Визија на Мобико
Визијата на МОБИКО во областа на мобилната телефонија е оддржување на застапеноста на брендовите SonyEricsson, LG и Alcatel на македонскиот пазар со остварување на ниво на квалитет на услуги претставени преку реализација на пред и постпродажна поддршка согласно барањата на купувачите, додека пак во областа на ИТ&Т опремата оддржување на договори со компаниите во кои се реализирани поголеми проекти и зголемување на застапеноста на пазарот.
Мисија на Мобико
За реализација на својата визија, Мобико ќе развива мисија во следните правци:
– Обезбедување услуги со највисок квалитет
– Зголемување на конкурентната предност на пазарот во областа на понуди на услуги
Реализацијата на горнонаведеното планираме да ја оствариме преку:
– Подобрување на квалитетот на сопствените услуги (намалување на времето потребно за извршување на – услугите, намалување на бројот на рекламации и сл.)
– Подобрување на состојбата на ресурсите преку инвестиција во градење кадри и тимски пристап кон работењето, како и инвестиција во инфраструктурата и подобрување на условите на работната средина.
– Зголемување на рејтингот кај партнерите преку понуда на најоптимални решенија, почитување на договорените услови за реализација на услугата и обезбедување комплетна поддршка.