ПРОЕКТ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ПОТРЕБАТА ОД ЗАШТИТА НА ПРАВАТА ОД ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ И ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАЛНА ПРАВНА ПОМОШ ВО КОМОРАТА
Имплементатор на проектот: Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ
Финансиран од: Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.
Поддржани сектори: Mикро, мали и средни компании и стартапи во ИКТ секторот
ЗНАЧЕЊЕТО И ПОТРЕБАТА ОД ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ
Иновациите и примените на напредни и иновативни технологии, знаења и вештини и технолошки процеси секогаш се клучот за успех во секоја компанија и претставуваат извор на силен и одржлив раст. Следењето на трендовите на технолошки развој во ИКТ индустријата нераздвојно значат можност и потреба за развивање на нови технолошки, научни и општи ИКТ доктринарни знаења, решенија и генерирање продукти. Оттука, многу често свесно и со намера, а понекогаш и нужно како дел од процесот на интелектуален ангажман се изнедруваат посебни интелектуални творби кои имаат свој идентитет.
Заштита на правата на индустриска сопственост е инструмент кој има голема улога во секоја индустрија, а заради претходно кажаното во ИКТ индустријата особено. Следствено, овие творби и/или продукти се квалификувани за заштита, локално и/или меѓународно. Парадоксално, но наспроти иновативиот, умствениот и работниот капацитет од другата страна постои делумно непознавање и несигурнст во потребата и опциите за заштита на моралните и материјалните интелектуални права. Ова се однесува и во делот на превенирање на недопуштено однесување на трети лица кон нечија интелектуална сопственост и во однос на генерирањето на активни и пасивни приходи од интелектуалната сопственост. Македонските компании не се доволно свесни за практичната примена за заштита на правата на индустриска сопственост, но се свесни дека е од клучно значење за подигање на конкурентноста за раст и развој на своите компании. Преку имплементација на ваков проект, која компаниите ќе ја добиваат во согласност со својата стратегија за развој би ја подобриле својата позиција на национално и на интернационално ниво.
Цел на проектот:
Целта на овој проект е преку низа активности, МАСИТ да им овозможи на своите компании членки соодветна едукација во поглед на придобивките од Intellectual Property Rights (IPR), согледување на најновите современи дилеми наспроти традиционалните поими, овозможување на практична помош и имплементација од страна на комората МАСИТ за заштита на интелектуални права за компании-членки на МАСИТ, преку иницијална прaвна помош и понатамошно насочување.
Преку овој проект, сакаме да овозможиме одблизу ИКТ компаниите да се запознаат со суштинското значење и придобивките од спроведување на заштита на индустриската сопственост, со намера да позитивно да влијаеме во донесувањето разумни одлуки преку континуирано работење на подигање на свеста и помош во деловно работење на самите компании, со крајна цел воспоставување на нова услуга во Комората кон компаниите членки на МАСИТ за постојана правна помош за заштита на интелектуалната и индустриската сопственост.
Главни активности на проектот:
Запознавање со видовите на права и потребата и можноста за нивна заштита со квалитетно и едноставно презентирање со примена на наративно едукативен метод комбиниран со највообичаените достапни инструменти, заблуди и грешки.
Запознавање со знаење на: