Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје е единствен лиценциран оператор на платен систем за мали меѓубанкарски плаќања во државата. Покрај услугите на платен систем вршиме испорака и на платежни услуги, услуги од дигитална доверба, како и други ИКТ услуги. .
КИБС започна да дава услуги од дигитална доверба во 2003 година, а денеска тие услуги ги извршуваме преку брендот KIBSTrust. Нашите решенија од областа на дигиталната доверба ги користат физички и правни лица, јавната администрација, а имплементирани се и во финансискиот сектор и услугите понудени од е-Влада и вклучуваат квалификувани сертификати за електронски потпис, електронски печат, временски жиг и електронска идентификација во согласност со домашната и европска регулатива – дигитален идентитет. КИБС е сертифициран согласно стандардите ISO 9001, 20000-1, 22301, 27001, 27701 со што се потврдува квалитетот на нашите услуги и грижата за личните податоци на нашите корисници. Интензивно работиме на проширување на асортиманот на услуги од областа на дигитална доверба со што сметаме дека придонесуваме за зголемување на нивото на дигитализација на процесите во општеството и ја помагаме дигиталната трансформација на компаниите и јавната администрација.