Зелен ИКТ развој (Green ICT development – GIVE) е европско стратешко кластерско партнерство во областа на паметните зелени технологии. Општата цел на партнерството е да се изгради силна соработка и да се поддржи развој на кластерите како алатка за интернационализација на МСП и пристап до пазарот. GIVE ESCP се состои од 8 партнери од 6 европски земји – 5 ИКТ кластери – ИКТ кластер Бугарија, албанско здружение за информатичко-технологии, Клуж ИТ кластер, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, ИКТ кластер Централна Србија, 2 автомобилски кластери – автомобилски Кластер Бугарија и автомобилски кластер Србија и 1 Зелен технолошки кластер од Латвија.
Развојот на партнерството е координиран од ИКТ Кластер Бугарија и финансиски е поддржан од програмата COSME на Европска Комисија. Подготовката на проектот беше поддржана од РЕГ УСАИД Проект.
За повеќе детали можете да ја следите страницата на Facebook на следниот линк: https://www.facebook.com/greenictdevelopment или на Linkedin https://www.linkedin.com/groups/12083393 .