејќи низа креативни решенија, архитектура, мебел и технолошки производи и услуги, дизајнирани да им помогнат на луѓето да го достигнат својот целосен потенцијал. Delight заедно со партнерите, дизајнираат канцелариски простори за да им помогнат на луѓето да работат, учат и растат. Повеќе од 20 години, создаваат инспиративни и агилни работни места за водечките светски организации во сите индустрии.

Новости

Седумнаесетто годишно Собрание на МАСИТ

Галерија На 24.03.2023 се одржа Седумнаесеттото годишно Собрание на Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. Погледнете ги фотографиите од настанот, кој помина во одлична атмосфера, а покрај работниот дел, имавме и забава со ДЈ Славе. Изразуваме голема благодарност до сите компании членки на МАСИТ за соработката, како и на нашите ценети присутни гости на Собранието.

Новости

Работен состанок со министерот Алиу за сајбер безбедност

На иницијатива на МАСИТ, на 16.03.2023 се одржа работен состанок со министерот за информатичко општество и администрација г-дин Азир Алиу, на кој присуствуваа компании членки на МАСИТ, останати компании  и експерти кои работат и имаат експертиза во полето на сајбер безбедност. На средбата се разговараше за можностите за соработка меѓу МИОА и МАСИТ, и формирање заеднички работни групи, поврзани со ИТ технологиите, сајбер безбедноста и зголемената безбедност од сајбер напади. МАСИТ продолжува да ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето. Присутните, ја поздравија оваа иницијатива и изразија подготвеност за отпочнување на плодна соработка преку МАСИТ, ставајќи ја на располагање својата професионалност и стручност  во своите области.

Новости

17-то Годишно Собрание на МАСИТ

Почитувани членови на МАСИТ, Ве покануваме да присуствувате и да земете активно учество на 17–то Годишно Собрание на МАСИТ кое ќе се одржи на 24.03.2023 (петок), од 12:00 часот, во ресторан „Рагуза 360“. По официјалниот дел на Собранието, Ве покануваме и на неформален дел, во рамки на кој, ќе следи и BBQ забава пропратена со музика од ДЈ Славе, со цел дружба на компаниите членки на МАСИТ и останатите гости и нивно вмрежување. Пропратните документи ќе бидат соодветно проследени до Вас 10 дена пред одржувањето на Собранието. *Напомена: Очекуваме потврда за присуство на еден претставник од Вашето Друштво. Ве молиме за задолжителна потврда за Ваше присуство со одговор на следниот мејл: petar.lazovski@masit.org.mk. Доколку на седницата не дојде Управителот/Директорот на компанијата, претставникот на Друштвото треба да донесе полномошно за гласање и учество на Собраниетo. Агендата може да ја погледнете тука. Со цел оптимизирање на времетраењето на седницата и на дискусиите Ве молиме, Вашите евентуални прашања однапред да ги поставите преку електронска пошта на petar.lazovski@masit.org.mk.

Новости

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОДГОВОР НА АКТУЕЛНАТА КРИЗА

13.12.2022 На 13ти декември 2022 се одржа настанот на МАСИТ на кој се зборуваше на темата дигитализација и како таа делува и помага во време на актуелната криза. Беа презентирани иновативни теми, трендови и решенија достапни на пазарот од страна на ИКТ компаниите. На настанот имавме можност да ги слушнеме искуствата на еминентни претставници од домашни и странски ИКТ компании, компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската заедница, професори. Панелистите во рамки на настанот се осврнаа на главните теми кои беа опфатени, за тоа – дали имаме национален капацитет за брза дигитализација, споделија добри пракси на дигитализација на процеси во насока на оптимизација на трошоци како и градење отпорност на бизнисите во време на криза преку дигитализација и автоматизација. Им се заблагодаруваме на нашите патрон партнери, поддржувачи и спонзори, кои дополнително го збогатија настанот со своите презентации од областа на дигитализацијата. Повеќе фотографии од настанот ќе споделиме наскоро на нашите социјални медиуми. Следете не на:FacebookInstagramLinkedIn

Новости

Новогодишна хуманитарна акција

МАСИТ И ПРОКРЕДИТ БАНКА ВО ХУМАНИТАРНА МИСИЈА ЗА ДОНАЦИЈА НА КОМПЈУТЕРИ Традиционално, како и секоја година, во пресрет на Новогодишните празници, МАСИТ организира „Хуманитарна акција за донација на компјутери“ за деца од социјално загрозени семејства. На наше задоволство, оваа година на Хуманитарната акција, ни се приклучува и ПроКредит Банка како патрон партнер на Комората, со која заедно ќе ја организираме и спроведеме оваа акција. ПроКредит Банка, позната на пазарот како социјално одговорна компанија, досега има донирано околу 150 монитори и над 30 компјутери за семејства ширум државата кои имаат потреба од пристап до дигиталниот свет, за непречена едукација и развој. Во оваа хуманитарна акција со МАСИТ, банката ќе учествува со донација на дополнителни 30 компјутери. Ве покануваме вас, како компании членки на Комората, да учествувате во заедничката „Хуманитарна акција за донација на компјутери “која е последна во оваа календарска година, преку која повторно ќе покажеме дека ИКТ заедницата во нашата земја е општествено одговорна и се грижи за најмалите и најважни членови на нашето општество. Ве повикуваме доколку како компанија, имате стари компјутери или лаптопи кои не ги користите, да ги донирате, а истите ќе бидат распределени до деца на кои најмногу им е потребно, и кои не се во можност да имаат свој компјутер. Овој мејл можете слободно да го препратите и до вашите вработени за овој повик да дојде до повеќе луѓе со цел да обезбедиме повеќе компјутери и да помогнеме на повеќе деца. Ве замолуваме донираната опрема да биде испразнета од било какви податоци, и реинтализарана, бидејќи за голем дел од децата кои имаат потреба од оваа опрема, нема да бидат во можност самостојно да го направат тоа. Исто така, правно формално би морале да ги запазиме законските процедури според Законот за донации, односно компанијата или лицето – донатор, ќе треба да потпише договор за донација и да наведе спецификација за донираната опрема. Сите заинтересирани компании се повикуваат да го изразат својот интерес на petar.lazovski@masit.org.mk со конкретна информација за бројот на компјутери и кратка техничка спецификација со која располага секој од компјутерите, со цел да можеме да направиме првична анализа за бројката на компјутери со кои ќе располагаме. Рок за изразување на интерес до 16.12.2022 година. Придружете ни се заедно да ја шириме хуманоста и убавата мисла, да ги менуваме работите и да инспирираме!Да го одбележиме крајот на годината со убавини и да продолжиме така и во следната година.

Новости

ПРЕДНОВОГОДИШНА AFTER WORK ЗАБАВА НА МАСИТ

23ти декември 2022 СТАНИЦА 26 По подолга пауза, со големо задоволство ви ја најавуваме нашата традиционална ПРЕДНОВОГОДИШНА AFTER WORK ЗАБАВА НА МАСИТ Цената на една влезница со вклучени две пијачки изнесува 600 ден + 18% ДДВ *НАПОМЕНА: Во цената е вклученa една од следните пијачки: – виски ( Џејмисон, Кати Сарк ), водка ( Столичнаја, Абсолут ), пива (Златен даб , Туборг), џин ( Брокерс, Бифитер ), мартини , кампари , рум , и друго, наливно вино (Брзанов), газирани сокови (сите од скопска и прилепска пивара ), негазирани сокови (Нектар ). Ги очекуваме вашите нарачки на contact@masit.org.mk најдоцна до среда, 21.12.2022. Влезниците се подигнуваат по платена профактура, од канцеларијата на МАСИТ, почнувајќи од понеделник 12.12.2022. Ве очекуваме на уште една незаборавна забава

Новости

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОДГОВОР НА АКТУЕЛНАТА КРИЗА

13ти декември 2022 МАСИТ со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на РСМ, организира настан на тема: „Дигитализацијата како одговор на актуелната криза“, кој ќе се одржи на 13.12.2022 година, во ресторан Ragusa 360 Rooftop. На настанот ќе се зборува на темата дигитализација и како истата влијае, делува и помага во време на актуелната криза, со презентирање на иновативни теми, трендови и решенија кои се достапни на пазарот од страна на ИКТ компаниите, споделување на искуства и добри пракси на тема дигитализација од страна на еминентни експерти од земјава и регионот. На настанот ќе учествуваат претставници од домашни и странски ИКТ компании, компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската заедница, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар, медиуми и други. Почесен главен спикер на настанот е: г-дин Слободан Ѓиновиќ, основач и директор на ОРИОН Телеком, Србија, ИТ експерт, консултант и визитинг професор на Harvard University, Grinnell College, Colorado College, Fletcher school и др. Во рамки на официјалното обраќање предвидено е обраќање на: г-дин Илија Господинов, претседател на Управен Одбор на МАСИТ H.E. Ms Véronique Hulmann, Амбасадорка на Швајцарија во РСМ АГЕНДАТА за настанот може да ја погледнете на следниот линк. РЕГИСТРАЦИЈА – Регистрацијата на учество се врши преку пополнување на регистрациската форма достапна на следниот линк. КОТИЗАЦИЈА ЗА ЧЛЕНОВИ НА МАСИТ: –  49 евра + ДДВ по лице Достапни се и групни попусти  за учесниците кои доаѓаат од иста компанија/организација: – 80 евра + 18% ДДВ за двајца учесници – 100 евра + 18% ДДВ за тројца учесници – 25 евра + 18% ДДВ за секој дополнителен учесник доколку има повеќе од 3 учесници КОТИЗАЦИЈА за не членки на МАСИТ: 80 евра + ДДВ по лице СТАНЕТЕ ПАРТНЕР НА НАСТАНОТДоколку сакате да се вклучите како поддржувач и партнер на овој настан, имате можност да го сторите тоа во рамки на предвидените спонзорски пакети, достапни на следниот линк.*Стоиме на располагање за прилагодување на спонзорските пакети согласно вашите потреби и барања. Лица за контакт: Елена Петрушевска – програм менаџер, +389 75 257 095elena.petrushevska@masit.org.mk Петар Лазовски – правен советник, +389 75 240 988petar.lazovski@masit.org.mk

Scroll to Top