Кофинансирање за сертификација за ИКТ компании преку Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ

28. 05. 2020г.

Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ преку инструментот „Плаќање по учинок“ или P4P (Pay-for-Performance) им нуди субвенционирана поддршка на малите и средни компании од ИКТ секторот кои сакаат да воведат одреден стандард или сертификат со цел да ги прошират своите пазари и клиенти или да станат поконкуренти и да го подобрат своето работење. И покрај моменталните ограничувања поради Covid-19, процесот на сертификација за ИКТ компаниите се одвива регуларно бидејќи секторот дозволува процес на сертификација „на далечина“.

Алатката е достапна за следните мали и средни ИКТ компании:

  • Компании кои нудат софтверски услуги
  • Компании кои работат на развој на нови, оригинални софтверски производи и решенија
  • Профитни организации кои нудат обука за ИКТ кадри

Компаниите кои сакаат да ја активираат поддршката преку инструментот P4P, треба да користат услуги од консултанти и сертификациони тела со кои ИМЕ соработува. За повеќе информации за инструментот, секторите и подсекторите кои ИМЕ ги поддржува, како и каталог на консултанти, консултантски куќи и сертификациони тела со кои ИМЕ соработува: https://ime.org.mk/pay-for-performance/ 

Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ е финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а се спроведува oд Паладиум. Програмата има за цел зајакнување на деловниот сектор во Република Северна Македонија и создавање поволна околина во три сектори кои се идентификувани како сектори со потенцијал за развој: одржлив агробизнис, активен туризам и информатичка и комуникациска технологија (ИКТ). За повеќе информации: www.ime.org.mk

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top