ИКТ индустријата несомнено е најбрзорастечка индустрија, која дури и во период на економска криза бележи значаен раст. Според официјалните бројки од статистичкиот портал на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, просечната исплатена месечна бруто плата по вработен за ИТ секторот (компјутерско програмирање) за 2022 година е 2,260.10 евра, што е за 13% повеќе од просечната исплатена месечна бруто по вработен за ИТ секторот плата за 2021 година.
Пораст од 37% бележиме во остварените вкупни приходи за 2022 година во однос на 2021 година, како и високи 42% пораст на нето извозот за истите години.
Вкупниот број на вработени во ИКТ секторот во 2022 е 19947 вработени лица, што е за 13% повисок од бројката на вработени во 2021 година (17657 вработени лица), додека пак вкупниот број на компании регистрирани во дејноста за 2022 година е 2846 компании, што е за 16% повеќе во однос на 2021 година (2450 компании).
Подолу може да ја погледнете целосната табела со информации за порастот на ИКТ секторот во изминатите четири години.
Информациите од оваа анализа се според официјалните податоци добиени од страна на Централен регистар, а дел се превземени и од статистичкиот портал на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија.