17.06.2020

Повик за номинирање на решенија за WITSA виртуелни ICT Excelence Awards 2020

Ве информираме дека од WITSA добивме нова информација за повторно одржување на WITSA Global ICT Excellence Awards 2020. Заради моменталната ситуација со Корона вирусот, WITSA ќе ги одржи своите први Virtual Global ICT Excellence Awards на 15 септември 2020 година, во склоп на настанот кој ќе се емитува во живо – Road to WCIT Malaysia” (од 14ти до 16ти септември) – организиран од Националното здружение на ИКТ на Малезија (PIKOM). Покрај постоечките категории, три нови категории на награди поврзани со COVID-19 се додадени на листата за Global ICT Excellence Awards 2020.

Во рамките на своите активности, за изборот на WITSAVirtual Global ICT Excellence Awards 2020, МАСИТ повторно организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологијаза 2020 година. МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) http://witsa.org/witsa-wp-site/ , првонаградените решенија во долунаведените категории ќе ги номинира на 2020 WITSA Virtual Global ICT Excellence Awards..

Ве повикуваме за номинации за „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“  кои ќе ги опфатат следните категории:

  • COVID-19 Tech Solutions for Cities & Localities

Во оваа категорија можат да бидат номинирани градовите и локалитетите кои успешно ги користат решенијата потпомогнати од технологијата во борбата против COVID-19. Номинираните мора да покажат дека усвоените технологии или решенија создале јасно позитивно влијание врз ублажување на влијанието на COVID-19 на нивните географски локации.

  • COVID-19 Tech Solutions for Countries or Regions

Во оваа категорија можат да бидат номинирани земји или региони кои демонстрираат визија и лидерство во однос на користење на дигитални алатки за успешно реагирање на кризата COVID-19, вклучително и ангажирање со ранливи групи, како и спроведување на иновативни дигитални технологии за решавање на не само краткорочните проблеми, туку и за развој на еластичност на општеството против идните здравствени кризи во соработка со индустријата и другите засегнати страни.

  • COVID-19 Best Industry Solutions

Во оваа категорија можат да бидат номинирани сите компании или поединци кои успешно ја користат информатичката и комуникациската технологија, вештачката интелигенција, податоците или слично во борбата против СОВИД-19. Примери на решенија вклучуваат апликации за теле-здравствена состојба, почитување на приватноста спроведување на социјално дистанцирање, технологии за контакт и следење, како и решенија за вакцинирање и тестирање. Номинираните мора да покажат дека технологијата или решението дале вистинско влијание врз ублажувањето на влијанието на СОВИД-19.

  • Public/Private Partnership Award

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои заначително помогнале во наоѓање нови решенија и зајакнување на финансиите со успешна соработка помеѓу владиниот и приватните сектори во ИКТ.   

  • Digital Opportunity/Inclusion Award

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои значително ги зголемиле дигиталните можности за граѓаните на Република Македонија, во смисла на можности за користење на ИТ и пристап на интернет.

  • Sustainable Growth Award

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои промовираат одржлив економски раст, кој се дефинира како способност да се подобри финансиската и социјалната состојба во државата. Постојат три клучни предизвици: климатски промени, деградација / пад на ресурси и загадување. Во сржта на трите е енергетската ефикасност и улогата на ИКТ за да постигне истата. 

  • Innovative eHealth Solutions Award

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои прават извонредени напори за користење на ИКТ како алатка за промоција на здравјето и здравствената заштита, како telehealth, mHealth (мобилно здравје), е-здравство или преку е-учење, електронски здравствени досиеја, законските регулативи или социјални медиуми. Решенија може да варираат од обезбедување на информации за здравјето на граѓаните, поддршка за јавното здравство во заедницата, системи за поддршка во здравствените установи.

  • Digital Innovation Award

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои воведоа забележителни иновации во технологијата кои го унапредуваат бизнисот и ИТ. Дигитални иновации кои покажуваат напредок во продуктивноста и потенцијалот на деловните апликации, како и технологијата што значително придонесува за подобрена ефикасност, продуктивност и перформанси на една организација, или пошироко, помага во исполнување на ветувањето за дигиталното доба за сите.

  • E-Education & Learning Award

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија и најдобри проекти кои преку електронско учење користат иновативна нова технолошка алатка ,или постојни електронски алатки за учење на иновативен начин. Решенија кои ќе го олеснат и поддржат учењето преку употреба на информатичка и комуникациска технологија.

Право на учество имаат ситеИКТ компании кои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија, додека учеството на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за членките на МАСИТ е бесплатно, додека за нечленки изнесува 50 евра + ДДВ.

Вашето решение ќе го номинирате со доставување на потребните документи на: praktikant@masit.org.mk најдоцна до 15.07.2020 година:

Во очекување на вашите пријави, Ви посакуваме успех при изборот.

Download file

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит