Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ го објави Првиот Извештај за Аутсорсинг индустрија во државата. Извештајот ги мери и прикажува извозот на услугите надвор од државата, предностите и недостатоците на оваа индустрија и нејзината иднина.
- Идејата за изработката на овој Извештај, МАСИТ го црпи од фактот дека аутсорсинг индустријата не е препознаена како посебна индустрија во Северна Македонија. Со тоа, нема свои соодветни механизми на поддршка, соодветна законска регулатива, развиен пазар и поголемо ширење на пазарните можности надвор од државата.
- Целта на МАСИТ е да со реализацијата на овој Извештај, потенцира дека во Северна Македонија ги има сите услови за создавање на позитивна клима за развој на оваа индустрија и забрзување на истата преку позиционирање на државата како потенцијална земја на мапата на аутсорсинг индустрии во регионот и пошироко.
- Примерот по кој Извештајот е подготвен се двата Извештаи, SEE Report за аутсорсинг состојба во регионот и Извештајот на Бугарската Асоцијација за аутсорсинг индустријата. Следејќи ги нивните позитивни примери, а учејќи од нивните грешки, сметаме дека можеме многу да влијаеме на развојот на аутсорсинг индустријата.
Извештајот беше првично презентиран на Годишната конференција на МАСИТ, на 31ви Октомври 2019, а истиот можете да го превземете на следниот линк подолу.
Извештај за Аутсорсинг индустријата во Мaкедонија (2019) – EN