Новости

СТУДИСКА ПОСЕТА НА БИЗНИС ОРГАНИЗАЦИИ ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ШВАЈЦАРИЈА ПОДДРЖАНА ОД ПРОЕКТОТ ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Е4Е@мк

БЕЗ ПРИДОНЕС НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР НЕМА УСПЕШЕН МОДЕЛ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА Во рамки на три дневна студиска посета на Берн, Тун и Цирих во Швајцарија, претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Комората за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Советот на странски инвеститори при СКСМ и Асоцијацијата на метална и електро индустрија – МАМЕИ, реализираа работни посети на повеќе институции и бизнис организации и компании. Целта на посетата беше да се согледа улогата на приватниот сектор во Швајцарија во стручното образование и обука и придонесот во креирање стручен и компетентен кадар за потребите на бизнисот што се одразува на вкупната економија во државата. Во таа насока во рамки на студиската посета реализирана во рамки на швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк“, првично беше реализирана средба во Швајцарскиот федерален универзитет за стручно образование и обука – SFUVET, експертска организација за стручно образование и обука, која ја подржа организацијата на студиската посета на македонската бизнис делегација. Беше реализирана посета на компании од металниот и електро секторот, ИКТ индустријата, градежниот сектор и туризмот и угостителството, и асоцијации кои придонесуваат за поттикнување на образовни кадри во овие дејности, кои како и секаде во светот се едни од најдефицитарните. Истовремено се и носители во дефинирање на компетенциите потребни за професиите во рамки на секторите. Во периодот кој следи делегацијата ќе ги разгледува можностите за имплементација на дел од презентираните механизми во Швајцарија во нашата државата во средното стручно образование и обука.

Новости

Повик за финансиска поддршка за набавка на ИКТ решенија

Проектот „Патека за дигитализација“ – финансиран од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата и спроведен од МАСИТ (Северна Македонија) во партнерство со СТИКК (Косово) и ИКТ Нет (Србија) го објавува отворениот повик за аплицирање од компании кои работат во секторот земјоделство и преработка, лесно производство (облека и текстил, преработка на дрво) и туризам (еко-туризам, рурален туризам и авантуристички туризам), за финансиска поддршка при стекнување на различни видови на ИКТ решенија како што се: Менаџмент на човечки ресурси, Управување со односи со клиенти, Планирање на ресурси на претпријатија, Систем за управување со документи, Управување со синџирот на снабдување (планирање на залихи, нарачување и предвидување), решение за е-трговија, веб-страница и други решенија. Целта е да се поддржат компаниите од таргетираните сектори во нивната дигитална трансформација. Што може да се очекува? Финансиски придонес до 50% или до 3.000 УСД по компанија од проектот, Учество од најмалку 30% УСД од апликантот Поддршка при барањето на понуди од ИКТ компании и придонес од 20% од давателот на ИТ решение во форма на: пресметани попусти, дополнителни функционалности / услуги или обука во врска со употребата на ИТ решение итн. Повикот ќе биде отворен најдоцна до 30ти август 2021 година, а процесот на избор на апликанти ќе се врши на крајот на секој месец, вклучително и на крајот на месец март. Компаниите што ги исполнуваат критериумите за аплицирање, ќе бидат избрани според принципот „прв дојден – прв услужен“ во рокот за пријавување. Повикот можете да го симнете подолу. Превземи PDF

Новости

Newsletter на Проектот Патека за дигитализација

Со задоволство го споделуваме 4-тиот Newsletter на нашиот Проект: Патека за дигитализација, кој дава преглед на некои главни моменти и активности во текот на четвртиот квартал на проектот. Во ова издание на нашиот квартален Newsletter, ќе најдете: Информација од нашиот ONLINE НАСТАН што се одржа на 18.05.2021 година со наслов „Зголемување на продажбата преку Интернет решенија за е-трговија“ Успешни приказни од нашите корисници Северна Македонија – Astibo Fashion Group Србија – Radanska Ruza Косово – Elnor Furniture Тековно отворени повици за корисници   За проектот „Патека за дигитализација“: Патеката за дигитализација на проектот е 15-месечен проект финансиран од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата и спроведен од МАСИТ (Северна Македонија) во партнерство со СТИКК (Косово) и ИКТ Нет (Србија). Главната цел на овој проект е да ги поддржи МСП од секторите: свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам од Северна Македонија, Косово и Србија во нивните активности за дигитална трансформација. Превземи PDF

Новости

Петнаесетто годишно Собрание на МАСИТ

На 06.07.2021 се одржа петнаесеттото годишно Собрание на МАСИТ- Стопанска Комора за ИКТ. Претседателот на Собрание г-дин Горан Попоски, ги поздрави присутните со афирмирање на сите достигнувања на комората ви текот на изминатата година, а претседателката на Управниот Одбор г-ѓа Анета Антова Пешева, детално ги информираше сите присутни компании за активностите во кои комората беше активно вклучена изминатиот период. Особено сме горди што во измината година имавме најголем број на нови членови на МАСИТ. Уште еднаш, заедно потврдивме дека заедничкото, здружено работење го поддржува развојот на најбрзорастечкиот сектор. Им благодариме на сите компании, членови на МАСИТ за активното учество и придонес во работата на комората и продолжуваме заеднички да работиме во насока на поддршка на растот и развојот на ИКТ секторот.

Новости

Петнаесетто Годишно Собрание на МАСИТ

Ве информираме дека на 06.07.2021 (вторник), со почеток во 13:00 часот во ресторан Рагуза 360 ќе биде одржано петнаесеттото Годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје Собранието на Комората е највисок орган и него го сочинуваат сите членови. Членовите на Комората МАСИТ за заедничките работи одлучуваат на Собрание на Комората МАСИТ кое седница одржува еднаш годишно. Годишното Собрание ќе се одржи со доследно почитување и запазување на мерките за превенција од Ковид 19. Следете нѐ за повеќе информации.

Новости

Прокредит банка и МАСИТ во партнерство за заедничка поддршка на ИКТ секторот

Со задоволство ве информираме дека ПроКредит Банка стана Патрон партнер на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ Скопје. Патрон партнерството произлезе како резултат на изминатата повеќегодишната соработка во која ПроКредит и МАСИТ успешно соработуваа на различни теми поврзани со ИКТ индустријата а со намера продолжување и продлабочување на заедничката соработка во претстојниот период. Преку ова партнерство, во претстојната година ПроКредит Банка ќе го поддржува МАСИТ во неговите активности за претставување на Македонската ИКТ индустрија и промовирање и застапување на бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето. ПроКредит Банка е докажан партнер на бизнисот во изминатите две децении. Првата и единствена дигитална Банка во земјата која со својот концепт на работа има индивидуален пристап и висококвалитетна услуга за малите и средни претпријатија, но и за физичките лица кои сакаат да користат едноставно и модерно банкарство 24/7. Во соработката со МАСИТ, ПроКредит банка ја потврдува својата заложба и посветеност кон ИКТ секторот. За компаниите и вработените ИКТ секторот ПроКредит ги нуди следните поволности и услуги: Поврзување на електронското банкарство со сметководствениот софтвер на компанијата Камата на позитивно салдо на сметка за компанијата Специјални курсеви за конверзија на валути Фиксни, предвидливи провизии за платен промет во земјата и странство Пакет на електронски услуги за вработени и специјални услови за кредитирање Личен советник од Банката за компанијата и вработените Во годината која претстои Прокредит преку соработката со МАСИТ и ИКТ компаниите ќе работи на нови продукти соодветни исклучиво за компаниите од ИКТ секторот а за сите кои сакаат подетално да се информираат за услугите на банката на располагање е контакт лице за клиенти од ИКТ секторот: Милан Дамчевски, ПроКредит Банка – 070/353-894, Milan.Damcevski@procredit-group.com .

Новости

Online event: Increasing your sales through online and e-commerce solutions

Join us in our ONLINE EVENT with the topic: “Increasing your sales through online and ecommerce solutions” which will be held on 18th of May at 11:00 am, organized by the project “Digitalization path” (project funded by USAID ’s Economic Development, Governance and Enterprise Growth Project, implemented by MASIT – ICT chamber of commerce in partnership with STIKK Kosovo and ICT Net). The event will cover several important topics that are connected to online sales and e-commerce solutions: Buyers, Video materials, Discounts SEO and CRO Key elements for web shop The event is targeted to participants from companies from the following sectors: Agriculture and processing Apparel and textiles Wood processing Tourism (eco, rural and active) If you want to join on our online event, please register on the link.

Новости

Пракса во МАСИТ

Потребни Квалификации: ВСС, Економски факултет, со предност на дипломирани од отсекот Е-бизнис (со и без работно искуство во дејноста) Вештини и способности: Способност за самостојна и тимска работа Динамични, иницијативни и насочени кон резултати Способност за континуирано стручно усовршување и професионален развој Одлично познавање на англиски јазик Одлично познавање на Microsoft Word, Excel Менаџирање на социјални медиуми (познавање на алатка за графички дизајн ќе се смета за предност) Способност за одржување на веб страна (веб администрација) Точност, прецизност, дисциплинираност и одлични комуникациски вештини и подготовка на емаил и дописи Развивање и одржување на односи со компании членки, потенцијални членки и комуникација со соработници Флексибилност за работа на терен Основни одговорности кои следуваат со позицијата, со обезбедено менторство за спроведување на сите задачи:  Дистрибуција на информации до компаниите членки на МАСИТ, соработниците медиумите, институциите и другите засегнати страни Подготовка на неделен информатор за сите информации кои е потребно да бидат пренесени до членството на МАСИТ Подготовка на 3 месечен е-информатор на MailChimp Подготовка на кампања и креатива за одржување на социјални медиуми Одржување на веб страна на МАСИТ Одржување на базата на податоци на членовите на МАСИТ Техничка поддршка во организирање на настани, работилници, тренинзи и состаноци во организација на МАСИТ Достава на дописи до пошта и институции Врши други сродни работи за поддршка на работата на Извршната канцеларија Времетраење на работната пракса: од 3 до 6 месеци со 8 часовно работно време Надоместок: Согласно Закон за практикантство Сите заинтересирани потребно е да испратат свое CV до contact@masit.org.mk најдоцна до 21.05.2021. Превземи PDF

Новости

Digitalization path project Newsletter no.3

We invite you to take a closer look at the third newsletter of our Project: Digitalization path, which provides an overview of some highlights and activities within the second quarter of the project. About the “Digitalization path” project: The Project Digitalization path is a 15-month project funded by the USAID Economic Development, Governance and Enterprise Growth Project and implemented by MASIT (North Macedonia) in partnership with STIKK (Kosovo) and ICT Net (Serbia). The main goal of this project is to support SMEs from the targeted value chains (fresh and processed fruit and vegetables, apparel and textiles, wood processing and tourism) from North Macedonia, Kosovo and Serbia in their activities to Better understand and get familiar with the benefits of the digital transformation Analyze their current level of digital 4 transformation and create Digital Transformation Strategies identifying and prioritizing needed IT solutions; and Financially support them in the process of purchasing and implementing IT solutions in order to improve their business activities. The Newsletter is available at the link below. Newsletter PDF

Новости

Средба на ВМРО ДПМНЕ со МАСИТ

Денес, 14.04.2021, беше одржана средба помеѓу дел од членовите на Управниот одбор на МАСИТ предводени од Претседателката Анета Антова Пешева и дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ предводено од Претседателот Христијан Мицковски. На средбата се дискутираше за состојбите во ИКТ индустријата и перспективите на овој сектор, при што од страна на Претседателката на МАСИТ беа истакнати неколку клучни пораки:    ИКТ индустријата е редок пример за дел од македонската економија кој има потенцијал да генерира силен економски раст и бенефити кои се чувствуваат не само во економијата туку и во целото општество воопшто. ИКТ индустријата бележи пораст по сите параметри (остварени приходи, број на вработени, извоз) дури и во услови на пандемија и сериозна економска криза е значаен придонесувач во државниот буџет од аспект на платени даноци и придонеси. Ние како МАСИТ остануваме посветени на нашите заложби за подобрување на бизнис климата во ИКТ индустријата преку воведување на посебни даночни стимулации и силно веруваме дека ИКТ секторот е и ќе продолжи да биде уште позначаен двигател на економскиот раст на државата МАСИТ стои на располагање на сите чинители со цел подигнување на нивото на дигитализацијата во сите сфери на општеството. Таа за среќа или за жал е новата реалност која во суштина ќе биде радикална реформа после која сигурно ништо нема да биде како што некогаш било. Компаниите од ИКТ индустријата и сега се спремни и го нудат целокупниот свој капацитет и поддршка за да ја постигнеме целта.

Scroll to Top