Uncategorized-MK, Членки

СETEK се од техника

Сетек Сè од Техника е лидер во областа на ИТ, Аудио видео и белата техника на македонскиот пазар. Сетек Сè од Техника е формиран во 1993 година, и во тоа време главна дејност беше само дистрибуција во ИТ сегментот. Сетек Сè од Техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено Сетек Сè од Техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива. www.setec.mk

Uncategorized-MK, Членки

ПАБЛИК КЛАУД ГРУП (PCG)

Public Cloud Group (PCG) е водечка cloud консултантска компанија и Premier партнер со AWS, Microsoft, Google и SAP. Со тим од повеќе од 400 сертифицирани експерти во 7 земји во Европа, PCG им помага на организациите да ја модернизираат инфраструктурата, да ги дигитализираат процесите и да отклучат нова вредност преку cloud-native технологии и вештачка интелигенција.  Од планирање и миграција, преку автоматизација и скалабилни архитектури, до управувани услуги и оптимизација – PCG е партнер што ја поедноставува целата cloud трансформација, од идеи до конкретни резултати.  www.pcg.io

Членки

АЦТ! ДОО Скопје

АЦТ! е македонско консултантско друштво основано во мај 2008 година. Го сочинуваат поединци со големо искуство стекнато со работење во различни области и со бројни донаторски институции. Активностите на АЦТ! се насочени кон поддршка на развојот на јавниот и приватниот сектор во Македонија и регионот, имплементација на проекти преку давање на консултантски услуги во областа на правото и управувањето со проекти, администрирање, промоција и продажба на Електронската база на прописи, пресуди и преводи ПРАКСИС, организирање едукативни настани и издавање стручна литература. act.com.mk praksis.mk

Scroll to Top