20.11.2023

⚠ MEET-UP за членки на МАСИТ: Дискусија во врска со измените во Законот за ДДВ

МАСИТ во соработка со Маранд Консултанти за компаниите членки на МАСИТ организира бесплатен четиричасовен meet-up на тема: „Измени во Закон за ДДВ со нов третман на оданочување на услугите“ кој ќе се одржи на 28ми ноември 2023 (вторник) од 10:00 до 14:00 часот, во просториите на Маранд Консултанти / Адванткодe.

Со таа цел ги покануваме компаниите членки да се вклучат на оваа средба каде заедно ќе ги дискутираме предизвиците и дилемите поврзани со последните измени на Законот за ДДВ кои директно задираат во два клучни сегменти за ИКТ индустријата. Овој meet-up е наменет за сите заинтересирани вработени во компаниите, особено на позиции како сметководители, правници и HR професионалци во ИКТ друштвата. Целта е да се отворат, презентираат и разјаснат сите дилеми во врска со имплементацијата на Законот за ДДВ со осврт на новиот третман на оданочување на услугите, односно усогласувањето на компаниското работење со прописите.

Настанот е поддржан од Академијата на даночни советници, а на истиот ќе имаме можност да разговараме и со клучните креатори односно претставници од Министерството за финансии и претставник од Маранд консултанти:

  • Г-ѓа Маријана Андриќ, основач на Маранд Консултанти
  • г-дин Дејан Николовски, Раководител на одделение за даночна политика од областа на индиректното оданочување од Министерство за финансии
  • Г-ѓа Елена Стојмановска Тортевска – Советник за данокот на додадена вредност од Министерство за финансии

Регистрирајте се на следниот линк. Местата се ограничени и ќе бидат пополнети на база прв регистриран – прв услужен.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит