Целта на ова истражување е анализа на правната рамка и на државните политики кои имаат влијание на конкурентноста и на условите за работа во ИКТ индустријата како и детерминирање на областите каде преку промена на прописите може да се подобрат условите за работа и да се обезбеди клима за подобро функционирање на оваа индустрија. Во ова истражување се презентирани актуелните состојби во македонската индустрија за ИКТ, а потоа и објаснети компаративните искуства на земјите од регионот во делот на користењето на политиката на јавните финансии во функција на стимулирање и поддршка на ИКТ индустријата, за врз база на тие искувства на крајот ќе бидат понудени конкретни мерки чија имплементација би била од корист за македонските фирми и за целата ИКТ индустрија воопшто. Анализата се фокусира на правната рамка и на компаративните искуства и истата нема за цел квантитативна анализа на ефектите од предложените мерки. Едно такво истражување ќе биде неопходно во иднина, но истото бара поинаков економетриски пристап што е надвор од фокусот на ова истражување. Оваа анализа е подготвена од страна на д-р. Јован Зафироски
Реформи за подобра бизнис клима за успешно функционирање и раст на ИКТ индустријата