FinqUP е првиот комплетен дигитален front-office специјално развиен за осигурителни компании, инвестициски и пензиски фондови, поддржан со вештачка интелегенција. Финансиските институции добиваат можност да ги понудат сите услуги во една мобилна апликација за своите клиенти со брзо и пријатно корисничко искуство, автоматизирано преку вештачка интелегенција. Во FinqUP веруваме дека иднината на финансиските услуги е автоматизирана, персонализирана и достапна за сите и сме посветени кон постојано унапредување на начинот на кој финансиските институции се поврзуваат со клиентите.