Новости

Повик за номинирање на решенија за WITSA виртуелни ICT Excelence Awards 2020

Ве информираме дека од WITSA добивме нова информација за повторно одржување на WITSA Global ICT Excellence Awards 2020. Заради моменталната ситуација со Корона вирусот, WITSA ќе ги одржи своите први Virtual Global ICT Excellence Awards на 15 септември 2020 година, во склоп на настанот кој ќе се емитува во живо – Road to WCIT Malaysia” (од 14ти до 16ти септември) – организиран од Националното здружение на ИКТ на Малезија (PIKOM). Покрај постоечките категории, три нови категории на награди поврзани со COVID-19 се додадени на листата за Global ICT Excellence Awards 2020. Во рамките на своите активности, за изборот на WITSAVirtual Global ICT Excellence Awards 2020, МАСИТ повторно организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологијаза 2020 година. МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) http://witsa.org/witsa-wp-site/ , првонаградените решенија во долунаведените категории ќе ги номинира на “2020 WITSA Virtual Global ICT Excellence Awards.. Ве повикуваме за номинации за „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“  кои ќе ги опфатат следните категории: COVID-19 Tech Solutions for Cities & Localities Во оваа категорија можат да бидат номинирани градовите и локалитетите кои успешно ги користат решенијата потпомогнати од технологијата во борбата против COVID-19. Номинираните мора да покажат дека усвоените технологии или решенија создале јасно позитивно влијание врз ублажување на влијанието на COVID-19 на нивните географски локации. COVID-19 Tech Solutions for Countries or Regions Во оваа категорија можат да бидат номинирани земји или региони кои демонстрираат визија и лидерство во однос на користење на дигитални алатки за успешно реагирање на кризата COVID-19, вклучително и ангажирање со ранливи групи, како и спроведување на иновативни дигитални технологии за решавање на не само краткорочните проблеми, туку и за развој на еластичност на општеството против идните здравствени кризи во соработка со индустријата и другите засегнати страни. COVID-19 Best Industry Solutions Во оваа категорија можат да бидат номинирани сите компании или поединци кои успешно ја користат информатичката и комуникациската технологија, вештачката интелигенција, податоците или слично во борбата против СОВИД-19. Примери на решенија вклучуваат апликации за теле-здравствена состојба, почитување на приватноста спроведување на социјално дистанцирање, технологии за контакт и следење, како и решенија за вакцинирање и тестирање. Номинираните мора да покажат дека технологијата или решението дале вистинско влијание врз ублажувањето на влијанието на СОВИД-19. Public/Private Partnership Award Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои заначително помогнале во наоѓање нови решенија и зајакнување на финансиите со успешна соработка помеѓу владиниот и приватните сектори во ИКТ.    Digital Opportunity/Inclusion Award Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои значително ги зголемиле дигиталните можности за граѓаните на Република Македонија, во смисла на можности за користење на ИТ и пристап на интернет. Sustainable Growth Award Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои промовираат одржлив економски раст, кој се дефинира како способност да се подобри финансиската и социјалната состојба во државата. Постојат три клучни предизвици: климатски промени, деградација / пад на ресурси и загадување. Во сржта на трите е енергетската ефикасност и улогата на ИКТ за да постигне истата.  Innovative eHealth Solutions Award Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои прават извонредени напори за користење на ИКТ како алатка за промоција на здравјето и здравствената заштита, како telehealth, mHealth (мобилно здравје), е-здравство или преку е-учење, електронски здравствени досиеја, законските регулативи или социјални медиуми. Решенија може да варираат од обезбедување на информации за здравјето на граѓаните, поддршка за јавното здравство во заедницата, системи за поддршка во здравствените установи. Digital Innovation Award Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои воведоа забележителни иновации во технологијата кои го унапредуваат бизнисот и ИТ. Дигитални иновации кои покажуваат напредок во продуктивноста и потенцијалот на деловните апликации, како и технологијата што значително придонесува за подобрена ефикасност, продуктивност и перформанси на една организација, или пошироко, помага во исполнување на ветувањето за дигиталното доба за сите. E-Education & Learning Award Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија и најдобри проекти кои преку електронско учење користат иновативна нова технолошка алатка ,или постојни електронски алатки за учење на иновативен начин. Решенија кои ќе го олеснат и поддржат учењето преку употреба на информатичка и комуникациска технологија. Право на учество имаат ситеИКТ компании кои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија, додека учеството на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за членките на МАСИТ е бесплатно, додека за нечленки изнесува 50 евра + ДДВ. Вашето решение ќе го номинирате со доставување на потребните документи на: praktikant@masit.org.mk најдоцна до 15.07.2020 година: Во очекување на вашите пријави, Ви посакуваме успех при изборот. Превземи PDF

Новости

Повик за консултантски услуги за подготовка на Стратегија за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“

Општи информации Проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, а е финансиран од Фондот за добро владеење на Oбединетото Кралство. Во рамки на проектот, младите лица на возраст од 15 до 29 години добиваат пристап до обуки за дигитални и деловни вештини од овластени провајдери во замена за општокорисна работа. Во рамки на проектот се подготвува и  платформа за вработување која ќе oпфати три вида ангажман: работен, хонорарен и волонтерски/практикантски. Делокруг на работа Подготовка на Стратегијата за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ со цел утврдување на план за долгорочна самоодржливост на проектот. Опфат на Стратегијата: Анализа на активностите, ресурсите и основните продукти на проектот (обуки, општокорисна работа, платформа за вработување); Истражување на пазарот на обуки за дигитални вештини и веб платформи за вработување; Пристап за пазарно позиционирање на „МладиХаб – Дигитална младина“; Финансиски план преку најмалку 3 сценарија за самоодржливост: Позиционирање на проектот како социјално претпријатие со детална анализа на фискални, економски и административни правила; Анализа на можностите и план за соработка и привлекување инвеститори од јавниот сектор; Анализа на можностите и план за привлекување на инвеститори од приватниот сектор; Управување и внатрешна организација; Акциски план за имплементација на Стратегијата; Испорака Стратегија за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ Акциски план за спроведување на Стратегијата за одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ Спроведување на активностите По изборот на најсоодветен кандидат, проектниот тим ќе ги сподели сите релевантни документи за проектот што треба бидат основа за изработка на Стратегијата. Експертот ќе склучи договор со Националниот младински совет на Македонија во кој ќе бидат уредени правата и обврските на двете страни. Стратегијата и акцискиот план треба да биде изготвени до 31.10.2020 година. Предлог временска рамка на активностите во проектот: 15 јули 2020 година Избор на експерт и потпишување на договор  јули – септември 2020 година Спроведување на истражувањето/ анализата 30 септември 2020 година Доставување на нацрт-верзија на Стратегијата и акцискиот план до проектниот тим октомври 2020 година Усогласување на првичната верзија на Стратегијата и акцискиот план со насоките и инструкциите од проектниот тим 31 октомври 2020 година Доставување на финална верзија на Стратегијата за финансиска одржливост на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ и акцискиот план до проектниот тим. Начин на пријавување и избор Право да учествуваат на овој повик имаат правни и физички лица. Потребни квалификации: Минимум петгодишно искуство во изработка на економски анализи и бизнис планови; Искуство во подготовка и/или имплементација на програми или проекти; Искуство во подготовка на стратегија и бизнис план поврзани со млади, обуки, дигитални вештини, пазар на труд, општо корисна работа ќе се смета за предност Искуство во областа на развој на социјално претпријатие; Потребни документи за правни лица: Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија (не постара од 6 месеци од денот на аплицирање) Референтна листа на претходни слични ангажмани на предложениот/те експерт/и; Кратка биографија (професионално резиме) на експерт/и План за работа – содржина на Стратегијата и опис на планираните активности за подготовка на Стратегијата Финансиска понуда Потребни документи за физички лица: Референтна листа на претходни слични ангажмани Кратка биографија (професионално резиме) на експертот План за работа – содржина на Стратегијата и опис на планираните активности за подготовка на Стратегијата Финансиска понуда Доколку се пријавува група на експерти или правно лице, задолжително треба да се достават професионални биографии од сите физички лица кои ќе учествуваат во подготовка на Стратегијата и акцискиот план. Максималниот предвиден надомест (бруто износ) за извршените услуги на правното или физичко лице  4000 британски фунти во денарска противвредност. Исплаќањето ќе се врши на неколку рати, од кои првата откако ќе се одобри план за работа од страна на проектниот тим, а последната по завршувањето на финалната анализа, во согласност со договорената динамика за испорака на планираните активности.  Сите останати активности поврзани со спроведувањето на анализата (како на пример патни трошоци, спроведување на алатките кои ќе се користат за собирање на податоци и слично) треба да се вклучени во вкупниот износ и паѓаат на товар на спроведувачите. Процесот на селекција ќе биде спроведен преку оценка на планот за работа (максимум 5 поени) , евалуација на професионално резиме (CV) (максимум 5 поени) и евалуација на претходни слични ангажмани (максимум 5 поени). При избор на понудата ќе се примени критериумот за избор на економски најповолна понуда. Документите за пријавување треба да се достават на applications@nms.org.mk и vesna.radinovska@nms.org.mk најдоцна до 1 јули 2020 година со назнака „Стратегија за финансиска одржливост на проектот МладиХаб-Дигитална младина“. Сите дополнители прашања во врска со овој повик можете да ги упатувате на mladihub@gmail.com.

Новости

Кофинансирање за сертификација за ИКТ компании преку Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ

Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ преку инструментот „Плаќање по учинок“ или P4P (Pay-for-Performance) им нуди субвенционирана поддршка на малите и средни компании од ИКТ секторот кои сакаат да воведат одреден стандард или сертификат со цел да ги прошират своите пазари и клиенти или да станат поконкуренти и да го подобрат своето работење. И покрај моменталните ограничувања поради Covid-19, процесот на сертификација за ИКТ компаниите се одвива регуларно бидејќи секторот дозволува процес на сертификација „на далечина“. Алатката е достапна за следните мали и средни ИКТ компании: Компании кои нудат софтверски услуги Компании кои работат на развој на нови, оригинални софтверски производи и решенија Профитни организации кои нудат обука за ИКТ кадри Компаниите кои сакаат да ја активираат поддршката преку инструментот P4P, треба да користат услуги од консултанти и сертификациони тела со кои ИМЕ соработува. За повеќе информации за инструментот, секторите и подсекторите кои ИМЕ ги поддржува, како и каталог на консултанти, консултантски куќи и сертификациони тела со кои ИМЕ соработува: https://ime.org.mk/pay-for-performance/  Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ е финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а се спроведува oд Паладиум. Програмата има за цел зајакнување на деловниот сектор во Република Северна Македонија и создавање поволна околина во три сектори кои се идентификувани како сектори со потенцијал за развој: одржлив агробизнис, активен туризам и информатичка и комуникациска технологија (ИКТ). За повеќе информации: www.ime.org.mk

Новости

МАСИТ: 80 % од вработените во ИКТ секторот работат од дома

Извор: rabotnik.com.mk Поради пандемијата на Ковид – 19 поголемиот број на вработени во ИКТ секторот работат од дома. За тоа како тоа се одразува врз нивната продуктивност, порталот Работник побара мислење од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. Од таму истакнаа дека вработените во ИТ секторот, во зависност од фирмата во која работат, и за секторот за кој продуцираат софтвер или сервиси, и претходно имале можност за работа од дома. „Во моментот спроведуваме истражување со кое ќе увидиме дали продуктивноста на вработените во ИКТ секторот во овој период е намалена и поради кои фактори можеби тоа е состојбата. Од друга страна, дел од продуктивноста со сигурност опаѓа во ИКТ компаниите чии клиенти доаѓаат од најзасегнатите сектори.Истовремено, имаме редица на наши членки, кои постојано објавуваат огласи за нови вработувања, што укажува дека имаат зголемен обем на работа“, велат од МАСИТ. Од МАСИТ сметаат дека работата од дома сака поголема координација помеѓу вработените, тимовите, и секако релациите: надредени – вработени, што понекогаш впрочем резултира со повеќе работни часови и меѓусебни итеракции на ден, од претходно. Сепак, според МАСИТ, студијата напомената погоре, ќе укаже на конкретните загуби и придобивки на ИКТ индустријата, од повеќе аспекти, додавајќи дека во моментот, 80тина проценти од вработените во ИКТ секторот, работат од дома. На прашањето за тоа дали работењето од дома може во иднина да стане пракса во ИКТ секторот, од МАСИТ велат дека со оглед на новиот предлог Закон за работни односи, за кој се очекува изгласување по завршување на кризата, целосно се уредува работа од дома, што значи дека компанијата која ќе процени дека работниците може да извршуваат работни задачи од дома, ќе има законска рамка да го затвори истото. „МАСИТ, со години се залага за уредување на уредбите за флексибилно и клизно работно време, во склоп на горенапоменатиот закон“, истакнаа од МАСИТ. Од таму посочуваат дека канцелариската работа и поминувањето 8 часа на своето работно место со тек на време, станува монотоно. Поради природата на работното место не секои работни позиции можат да овозможат на вработените да работат од дома, но тие што можат да го направат тоа кај вработените ќе поттикнат поголема креативност, мотивираност и продуктивност. Исто така како голема предност вработените кои работат од дома е тоа што би имале можност повеќе време да поминат со своето семејство, што го подигнува моралот кај вработениот и овозможува работодавачот да примени паметна бизнис стратегија и одржлива опција при заштеда на трошоци. Во многу реномирани компании, на светско ниво, секој петок вработените работат од дома. „Како честа појава е вработените да бидат најпродуктивни кога работат во тимови или групи. Со работа од дома во овој дел, извршувањето на работните задачи се отежнува при правилно пренесување на информациите и не физичко присуство на вработените на исто место. Онлајн комуникацијата не секогаш може да обезбеди правилна дистрибуција на информациите, на пример, напишаната и изговорената мисла може да има различен контекст на значење“, истакнуваат од МАСИТ. Заради сето ова, комбинираниот пристап за работа и од работно место, а и од дома, би бил најприфатлив за повеќето ИКТ компании, во момент кога ќе постои флексибилна законска рамка која ќе го овозможува истото, потенцираат од МАСИТ. Во однос на тоа во каква состојба се компаниите од ИКТ секторот поради пандемијата на Ковид – 19, од МАСИТ посочуваат дека пандемијата ги погодила сите фирми од приватниот сектор, а со нив и компаниите од ИКТ секторот. Во првите неколку недели од кризата, ИКТ компаниите се мобилизирале и ги дале на бесплатна достапност повеќето од нивите решенија, со цел компаниите од останатите сектори да можат поолеснето да фунцкионираат од дома.Листа на достапни ИКТ решенија може да се најде на следниот линк: https://oldmasit.masit.org.mk/category/podrshka-za-vreme-na-covid-19. „ИКТ компаниите мноштво од своите услуги ги извесуваат надвор од државата, но земајќи во предвид дека вирусот КОВИД 19 е распространет низ целиот свет, нарачките за софтвер и услуги, опаѓаат секојдневно. Заради ова компаниите се соочуваат со проблеми на ликвидност и задржување на своите вработени, а државата ќе се соочи со намален девизен прилив“, велат од МАСИТ. Тие додадоа дека на долгорочен план и ИКТ компаниите ќе се соочат со огромни загуби доколку дел од мерките на Владата не се прилагодат или доколку не се воведат нови, соодветни и за овој сектор. Петар Лазовски Правен Советник на МАСИТ   

Новости

МладиХаб го започнува вториот циклус на обуки кој ќе биде целосно дигитален што значи е отворен за цела држава.За оние кои што прв пат аплицираат: • За да учествувате на обуките и добиете сертификат треба да извршите општокорисна работа• Можете да искомбинирате една еднодневна и средна обука или само да учествувате на напредната Група 1 – Брзи обуки за дигитални и бизнис вештини  (4 часа, 15-20 учесници по обука, локација ОНЛАЈН) Рекламирање на Facebook и Instagram Рекламирање на Facebook и Instagram (на Албански јазик) Продажба и продажни вештини Комуникациски вештини и јавно говорење ИТ безбедност  ИТ администратор  Група 2 – Обуки за дигитални вештини (од 16 до 20 часа, 15-20 учесници по обука, локација ОНЛАЈН) Анализа и статистики на податоци во MS Excel со примена на Pivot Table SEO – Search engine optimization Основи на проектен менаџмент Дигитален маркетинг Microsoft Office (Word, Excel, Power Point, Outlook) Група 3 – Обуки за напредни ИТ вештини (од 40 до 90 часа, 10-15 учесници по обука, локација ОНЛАЈН) Android developer Бројот на учесници е лимитиран и брзо се пополнува, затоа аплицирајте веднаш на следниот линк > https://form.jotform.com/200904772058051

Новости

Извор: Бизнис Регулатива Со цел да се утврдат состојбите во приватниот сектор предизвикани од кризата со КОВИД-19 пандемијата, како и утврдување на можните мерки за излез од економскиот застој, одговорете на прашалникот на стопанските комори, вклучете се во носењето на решенија и пренесете го вашиот став како претставник на бизнис секторот на следниот линк. Стопанските комори ќе изработат соодветна студија по сектори и ќе излезат со позициони документи кои директно ќе ги достават до надлежните органи кои ќе ги опфатат ефектите од донесените мерки досега, но и можните долгорочните решенија за нормализирање на економијата и враќање на стапките на раст. „Истражувањето опфаќа анализа на бизнис секторите кои во најголема мера се засегнати од КОВИД-19 кризата како што се: туризам и угостителство, земјоделство, градежништво, текстилна, кожарска, преработувачка, автомобилска и метална индустрија. Резултатите добиени директно од самите компании ќе бидат дел од опсежни студии за состојбите во економијата. Со оглед на тоа што неизвесноста се уште трае, при изготвување на анализите ќе се земат во предвид краткорочни и долгорочни сценарија за ефектите од кризата. Сите наоди ќе бидат доставени и презентирани преку Платформата за јавно-приватен дијалог, каде што стопанските комори редовно ги дискутираат со Владата предизвиците на бизнис заедницата и предложуваат решенија за надминување на истите.  Од клучно значење е да се креираат соодветни мерки и соодветно да се реагира на настанатата ситуација, за што ќе биде потребен отворен и конструктивен дијалог со сите засегнати страни“ истакна Тамара Тодоровска од Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, преку кој ќе се спроведе истражувањето. Целта на овој Анкетен прашалник е да се добијат точни одговори од страна на компаниите, по што ќе се изготви соодветна анализа за последиците од економската криза, положбата во која се наоѓаат економските субјекти, нивната ликвидност, профитабилност, одржливост, состојбата со работната сила и фискалните давачки. Стопанските комори веќе се во контакт со домашни и меѓународни организации и институции за соодветно димензионирање на потребните мерки кои е неопходно да се преземат и реализираат во кризниот период. Вашите одговори ќе бидат од големо значење за ова истражување, со цел да се изготват важни заклучоци од кои ќе произлезат предлози за долгорочно справување со последиците од КОВИД-19 кризата.

Новости

Digital Office – Платформа за дигитално управување со документи на Инбокс

Дигитална АрхиваЗаведи, Зачувај, Сподели Достапно за бесплатно користење до 01.06.2020   Дигитално управување и целосна контрола на вашата документација Што претставува? – Digital Office е модерна платформа за дигитално управување со документи иадминистративни работни процеси. Базирано на Телеком Cloud, таа е лесно достапна и ви помага да ги автоматизирате и трансформирате вашите административни процеси со цел да имате дигитална канцеларија во која добивате брзина, контрола и полесноработење со насмевка. За кого е наменета? – Digital Office може да ја користи било која компанија која сака да го унапреди управувањето со документи и да го дигитализира канцелариското работење, но најголема примена има кај средни и големи компании кои имаат одредено ниво на организациска комплексност Дококу сте заинтересирани слободно контактирате ги на следната маил адреса: contact@inbox.com.mk или веб страна https://inbox.com.mk/en/ Превземи PDF

Новости

ИКТ решение за дигитално работење од дома на компанија членка, А1 Македонија

Видео конферeнција,со оваа професионална услуга за видео конференција, која е хостирана на инфраструктурата на А1, може да реализирате квалитетни видео повици, со совршено јасна слика, едноставно и брзо, без инсталирање апликации. Таа е достапна на Вашиот лаптоп, компјутер или смартфон и обезбедува комплетна сигурност. КОМУНИЦИРАЈТЕ БЕЗБЕДНО – Избегнувајте состаноци во живо и придонесете за јавното здравје и за заштита од COVID-19. Услугата Видео конференција е достапна бесплатно за користење до 30.06.2020 Линк до апликацијата

Новости

ИКТ решение за дигитално работење од дома на компанија членка, ДУНА

Полека се приспособуваме на оваа привремена реалност, и наоѓаме начини како да ја оптимизираме моменталната ситуација. Ова се советите од нашата членка: Креирајте база на клиенти – Добро е да имате средена база на клиенти со кои сте работеле. Oва ќе ви помогне да одржувате добра врска со клеиентот, како и да размислувате стратешки анализирајќи ги податоците за клиентите.  Направете back up на документите и креирајте ефикасна дигитализациија – Замислете колку ќе беше секојдневното работење поедноставно, доколу сите документи Ви се добро категоризирани и достапни за пребарување од секаде. Спремете се за работење од канцеларија и дома во иднина, со креирање на дигитална архива. Ultima Records Management е алатка што може да Ви помогне во овој чекор. Средете ја Вашата електронска пошта – Направете систем за организација на Вашите е-мејлови за да не пропуштате важни пораки меѓу купот на останати персонални и промотивни е-мејлови.  Разбираме дека можеби ова не е вистинското време за нови инвестиции, затоа предложивме активности за кои единствената инвестиција е време. Во овој период ви нудиме бесплатно користење на Ultima Records Management за да овозможите електронски пристап до документите, сега и за во иднина.  Работиме од дома, но тука сме за Вас за сите прашања и обуки.  Со Ultima Records Management можете да ги организирате сите документи со еден клик . Софтвер за архивирање и управување на со електронски и физички документи Безбеден онлине пристап Согласно закон за архивско работење Линк до апликацијата

Новости

ИКТ решение за дигитално работење од дома на компанија членка, ДатаЛаб

Бесплатен програм за водење бизнис и дигитални алатки за работа од дома Со PANTHEON Хостинг можете  безбедно да работите од дома. Податоците се наоѓаат во една централизирана платформа на клауд, а со тоа на вработените им се овозможува пристап во системот за изработка и пребарување на  фактури, можност за правење нарачки, проверка на попис, најразновидни прегледи, одобрувања и размена на документи и многу повеќе, во било кое време и од било која локација. Корисниците ќе добијат бесплатни видео и писмени упатства за употреба на алатките за дигитализација, како и  пакети за инсталација и поддршка по намалени цени (попуст од 20%) Акцијата трае до 30.06.2020 Нарачајте ги придобивките уште денес! Линк до решението

Scroll to Top