Завршени Проекти, Проекти

Проект за пре-квалификација на кадри – прв циклус

Ве информираме дека во периодот помеѓу месец април и септември 2017, МАСИТ со поддршка на УСАИД/РЕГ проектот започна да работи на проект за преквалификација на кадри. Станува збор за проект преку кој се реализира преквалификација на кадри, во кој се опфатени вработени и невработени лица, каде што заинтересираните кандидати имаат можност да се преквалификуваат со цел да стекнат одредени други вештини, знаења и практично искуство (надвор од оние со кои веќе се здобиле) за ИТ профили кои се потребни на ИКТ компаниите, кои во иднина потенцијално и би се вработиле во ИКТ компаниите. Крајната цел на проектот, а по посета на програмата е лицата да се вработат во ИКТ компании на јуниор програмерски позиции или други позиции поврзани со ИКТ сферата. Програмата за реквалификација ќе трае околу 5 месеци, а започна во месец април 2017. Низ процесот на преквалификација слушателите ќе се стекнат со теоретско и практично знаење реализирајќи многу hands-on активности, ќе работат на конкретен проект или студија на случај кој ќе се надоградува од предмет во предмет, но ќе ги збогатат и своите компетенции со организациска култура и меки вештини, што ќе ги профилира да бидат веднаш спремни за вработување и продуктивно ангажирање во рамки на ИТ компаниите. Врз основа на резултатите од пополнетиот анкетен прашалник од страна на триесетина ИТ компании инаку потенцијални работодавачи, одбрани се две програми за преквалификација кои ќе продуцираат, во моментов, две најатрактивни и најдефицитарни ИТ профили: .NET Developer и Front End Web Developer. Програмата за преквалификација ќе се реализира во три фази, во период од април до септември 2017та година. ПАРТНЕРИ И КОРИСНИЦИ: МАСИТ – МАСИТ ќе биде одговорен за координација на целиот проект и ќе биде задолжен сите активности да се изведуваат како што е планирано. МАСИТ ќе изнајде тренинг провајдер, HR регрутер и ќе ги координира ИКТ компаниите за целта на извршување на проектот. МАСИТ, исто така, ќе ги извршува сите потребни активности во делот на односи со јавноста, маркетинг и промоција на проектот, со цел да бидат опфатени и информирани што е можно поголем број на потенцијални кандидати. Сивус едукативен и развоен центар – Ќе биде во целост одговорен за темите и курикулумите за програмата на тренингот како и поседување на релевантни тренери за идентификуваните профили. Тренинг провајдерот ја подготвува програмата, содржината, јасна спецификација на предмети (курсеви) кои ќе влезат во секој од двата профили; број (фонд) на часови; листа и CV-ја на тренери и има целосна инфраструктура/просторија за одржување на тренингот. Компании – членките компании на МАСИТ ќе бидат вклучени во овој проект во дефинирањето на содржината на програмата и во обезбедувањето менторство и пракса во период од 1 – 3 месеци за избрани учесници. Компаниите ќе имаат можност на кандидатите кои поминале низ обуките да им понудат нивно вработување, веднаш по завршувањето на обуката,според потребата на компанијата. Учесници во програмата – учесниците во програмата потребно е да имаат минимум диплома од средно училиште, да не се постари од 35 години, вработени или невработени лица, да имаат интерес и предиспозиции да продолжат со кариера во областа на ИКТ. Потенцијални кандидати може да бидат и дипломирани студенти на било кој факултет освен на електротехничките факултети. За кандидатите кои не се со ИТ бекграунд, фокусот ќе биде ставен на лица кои имаат склоност кон математика и програмирање и имаат логичен начин на размислување. Предност при селекцијата ќе имаат невработените кандидати. Сите заинтересирани учесници своето CV можат да го пратат на  contact@masit.org.mk најдоцна до 21.04.2017. ФАЗИ Фази во процесот на регрутација, следење, профилирање и оценување на прогресот на кандидатите до фазата на ниво поврзување со компании. Фаза 0: Прибирање на влезни податоци (CV-а) од заинтересираните кандидати и проценка на задоволувањето на основните критериуми за квалификација во обуката; Фаза 1: Тестирање за сите кандидати преку генерален тест на знаење кој опфаќа повеќе компоненти (ангиски јазик, логика, основни компјутерки познавања); Фаза 2: Усно интервју на потесно селектираните кандидати; Фаза 3: Тест за профилирање на потесно селектираните кандидати; Фаза 4: Дефинирање на целната група (Финална селекција врз основа на првите два критериуми) По успешно завршување на обуката (односно поединечни нејзини делови-предмети) следуваат уште две фази за заокружување на циклусот на реквалификација; Фаза 5: Проверка на постигнатите знаења преку самостојна изработка на проект или студија на случај и друг вид тестирања за следење на прогресот на кандидатите; Фаза 6: Насоки и асистенција при идентифукување на потенцијален работодавач. Локација на проектот:- Обуката се одржува во Скопје, во просториите на Сивус едукативен и развоен центар.

Публикации

Unique value proposition for the Macedonian software and IT services industry (2012)

Позицискиот документ “Unique value proposition for the Macedonian software and IT services industry” е подготвен во 2012 година како активност во рамки на Стратегијата за промоција на извоз на софтвер и ИТ услуги и подготовката на истиот е поддржанa од УАСИД ИДЕАС. Документот е подготвен во насока на истражување и подобрување на можностите и конкурентските предности на македонските ИТ компании и зголемување на нивното учество на меѓународен пазар. Целта на овој документ е да ги утврди конкурентрските предности на македонската индустрија на софтвер и ИТ услуги со цел истите да бидат користени во маркетинг активности. Unique value proposition for the Macedonian software and IT services industry

Завршени Проекти, Проекти

WINS ICT – Western Balkan Countries Inco-Net Support in the field of ICT

WINS-ICT „Western Balkan Countries Inco-Net Support in the field of ICT “ е проект финансиран од 7-та Рамковна програма на Европската Комисија за истражување и технолошки развој под темата ИКТ на Програмата за соработка, спроведуван во периодот 01.01.2009 – 31.12.2010. Како акција за поддршка, WINS-ICT има намера да ја зајакне соработката на науката и технологијата помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан преку продлабочување на би-регионалните стратешки односи во областа на ИКТ и промовирање на учеството на ИКТ истражувачите од земјите од Западен Балкан во ФП 7 програмата. Специфичните цели на проектот WINS-ICT се: Обезбедување на сеопфатно разбирање на тековната рамка на политиките за ИКТ истражување и развој на ЕУ за земјите од Западен Балкан, реализирање на еднонасочна информативна точка насочена кон истражувачите и креаторите на политиките во Западен Балкан, како и на земјите-членки на Европската унија. Оптимизирање на рамката на политиката и соработката во истражувањето преку обраќање до релевантните засегнати страни, користејќи контакти на внимателно избраните партнери на проектот. Поддршка за градење одржливи мрежи помеѓу иновативните истражувачи од областа на Западен Балкан и нивните колеги од ЕУ во однос на соработката во 7-та рамковна програма и особено во приоритетот на ИКТ. Подобрување на капацитетите и можностите на истражувачите од земјите од Западен Балкан успешно да учествуваат и да се натпреваруваат во Рамковната програма под еднакви услови со земјите-членки, овозможувајќи им да го преземат предизвикот да достават свои идеи за проект како координатори. Партнери во проектот се: ZSI  – Austria TESEO – Belgium GRNET – Greece ZENIT- Germany EFB-UK TUBITAK – Turkey SC IPA SA  – Romania Croatian Chamber of Economy – Croatia Central European Initiative – Italy Ministry of Telecommunications – Serbia CIVET – Albania EXIT- Bosnia&Herzegovina MPIN-Montenegro BOS – Serbia MASIT –  Macedonia Сите детали за активностите на проектот може да се најдат на http://wins-ict.archiv.zsi.at/  и на https://cordis.europa.eu/project/id/231648 .

Публикации

Ставови и препораки на МАСИТ за јавни набавки на ИКТ (2010)

МАСИТ очекува со овој документ да ги приближи своите идеи до пошироката јавност и до соодветните институции кои имаат надлежности во областа на планирањето и спроведувањето на јавните набавки, и да ја подобри својата способност да биде препознаен партнер на Владата за дијалог и активно вклучување во клучните дискусии за спроведување на процедурите за јавните набавки како и за регулаторната политика во оваа област. Ставови и препораки на МАСИТ за јавни набавки на ИКТ

Публикации

Стратегија за промоција на извоз на софтвер и ИТ услуги (2010)

Целта на оваа стратегија е да се помогне во унапредување на извозот, во тесна соработка со сите релевантни чинители, што ќе и помогне на македонската  индустрија за софтвер да ја постигне следнава главна цел: Македонија да се етаблира како препознатлив бренд за специјализирани, квалитетни услуги за аутсорсинг и софтверски производи во Европа, врз основа на системска конкурентност, извонредност на компаниите и супериорна вредност за потрошувачот. Во тесна врска со оваа главна цел, со стратегијата за унапредување на извозот се стреми кон следниве стратешки цели: Надминување на пречките поврзани со извозот и успешно позиционирање на македонските софтверски компании (особено МСП) на меѓунaродните пазари; Отворање нови пазари и нови сегменти на потрошувачи; Поттикнување на економски раст воден од извозот и зголемување на вработеноста; Да се поттикне меѓународниот маркетинг и брендирање на Македонија и нејзината индустрија за софтвер; Спречување и менување на насоката на одливот на мозоци; Поттикнување на трансферот нa технологија и пристапот до нови технологии и знаење; Намалување на ризикот преку диверзификација на пазарите; Забрзување на интеграцијата на пазарот на ЕУ; Резимирано може да се каже дека намената на стратегијата за унапредување на извозот не е само да се олесни интернационализацијата на македонските компании за софтвер и ИТ услуги, туку и да се зголеми конкурентноста на македонската индустрија за софтвер на одржлива основа и да се зајакне нејзината улога како катализатор на растот, продуктивноста, и иновациите во македонското стопанство. Индустријата за сoфтвер е еден исклучително динамичен сектор. Затоа, целта на оваа стратегија не е да се дефинира статичен систем од стратешки мерки за унапредување на развојот што ќе бидат непроменливи. Тој повеќе треба да се гледа како почетна точка и стратешка насока, којашто флексибилно ќе реагира на идниот развој на ресурсите и можностите, како и на промени на глобалните пазари и во технологијата. Следствено, овој документ дефинира систем проактивни стратешки политики и мерки насочени кон иднината, коишто ќе мора постојано да се ревидираат, прилагодуваат и подобруваат за да се обезбеди нивната ефективност. Оваа стратегија е развиена со помош на ГТЗ во 2010 година. Стратегија за унапредување на извоз на софтвер и ИТ услуги 2010 (МК) Export Promotion Strategy for the Export Promotion Strategy for the Macedonian Software and IT Services Industry 2010 (EN)

Завршени Проекти, Проекти

Стратегија за промоција на извоз на софтвер и ИТ услуги

Креирањето на Стратегијата беше иницирано од страна на Комората за информатички и комуникациски технологии МАСИТ во соработка со Проектот за унапредување на инвестициите и извозот (ИЕП), што се спроведува од страна на Германско друштво за интернационална соработка (ГИЗ) по налог на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ). Стратегијата претставува прв национален документ со сеопфатен пристап во подобрувањето на меѓународната конкурентност на домашната ИТ индустрија и е резултат на повеќемесечната посветена работа на членовите на Работната Група за изработка на Стратегијата, сочинета од претставници од повеќе релевантни министерства и државни агенции, МАСИТ, институции во високото образование како и донаторски организации активни во полето на унапредување на македонската ИКТ индустрија. Целта на оваа стратегија е да се помогне во унапредување на извозот, во тесна соработка со сите релевантни чинители, што ќе и помогне на македонската  индустрија за софтвер да ја постигне следнава главна цел: Македонија да се етаблира како препознатлив бренд за специјализирани, квалитетни услуги за аутсорсинг и софтверски производи во Европа, врз основа на системска конкурентност, извонредност на компаниите и супериорна вредност за потрошувачот. Во тесна врска со оваа главна цел, со стратегијата за унапредување на извозот се стреми кон следниве стратешки цели: Надминување на пречките поврзани со извозот и успешно позиционирање на македонските софтверски компании (особено МСП) на меѓунaродните пазари; Отворање нови пазари и нови сегменти на потрошувачи; Поттикнување на економски раст воден од извозот и зголемување на вработеноста; Да се поттикне меѓународниот маркетинг и брендирање на Македонија и нејзината индустрија за софтвер; Спречување и менување на насоката на одливот на мозоци; Поттикнување на трансферот нa технологија и пристапот до нови технологии и знаење; Намалување на ризикот преку диверзификација на пазарите; Забрзување на интеграцијата на пазарот на ЕУ; Резимирано може да се каже дека намената на стратегијата за унапредување на извозот не е само да се олесни интернационализацијата на македонските компании за софтвер и ИТ услуги, туку и да се зголеми конкурентноста на македонската индустрија за софтвер на одржлива основа и да се зајакне нејзината улога како катализатор на растот, продуктивноста, и иновациите во македонското стопанство. Индустријата за сoфтвер е еден исклучително динамичен сектор. Затоа, целта на оваа стратегија не е да се дефинира статичен систем од стратешки мерки за унапредување на развојот што ќе бидат непроменливи. Тој повеќе треба да се гледа како почетна точка и стратешка насока, којашто флексибилно ќе реагира на идниот развој на ресурсите и можностите, како и на промени на глобалните пазари и во технологијата. Следствено, овој документ дефинира систем проактивни стратешки политики и мерки насочени кон иднината, коишто ќе мора постојано да се ревидираат, прилагодуваат и подобруваат за да се обезбеди нивната ефективност. Оваа стратегија е развиена со помош на ГТЗ во 2010 година. Стратегија за унапредување на извоз на софтвер и ИТ услуги 2010 (МК) Export Promotion Strategy for the Export Promotion Strategy for the Macedonian Software and IT Services Industry 2010 (EN)

Публикации

Позициски документ за “Развој на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи” (2009)

Во периодот од Мај до Ноември 2009 година, Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии работеше на изработка на Позициски документ за “Развој на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи”. Изработката на овој документ беше поддржана од Проектот за деловно опкружување на УСАИД, преку ангажирање на консултант за истражување и изработка на студија со цел утврдување на конзистентни предлог-политики за широкопојасен интернет во Македонија. Позицискиот документ е изработен според стандардите на МАСИТ за изработка и усвојување на позициски и стратегиски документи и преку него се декларираат ставовите на МАСИТ во поглед на развојот на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи,  а со цел истиот  активно да придонесе во насока на подобрување на технолошките и пазарни услови за простап до Интернет. Позициски документ за Развој на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи

Публикации

Истражување за побарувачката на работна сила во ИКТ секторот (2005 и 2009)

Истражувањето за побарувачката на работна сила во ИТ секторот во 2005 година е направено од МАСИТ и Проектот за конкурентност – МЦА финансиран од USAID.  Истражувањето е финансиски поддржано од German technical support program (GTZ PSP). Изработката е врз база на методологијата на WITSA, според која веќе се направени слични истражувања во Шри Ланка и Филипини со поддршка на USAID.  Истражувањето е целосно поддржано од 5-те факултети кои едуцираат ИТ професионалци во Македонија: Електотехничкиот факултет – Скопје, Машинскиот факултет – Скопје, Техничкиот факултет – Битола,  Природно математичкиот факултет – Скопје и Економскиот факултет – Скопје. Сите податоци се собрани од МАСИТ во периодот октомври-декември 2005, додека истражувањето е направено од Економскиот факултет во Скопје. Истражувањето за побарувачката на работна сила во ИТ секторот (2005) Истражувањето за побарувачката на работна сила во ИКТ секторот  за 2009 е направено од страна на SMMRI, подржано од Проектот за конкурентност на USAID, направен за Стопанската комора за ИКТ – МАСИТ. Оваа година извештајот нуди споредба со резултатите од направениот извештај за 2005 година. Истражувањето за побарувачката на работна сила во ИКТ секторот  (2009)

Завршени Проекти, Проекти

SCORE project

Проектот SCORE – Strengthening the strategic cooperation between the EU and Western Balkan region in the field of ICT Research  е специфична акција за поддршка која опфаќа потреба од добро дефинирани идни истражувачки приоритети што ќе ја зајакнат научната и истражувачката соработка помеѓу регионот на Западен Балкан и ЕУ. SCORE се осврнува конкретно на тематската област на информатички комуникациски технологии (ИКТ), што одговара на една од деветте тематски области на програмата „Соработка“ на ФП7. Следејќи ја горенаведената потреба, целите на SCORE се: Да се ​​развие стратешка агенда за ИКТ за истражување за регионот на Западен Балкан, која ќе ги дефинира приоритетите за ИКТ за истражување во регионот, по широка консултација со засегнатите засегнати страни (на пр. Национални креатори на политики за истражување и технолошки развој, актери за истражување, вклучително академски, непрофитни и приватни организации за истражување и ИКТ компании). Развивање на документ за политика со „Препораки за обликување на научна соработка на ЕУ со регионот на Западен Балкан во областа на ИКТ истражувањата: 2007-2013“. Документот за политика ќе придонесе за формирање на програмата за соработка на FP7. Трансфер на резултатите од истражувањето на ЕУ и технологиите во идентификуваните приоритети за ИКТ за истражување / тематски области со цел запознавање на актерите од истражувањето на Западен Балкан со тековните истражувања и современите технологии во овие области. Олеснување на развојот на мрежи помеѓу актерите од истражувањето во регионот на Западен Балкан и меѓу регионот и ЕУ со цел развој на контакти, размена на идеи и спроведување на заедничка истражувачка соработка. Конзорциумот SCORE ги претставува сите земји во регионот на Западен Балкан (Албанија, Поранешна југословенска Република Македонија, Босна и Херцеговина, Србија). Проектот е спроведен во периодот 1.02.2007 – 31.01.2009. Повеќе информации за проектот можат да се најдат на https://cordis.europa.eu/project/id/045384 .

Завршени Проекти, Проекти

SEE Innovation

The project SEE Innovation – Facilitating Innovation for ICT SMEs in South Eastern Europe, is a Specific Support Action aiming to assist SMEs from candidate and third countries from the region of South Eastern Europe (SEE) to participate actively in EU-funded research in the field of Information Society Technologies. Проектот SEE Innovation – Facilitating Innovation for ICT SMEs in South Eastern Europe, е специфична акција за поддршка со цел да им помогне на МСП од кандидати и трети земји од регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) да учествуваат активно во истражувања финансирани од ЕУ во областа на технологии за информатичко општество. Специфичните цели на ЈИЕ-иновацијата се: мапирање на капацитетите и потребите на малите и средни претпријатија кои работат во ИКТ секторот во земјите од Југоисточна Европа со цел да се идентификуваат оние компании кои имаат потенцијал и силен интерес да учествуваат во активности поврзани со РТД; да обезбеди обука за можностите што ги нуди ЕУ FP6 за иновативни ИКТ МСП, особено ИСТ и сродните програми; да ги поддржат малите и средни претпријатија од Југоисточна Европа во формирање на конкурентна технолошка понуда (дури и како кластер на компании) да бидат привлечни за идните конзорциуми на проекти што ќе се однесуваат на повиците на ИСТ и сродните програми; и да се олесни развојот на мрежи помеѓу МСП во регионот на Југоисточна Европа со цел да се разменат идеи и да се спроведе заедничка истражувачка соработка, како и помеѓу МСП и организациите на ЕУ, бидејќи ова е клучот за вклучување во заеднички проектни активности. SEE Innovation е целосно усогласена со целите на активностите на eкономско и технолошко разузнавање на Европската комисија и придонесува за јакнење на научната и технолошката соработка помеѓу земјите членки на ЕУ, асоцираните земји-кандидатки и земјите од Западен Балкан. Седум држави од Југоисточна Европа се претставени во проектот: Албанија, Бугарија, Хрватска, ПЈРМ, Романија, Србија и Црна Гора и Турција. Времетраењето на проектот е 24 месеци во периодот 01.07.2005 – 30 јуни 2007 година. Повеќе информации можат да се најдат на https://cordis.europa.eu/project/id/23318 .

Scroll to Top