16.09.2020

Повик за ангажирање на консултант/ти во рамки на проектот Digitalization path

МАСИТ неодамна започна со реализација на проектот “Digitalization path” финансиран од УСАИД Проектот за Економски развој, управување и активности за раст на претпријатија, со цел да ја поддржи дигиталната трансформација на компаниите од секторите земјоделство, текстил, преработка на дрво и туризам во Северна Македонија, Косово и Србија. Проектот се имплементира од страна на МАСИТ, во партнерство со STIKK од Косово и ICT NET од Србија. Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот линк.

Во рамки на проектот објавуваме ПОВИК за ангажирање на консултант/ти за креирање на стратегии за дигитална трансформација, кој можете да го преземете на следниот ЛИНК.              

Опис на ангажманот:

Ангажираниот консултант (ти) ќе биде задолжен да направи лични стратегии за дигитална трансформација за компании од следните сектори:

  • Земјоделство и преработка на овошје и зеленчук,
  • лесно производство (обувки и текстил, преработка на дрво) и
  • туризам (еко туризам, рурален туризам и авантуристички туризам)

Целта на секоја стратегија е ефикасно да се идентификуваат и приоритизираат ИТ решенијата, кои потенцијално би имале најголем допринос во подобрувањето на секојдневното работење на компаниите од секторите кои се таргетирани во рамки на проектов.

Предвидени се два циклуси за креирање на стратегии за дигитална трансформација. Првиот циклус е предвиден да се имплементира во периодот октомври – ноември, а вториот во периодот април – мај 2021. Консултантот/тите е предвидено да направи:

  • стратегии за дигитална трансформација (предвидено е да се направат вкупно 20 стратегии за македонски компании односно 10 стратегии по консултант, а 5 стратегии во еден циклус)
  • наративен извештај за состојбата и препораките за компаниите кои ќе бидат вклучени по завршување на циклусот
  • методологија за креирање на стратегии за дигитална трансформација (за која ќе биде избран само еден од консултантите)

Сите останати детали во врска со повикот, можете да ги погледнете на следниот линк.

Повикот се однесува за ангажирање на консултант/ти како физички лица, кои е потребно да достават понуда, најдоцна до 18.9.2020, со приложување на сите потребни документи според ToR во прилог.

Ќе бидат избрани максимум двајца консултанти по држава.

Download file

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит