МАСИТ во соработка со PricewaterhouseCoopers (PwC), ексклузивно организира Meet up на тема: „Правилник за начинот на водење сметководство во коj се објавени Меѓународните стандарди за финансиско известување и меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни субјекти“. Овој правилник е донесен на 3ти април 2024 година од страна на Министерството за финансии. Применaта на објавените МСФИ е предвиденo да почне од 1 јануари 2025 година, додека МСФИ 17 „Договори за осигурување” ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2028 година. Подготовката за нивна имплементација мора да започне веднаш од страна на сите компании, а посебен фокус за ИКТ компаниите се очекува во врска со МСФИ 9 „Финансиски инструменти”, МСФИ 15 „Приходи од договори со купувачи”, МСФИ 16 „Лизинг”. Воведувањето на овој правилник е нешто што долго време се чекаше и при неговата имплементација треба да се направи детална анализа за македонските бизниси да бидат сигурни во правилната примена на правилникот. Повеќе за концепциската рамка за финансиско известување, со општи насоки на што треба да внимаваат компаниите кои работат во ИКТ секторот ќе ни откријат: |
🔹 Александра Кузмановска, сениор менаџер за ревизија и својата прoфесионална кариера во PwC ја започнува уште во 2005 година. Искуството на Александра вклучува ревизии на клиенти од различни индустрии, бројни обуки и тренинзи како и најзначајната трансформација на ревизијата со воспоставувањето на Центарот за компетенции (Competency Center) во PwC канцелариjата во Скопjе.
🔹 Евгенија Каркинска Лазаровска, сениор менаџер во одделот за ревизија. Во нејзината 17 годишна професионална кариера има стекнато значително искуство и знаење за меѓународните сметководствени стнадарди и нивната примена. Покрај водење на ревизии на клиенти од различни индустрии, таа е активен член на PwC академијата како и дел од тимот посветен на советодавни услуги од областа на МСФИ.
📅 Настанот ќе се одржи на 16ти мај (четврток) 2024 година.
📍 Локациjaта: ул. Орце Николов 146 б (мапа).
✍ Се покануваат компаниите кои имаат интерес да бидат дел од настанот, да го пријават своето учество со пополнување на следната форма, најдоцна до 14ти мај (вторник) 2024.
Цена за учество:
– 1500 ден + ДДВ – по учесник од компанија за членки на МАСИТ
– 3000 ден + ДДВ – по учесник за компании кои не се членки на МАСИТ