Странските компании и компаниите во земјава ја препознаа стратешката важност за настапот на странски пазари, а со тоа и извозот на софтвер и ИКТ услуги. Компаниите во Република Северна Македонија гледаат на странските пазари како нов потенцијален сегмент за развој на својот бизнис и зголемување на приходите. Согласно тоа, МАСИТ го изработи прирачникот за извоз на софтвер и ИКТ услуги, во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива. Во прирачникот се објаснети чекорите и стратегиите кои треба да ги знае една компанија за извоз на странските пазари.
Целосниот прирачник можете да го преземете на следните линкови:
– Прирачник за извоз на софтвер и ИКТ услуги (МК)
– Doracak për eksportin e softuerit dhe shërbimeve të TIK (АЛ)
Прирачникот за извоз на софтвер и ИКТ услуги е изработен во Април 2019 година, во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, во кој партнери се Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија, Сојузот на Стопански комори на Македонија и ЕПИ центар интернационал.