МАСИТ заедно со МИОА го потпишаа меморандумот за
соработка во насока на афирмација на областите од заеднички интерес,
реализација на заеднички активности и други форми на меѓусебна соработка.
Овој меморандум има за цел да обезбеди
соработка помеѓу МАСИТ и МИОА со цел да се искористат надлежностите и
референтните познавања на проблематиката и ИКТ.
Посебен акцент во меморандумот е ставен на:
- Меѓусебна консултација во сите процеси на донесување на
стратегии, закони, подзаконски акти и други акти кои се од значење за
остварување на целите на ИКТ индустријата во Република С. Македонија
- Подобрување на ефикасноста на работата на ИКТ секторот
и ИКТ кадрите
- Подигање на нивото на дигитална писменост кај граѓаните
преку организирање на обуки
- Унапредување на условите за ефикасна и одржлива
конкуренција на пазарот за електронски комуникации
- Поттикнување на инвестиции во јавните електронски
комуникациски мрежи со воведување на нови технологии и услуги, а особено
со воведување на следни генерации на јавни електронски комуникациски мрежи