21.01.2022

МАСИТ со презентација на ИКТ секторот на ЕКСПО 2020 Дубаи

Во рамки на светскиот настан EXPO 2020 DUBAI на 14.01.2022 година на Тера Аудиторуим, еден од петте тематски аудиторуми на саемот, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот организира бизнис настан за претставување на инвестициските, извозните и туристичките потенцијали на земјата.
Настанот го носеше насловот: „North Macedonia – a new regional business hub“.

Во две посебни сесии на форумот беа презентирани и извозните капацитети на нашата земја со посебен акцент на брзорастечките индустрии – ИКТ секторот и агробизнисот, како и туристичките потенцијали и можности на Северна Македонија за развој на туризмот во сите 4 сезони од годината. Извршната директорка на МАСИТ, Анита Никова потенцираше дека ИКТ секторот во земјата и извозот на информатичките услуги бележат раст во изминатите неколку години, кој не беше попречен ниту со пандемијата. Во споредба со претходните 5 години извозот е зголемен за 61 %. Растот е значително поголем во делот на компјутерски услуги кој во изминатите пет години е зголемен за 131%.

На форумот беа присутни Амбасадорот на Република Северна Македонија во ОАЕ,  Н.Е. Абдулкадар Мемеди и Бекри Ајдини економскиот советник во ОАЕ и Генерален комесар на павиљонот на Северна Македонија на ЕКСПО 2020 Дубаи, како и претставници од стопанската комора на Дубаи и Абу Даби, како и претставници од секторот за храна и ИТ индустријата од Дубаи.

Учеството на Северна Македонија на EXPO 2020 Dubai има за цел преку претставување на инвестицискиот, извозниот и туристичкиот потенцијал на Северна Македонија да ја подигне видливоста на земјава на Блискиот Исток и во светски рамки, како и креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка и ривлекување на нови инвестиции.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит