МАСИТ и RAGUSA Group: „CONNECT & TASTE“
Успешно реализиран „CONNECT & TASTE“: Нови стандарди за деловно вмрежување на ИКТ секторот Во прекрасниот амбиент на ресторанот PARK by RAGUSA, Стопанската комора за ИКТ – МАСИТ, заедно со својот патрон партнер RAGUSA GROUP, го реализираа првиот деловен бранч под името „CONNECT & TASTE“. Настанот послужи како платформа за директно поврзување на лидерите од ИКТ индустријата со цел градење нови партнерства и истражување на можности за соработка во опуштена, но професионална атмосфера. Синергија помеѓу технологијата и врвното угостителство Главниот фокус на „CONNECT & TASTE“ беше потврдување на стратешкото партнерство помеѓу МАСИТ и Ragusa Group. Преку овој настан, членките на комората имаа единствена можност одблиску да се запознаат со капацитетите и професионалноста на Ragusa Group – лидер во областа на организација на корпоративни настани и гостопримство. „Овој настан потврди дека најдобрите идеи и стратешки партнерства се создаваат кога професионалноста се среќава со вистинските соработници. Со Ragusa Group како наш патрон партнер, членките на МАСИТ добиваат моќен сојузник кој гарантира беспрекорна организација и поддршка за сите идни корпоративни активности,“ велат од комората. „Ни претставува особена чест што го одбележуваме почетокот на ова стратешко партнерство со МАСИТ. Веруваме дека оваа соработка ќе донесе нови можности и вистинска додадена вредност за компаниите членки. Како патрон партнер, за заедницата на МАСИТ подготвивме специјална програма со ексклузивни бенефити која ќе биде достапна во сите наши локации – PARK by Ragusa, RAGUSA 360, Ragusa 919 и Kinder PARK. Нашата цел е да понудиме врвно искуство и поддршка како за компаниите, така и за сите нивни вработени, поставувајќи нови стандарди во корпоративното дружење.“ – изјави Ирена Голомеиќ, Директор на продажба, RAGUSA Group Сеопфатно партнерство со целото портфолио на Ragusa Group Она што ја прави оваа соработка посебна е нејзиниот широк опсег. Стратешкото партнерство и придобивките од специјално креираната програма важат за сите капацитети во рамките на Ragusa Group, овозможувајќи им на членките избор на соодветен амбиент за секоја пригода: PARK by RAGUSA GROUP – за престижни настани во срцето на Градскиот парк; RAGUSA 360 – за ексклузивни корпоративни прослави со панорамски поглед; RAGUSA 919 – за автентични деловни ручеци и настани; KINDER PARK – идеално место за семејни и тимски дружења со најмладите. Ексклузивни привилегии за компаниите и вработените Заедницата на МАСИТ добива пристап до ексклузивни бенефити и повластени услови кои се внимателно дизајнирани да одговорат на потребите на современиот ИКТ сектор. Оваа програма ги опфаќа сите компании кои се членки на МАСИТ и вработените во компаните. Поглед кон иднината: Креирање додадена вредност Настанот „CONNECT & TASTE“ е само почеток на низата активности кои имаат за цел да ја зајакнат ИКТ заедницата преку квалитетно вмрежување. Комбинацијата на врвна гастрономија и деловна дискусија се покажа како вистински модел за поттикнување на дијалог и иновации во секторот. МАСИТ продолжува посветено да гради мостови и да создава вредност за своите членки, поставувајќи нови, повисоки стандарди за корпоративна култура и професионално дружење во Македонија.









