Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, ви ја претставува новата соработка – патрон партнерство со ВФП Осигурителен брокер.
Чест ни е да ја објавиме соработката со WVP осигурителен брокер најголемо осигурително брокерско друштво во земјава, кои веќе 15 години по ред се лидер на пазарот за приватно здравствено осигурување и пакети за лојалност за вработените.
Во рамки на нашата соработка, целиме кон активности во чиј фокус се компаниите членки на МАСИТ. Во соработка со ВФП Осигурителен брокер ќе овозможиме специјални пакети за приватно здравствено осигурување, но и дополнителни активности и содржини, со многу различни бенефиции и поволности за сите вработени во компаниите кои се членки на МАСИТ, како и посебни бенефиции за самите компании.