РСМ ИТ Македонија ДООЕЛ Скопје е поврзана со ревизорската компанија РСМ Македонија ДООЕЛ Скопје, која е член на РСМ мрежата за ревизорски, даночни и консултантски услуги. После 10 години од нејзино основање, РСМ ИТ прерасна во една од најголемите понудувачи за пресметка на плата во С. Македонија и локален партнер на ADP Streamline и ADP Celergo. Со 40 вработени во двете претставништва во Северна Македонија и повеќе од 48.000 вработени во 820 канцеларии низ повеќе од 120 земји, РСМ овозможува одлична мешавина на локално знаење и глобална експертиза во сите области на работење и индустрии во кои нашите клиенти се активни.