Со големо задоволство Ве покануваме да се вклучите
на претстојниот интерактивен мастерклас на тема:
„Клучни вработени, клучен
успех: – иновативни пристапи за задржување на клучните вработени во ИТК
компаниите преку оптимизација на трошоците и максимизација на потенцијалот.“
Настанот ќе се одржи на 11.12.2024, од 13:00 до 15:00 часот, во просториите на ВФП осигурителен брокер на адреса: бул. Кочо Рацин бр. 3 влез 2, Скопје.
Настанот е наменет за менаџери во ИКТ компании, ХР професионалци, вработени задолжени за стратешко планирање, тим лидери, раководители на сектори и највисоко раководство во компаниите. Овој мастерклас го организираме во соработка со нашите паторн партнери:
Триглав осигурување живот АД Скопје и Акционерско осигурително брокерско друштво ВФП АД Скопје.
Не ја пропуштајте оваа одлична прилика за учење од
експерти од областа, размена на искуства,
добри практики, како и неформално дружење на нетворкинг коктел овозможен од
нашите патрон партнери.
На овој настан ќе имаме можност да ги слушнеме:
Учеството за членки на МАСИТ е бесплатно и можете да пријавите до тројца
претставници од Вашата компанија.
За сите останати учесници, цената е 3000 денари + 18% ДДВ по учесник.
*За тројца учесници од една компанија која не е членка на МАСИТ, овозможуваме
15% попуст.
Регистрацијата е достапна на следниот линк и ќе биде отворена до 09.10.2024 или се до пополнување на отворените места.
РЕГИСТРАЦИЈА
*Доколку се регистрирате, но бидете спречени да учествувате, Ве молиме информирајте не, за да ослободиме место за други заинтересирани учесници.
Ве очекуваме!