Членки

Авенга Академи

Avenga Academy (поранешен Сеавус Едукативен и Развоен Центар) е пионер на модерното неформално образование,  дел од глобалната групација Qinshift и претставува специјализиран центар за обука и едукација на кадар во областите програмирање, дизајн, компјутерски мрежи и сајбер безбедност, тестирање на софтвер, дигитален маркетинг и наука за податоци. Постоиме за да го овозможиме најдоброто преку едукативни програми кои ги следат светските трендови, одговарајќи на зголемената побарувачка на професионалци во ИТ и дизајнерската индустрија. Суштината на нашето работење е квалитет пред квантитет, a нашиот тим со тимот на ментори работи со цел да обезбеди знаење, поддршка и мотивација во процесот на едукација и понатамошен кариерен развој на секој студент. avengaacademy.com

Членки

А1 Македонија

А1 е телекомуникациска компанија, фокусирана на креирање и нудење на понуди за конвергентни и софистицирани дигитални решенија, коишто ги задоволуваат комуникациските потреби, не само на резидентните и на деловните корисници, туку и на секое модерно семејство. Со технологија и услуги, приспособени кон модерните навики и потреби, А1 ги инспирира корисниците да пронајдат нови искуства, да откријат нови светови со уште повеќе информации, забава и пријатели. Под мотото, „Секој твој свет!“, намерата на А1 е да стане водич во дигиталниот свет, за сите свои корисници, креирајќи и нудејќи нови и уште понапредни дигитални искуства и алатки, коишто ќе им овозможат уште поедноставно секојдневие, поголема продуктивност и поврзаност. А1, со внимание ги анализира комуникациските потреби на корисниците, со цел да им понуди најдобри услуги. А1 оди чекор понапред, преку технологијата со којашто располага и бара нови можности за да го подобри секојдневниот живот на корисниците. Тежнееме да понудиме нови и свежи идеи, бидејќи нашиот нов бренд е исполнет со живот, има позитивен и оптимистички дух и е отворен за нови размислувања. А1 ги исполнува дадените ветувања, па затоа нашите корисници можат целосно да се потпрат на нас, затоа што сме компанија од доверба. www.a1.mk

Членки

2Кодерс

2Coders е софтверска компанија чиј што главен фокус е развивање на нативни мобилни апликации и ТВ/веб платформи за стримање на видео содржини во доменот на спорт и забава (слично на познатите веб платформи „Netflix“„HBO“„Amazon Prime“ итн.) Компанијата е основана 2013 година со седиште на островот Гран Канариа во Шпанија. Во 2021 година отворен е и развоен центар во Скопје, како и на островот Тенерифе, со долгорочен план за раст. Тимот на 2Coders се состои од искусни инженери за мобилни, веб и ТВ апликации, дизајнери, инженери за квалитет на софтвер, бизнис аналисти и проектни менаџери. www.2coders.com

Новости

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

Публикации

Трендот на пораст на ИКТ индустријата продолжува и во 2024 година

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и оваа година спроведе компаративна анализа на ИКТ-секторот во Македонија. Од спроведената анализа може да се заклучи дека оваа индустрија продолжува да се развива и покрај одредени структурни предизвици, што јасно се согледува преку споредбата на клучните економски индикатори за 2023 и 2024 година.

Новости

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

Новости

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.

Новости

МАСИТ го реализираше 19-тото Редовно Годишно Изборно Собрание

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.

Новости

ОДЛОЖЕНО: Прослава по повод јубилеј 25 години МАСИТ

Оваа година, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ одбележува значаен јубилеј – 25 години постоење и активно делување во насока на развој на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) во Македонија. Четвртина век посветена на поддршка на компаниите, градење партнерства и создавање нови можности во индустријата која е двигател на модерната економија.

Scroll to Top