8.08.2022

Отворена работна позиција во МАСИТ – КООРДИНАТОР ЗА ЧЛЕНСТВО/ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

Отворена работна позиција во МАСИТ – Координатор за членство / Проектен координатор

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, објавува повик за вработување на позиција „ Координатор за членство / Проектен координатор “.

Потребни квалификации:         

  • Универзитетска диплома;
  • 5 + искуство во работа во слични организации како МАСИТ како што се: Невладини организации, здруженија, асоцијации, стопански комори, јавни институции и агенции; меѓународни проекти итн.
  • Одлични писмени и вербални комуникациски вештини;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлични компјутерски вештини (MS Office, социјални медиуми, друг/финансиски софтвер);

Вештини и способности:

  • Управување со база на податоци за членство и активно работење на стратегија за нови потенцијални членови и поддржувачи на комората.
  • Подготовка на промотивни материјали и брошури за стекнување на нови членови.
  • Обезбедување на корисни информации во доменот на ИКТ индустријата, развој на услуги и организација на настани во корист на членките на МАСИТ.
  • Обезбедува информации и поддршка на работните групи и тела на МАСИТ со цел давање на професионална помош во постигнувањето на нивните цели.
  • Дизајнирање и спроведување анкети за разбирање на потребите на членовите, помагање во иницијативите за односи со членовите и следење на нови трендови во индустријата кои можат да влијаат на унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.
  • Идентификување и креирање дополнителна веб-содржина и newsletter кои ќе се сметаат за вредни и корисни за членството на МАСИТ со цел овозможување на пристап до информации, едукација, правни совети, соработка, вмрежување и промоција на домашно, регионално и меѓународно ниво
  • Координирање на активностите и иницијативите во доменот на работната позиција.
  • Помош при пишување на меѓународни проекти, буџетирање на проекти, имплементација и извршување на проект.
  • Поддршка на програмскиот менаџер во извршувањето на проектите.
  • Други услуги и поддршка на членките на МАСИТ секогаш кога е потребно.

Работно време: 8 часовно работно време од 09:00 до 17:00 часот пон-пет (40 часа неделно)

Сите заинтересирани кандидати е потребно да испратат свое CV до contact@masit.org.mk најдоцна до 22.08.2022 (понеделник) до 13:00 часот.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит