Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ преку инструментот „Плаќање по учинок“ или P4P (Pay-for-Performance) им нуди субвенционирана поддршка на малите и средни компании од ИКТ секторот кои сакаат да воведат одреден стандард или сертификат со цел да ги прошират своите пазари и клиенти или да станат поконкуренти и да го подобрат своето работење. И покрај моменталните ограничувања поради Covid-19, процесот на сертификација за ИКТ компаниите се одвива регуларно бидејќи секторот дозволува процес на сертификација „на далечина“.
Алатката е достапна за следните мали и средни ИКТ компании:
Компаниите кои сакаат да ја активираат поддршката преку инструментот P4P, треба да користат услуги од консултанти и сертификациони тела со кои ИМЕ соработува. За повеќе информации за инструментот, секторите и подсекторите кои ИМЕ ги поддржува, како и каталог на консултанти, консултантски куќи и сертификациони тела со кои ИМЕ соработува: https://ime.org.mk/pay-for-performance/
Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ е финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а се спроведува oд Паладиум. Програмата има за цел зајакнување на деловниот сектор во Република Северна Македонија и создавање поволна околина во три сектори кои се идентификувани како сектори со потенцијал за развој: одржлив агробизнис, активен туризам и информатичка и комуникациска технологија (ИКТ). За повеќе информации: www.ime.org.mk