27.01.2021

WITSA повикува на партнерство со владите за поврзување на светот

Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) објави извештај со наслов „Улогата на владата во поврзувањето на светот – од перцепција на индустријата”. Извештајот наложува дека во дигитално предводена светска економија, целосното приклучување кон дигиталнато доба е неопходно за иднината на земјите. Обврска е на владите , во партнерство со индустријата и другите засегнати страни, да ја структурираат е-трговијата и дигиталната економија со усвојување закони кои го фаворизираат усвојувањето на ИКТ и економскиот раст.

Во многу земји во развој, ова е огромен предизвик што ќе вклучува реформа на постојните политики, закони и регулативи во многу области. „Пандемијата ја истакна очигледна потреба за надминување на дигиталниот јаз, во и помеѓу земјите, имајќи ја предвид клучната улога што ја одигра дигиталната економија за време на кризата “, рече Претседателот на WITSA, Yannis Sirros . „Кризата со КОВИД-19 претставува уникатна можност за подобрување на животот и егзистенцијата на граѓаните. Владите, приватниот сектор, меѓународните организаци и граѓаните мора да го прифатат предизвикот за зголемување на дигитализацијата и да се осмелат да направат разлика “, продолжи г-н Sirros . „Моментот е сега!“

„За жал, дигиталната економија е сè уште релативно незабележана во многу нови земји низ целиот свет, а политиките и регулативите не успеваат да одат во чекор со забрзаните дигитални трансформации што се случуваат “, рече генералниот секретар на WITSA, д-р Jim Poisant. „Императив е владините лидери, во соработка и партнерство со приватниот сектор, да ја прифатат и наметнат употребата на дигиталните технологии “, продолжи д-р Jim Poisan . „ИКТ мора да биде во сржта на сите одлуки донесени од владините лидери.”

Целосниот извештај можете да го погледнете на линкот подолу.

Download file

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит