Отворена работна позиција во МАСИТ – КООРДИНАТОР ЗА ЧЛЕНСТВО/ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР
Отворена работна позиција во МАСИТ – Координатор за членство / Проектен координатор Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, објавува повик за вработување на позиција „ Координатор за членство / Проектен координатор “. Потребни квалификации: Универзитетска диплома; 5 + искуство во работа во слични организации како МАСИТ како што се: Невладини организации, здруженија, асоцијации, стопански комори, јавни институции и агенции; меѓународни проекти итн. Одлични писмени и вербални комуникациски вештини; Одлично познавање на англиски јазик; Одлични компјутерски вештини (MS Office, социјални медиуми, друг/финансиски софтвер); Вештини и способности: Управување со база на податоци за членство и активно работење на стратегија за нови потенцијални членови и поддржувачи на комората. Подготовка на промотивни материјали и брошури за стекнување на нови членови. Обезбедување на корисни информации во доменот на ИКТ индустријата, развој на услуги и организација на настани во корист на членките на МАСИТ. Обезбедува информации и поддршка на работните групи и тела на МАСИТ со цел давање на професионална помош во постигнувањето на нивните цели. Дизајнирање и спроведување анкети за разбирање на потребите на членовите, помагање во иницијативите за односи со членовите и следење на нови трендови во индустријата кои можат да влијаат на унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето. Идентификување и креирање дополнителна веб-содржина и newsletter кои ќе се сметаат за вредни и корисни за членството на МАСИТ со цел овозможување на пристап до информации, едукација, правни совети, соработка, вмрежување и промоција на домашно, регионално и меѓународно ниво Координирање на активностите и иницијативите во доменот на работната позиција. Помош при пишување на меѓународни проекти, буџетирање на проекти, имплементација и извршување на проект. Поддршка на програмскиот менаџер во извршувањето на проектите. Други услуги и поддршка на членките на МАСИТ секогаш кога е потребно. Работно време: 8 часовно работно време од 09:00 до 17:00 часот пон-пет (40 часа неделно) Сите заинтересирани кандидати е потребно да испратат свое CV до contact@masit.org.mk најдоцна до 22.08.2022 (понеделник) до 13:00 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.









