Новости

Средба на Платформата за јавно приватен дијалог со Г-дин Мартин Викерс, трговски пратеник за Западен Балкан на Премиерот на Обединетото кралство Г-дин Борис Џонсон

Денес се одржа виртуелна средба помеѓу високи претставници на Стопанските Комори кои се дел од Платформата за јавно приватен дијалог (Г-дин Зоран Јовановски од Стопанската комора на Македонија, Г-ѓа Данела Арсовска од Сојузот на Стопански комори, Г-дин Неби Хоџа од Стопанската комора на Северозападна Македонија, Г-дин Илија Господинов од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ) со Г-дин Мартин Викерс, трговскиот пратеник за Западен Балкан на Премиерот на Обединетото кралство, Г-дин Борис Џонсон и неговиот тим. Средбата беше организирана под покровителство на Министерството за надворешни работи со поддршка на Амбасадата во Обединетото кралство, а на истата присуствуваа и Амбасадорот на Северна Македонија во Обединетото кралство Н.Е. Александра Миовска, Амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија Н.Е. Рејчел Галовеј, Директорот за глобални бизнис мрежи при Британските Стопански Комори Г-ѓа Анне-Марие Мартин, ДИТ Директорот за Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово Г-дин Никола Стојановски и Амбасадорот Илија Псалтиров од Министерството за надворешни работи како модератор на истиот. На средбата, Г-динот Викерс како прв трговски пратеник за Западниот Балкан, ги претстави неговите заложби за интензивирање на економската соработка со Северна Македонија и се запозна одблиску со секоја од присутните Стопански комори, нивните активности како и потенцијалите за продлабочување на соработката помеѓу двете земји, при што од негова страна беше потврден интересот на Обединетото Кралство за продлабочување на економската соработка земјите од Западен Балкан меѓу кои и Северна Македонија.  Посебен акцент во рамки на дискусијата беше ставен на можна соработка во областа на обновлива енергија, зелена агенда, информатички и комуникациски технологии – ИКТ, потенцијална соработка на инфраструктурни проекти како и можности во циркулацијата на луѓе и стоки по Брегзит помеѓу Велика Британија и Северна Македонија, како земји што не се членки на ЕУ. Двете страни се договорија за продолжување на разговорите со цел овозможување на  институционална поддршка на македонските и британските компании да ја интензивираат соработката во иднина, да најдат точки на заеднички интерес и да придонесат за зголемување на севкупната економска соработка помеѓу двете земји. 

Новости

WITSA повикува на партнерство со владите за поврзување на светот

Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) објави извештај со наслов „Улогата на владата во поврзувањето на светот – од перцепција на индустријата”. Извештајот наложува дека во дигитално предводена светска економија, целосното приклучување кон дигиталнато доба е неопходно за иднината на земјите. Обврска е на владите , во партнерство со индустријата и другите засегнати страни, да ја структурираат е-трговијата и дигиталната економија со усвојување закони кои го фаворизираат усвојувањето на ИКТ и економскиот раст. Во многу земји во развој, ова е огромен предизвик што ќе вклучува реформа на постојните политики, закони и регулативи во многу области. „Пандемијата ја истакна очигледна потреба за надминување на дигиталниот јаз, во и помеѓу земјите, имајќи ја предвид клучната улога што ја одигра дигиталната економија за време на кризата “, рече Претседателот на WITSA, Yannis Sirros . „Кризата со КОВИД-19 претставува уникатна можност за подобрување на животот и егзистенцијата на граѓаните. Владите, приватниот сектор, меѓународните организаци и граѓаните мора да го прифатат предизвикот за зголемување на дигитализацијата и да се осмелат да направат разлика “, продолжи г-н Sirros . „Моментот е сега!“ „За жал, дигиталната економија е сè уште релативно незабележана во многу нови земји низ целиот свет, а политиките и регулативите не успеваат да одат во чекор со забрзаните дигитални трансформации што се случуваат “, рече генералниот секретар на WITSA, д-р Jim Poisant. „Императив е владините лидери, во соработка и партнерство со приватниот сектор, да ја прифатат и наметнат употребата на дигиталните технологии “, продолжи д-р Jim Poisan . „ИКТ мора да биде во сржта на сите одлуки донесени од владините лидери.” Целосниот извештај можете да го погледнете на линкот подолу. Превземи PDF

Новости

Иницираме и поттикнуваме враќање на вредностите за филантропија, емпатија и солидарност во кризни моменти

Денес во Гимназијата „Никола Карев“ и ООУ„Аврам Писевски“ од Скопје беа донирани компјутери за сите ученици кои немаа соодветен уред за следење на онлајн настава на почетокот на оваа учебна година. Со оваа донација од вкупно 30 користени компјутери ќе се покријат во целост побарувањата за уреди на учениците во двете споменати училишта. Компјутерите се донирани, сервисирани и целосно ставени во функција за непречено користење од страна на членките на  Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ. „Нешто што започна како индивидуална граѓанска акција чии иницијатори се: Центар за управување со знаење, Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ, Асоцијација на советници за развој на кариера – АСК Скопје и Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија би сакале да прерасне во сеопфатна мобилизација. Наша клучна задача како организации е да иницираме и поттикнуваме враќање на вистинските вредности за филантропија, солидарност и емпатија“ – подвлече Драги Змијанац, основач и претседател на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. Следејќи ја актуелната состојба со отпочнување на новата учебна година и настанатите потешкотии за реализација и следење на истата за голем број училишта и деца, нашите организации свесни за потребата за мобилизација и за заедничко здружување на ресурсите и презентирање на проактивен организациски пример, одлучија да понудат помош и поддршка преку реализирање на пилот активност за мобилизација на претпријатија и други организации кои би биле подготвени да донираат компјутерска опрема за децата од социјално загрозени семејства. „Би истакнала дека ова наша соработка е вистински пример како заедничката повисока цел, јасниот фокус и посветеност кон остварување таа поставена цел може да ги поврзе компаниите и организациите и да даде резултат. Исклучително се гордеам со фактот дека во изминатите 3 месеци покажавме вистински пример за соработка, координација и истрајност, гледано од професионален аспект“ – коментираше Катерина Златановска Попова, претставник на Асоцијацијата на советници за развој на кариера АСК Скопје. „Токму затоа ги повикуваме сите кои би сакале да ја покажат големината на солидарноста во кризни времиња, имаат можности и желба да направат разлика, независно дали се работи за компании, институции или организации, да истапат и да нѐ контактираат, а ние ќе им го споделиме нашето искуство, патот кој го изодевме во изминатите 3 месеци до финализирање на донацијата“ – истакна Андријана Богдановска, Директор на Центарот за управување со знаење. „Акцијата е мал пилот и со истата првично опфативме 1 основно и 1 средно училиште, а донациите на уредите и нивното сервисирање се од членките на Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ, и тоа во овој наврат од компаниите Нетцетера и ИНет, двете од општина Карпош. Планираме ова да биде континуирана активност која ќе се спроведува и во претстојните месеци, а наша огромна желба е да покриеме што повеќе училишта и да обезбедиме што поскоро доволно уреди за сите деца да можат да следат онлајн настава оваа учебна година“ – изјави Анита Никова, извршен директор на МАСИТ. Донацијата е реализирана во координација со Министерството за образование и наука, одговорните лица во секторот за образование во Град Скопје и Општина Карпош како и несебична поддршка од директорите на споменатите училишта кои ќе се погрижат донираните уреди да стигнат до учениците на кои им е најнеопходна.  Андријана Богдановска – Центар за управување со знаење Катарина Златановска Попова – Асоцијација на советници за развој на кариера – АСК Скопје Драги Змијанац – Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија Анита Никова – Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ

Новости

Проект “Патека за дигитализација” Билтен бр.2

Задоволство ни е да Ви го претставиме вториот билтен од нашиот проект: Патека за дигитализација, кој дава преглед на некои главни моменти и активности во текот на второто тромесечие од проектот и отворените повици за поддршка на компаниите корисници. За проектот „Патека за дигитазација“ : Проектот „Патека за дигитазација“ го спроведува конзорциум составен од МАСИТ (Северна Македонија) во партнерство со СТИКК (Косово) и ИКТ Нет (Србија) финансирани од Проектот за економски развој, управување и раст на претпријатијата на УСАИД. Главната цел на овој проект е поддршка на малите и средни претпријатија од таргетираните сектори (свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам) од Северна Македонија, Косово и Србија во своите активности за: Подобро разбирање и запознавање со придобивките од дигиталната трансформација Анализирање на нивното моментално ниво на дигитална транформација и креирање стратегии за дигитална трансформација со идентификување на приоритетите за потребните ИТ решенија Финансиска поддршка во процесот на набавка и спроведување на ИТ решенија со цел да ги подобрат нивните деловни активности. Билтенот е достапен на англиски јазик и можете да го симнете подоле. Превземи PDF

Новости

На CareerHUB регистрирани 24 компании и 80 кандидати

Платформата за поврзување млади професионалци од сферата на дигитални вештини со работодавачи CareerHUB продолжува да создава успешни приказни во сферата на дигиталните вештини. Секојдневно активно се врши регистрација на компании и на кандидати, бројка која достигна до 24 компании и 80 кандидати кои бесплатно ги користат поволностите на оваа платформа. Истата е изработена во рамки на проектот МладиХаб – Дигитална Младина, финансиран од Британската Амбасада, а имплементиран од Националниот Младински Совет на Македонија, во партнерство со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ која има за цел да овозможи поврзување на млади талентирани професионалци кои поседуваат дигитални вештини со работодавачи кои имаат потреба од ангажирање на соработници со полно или скратено работно време, хонорарен ангажман, практиканство или волонтирање.  Компаниите преку оваа платформа можат да:  Креираат профил на компанијата и да постават оглас за работа Добиваат апликации од кандидати на објавените огласи Пребаруваат кандидати по категории Ги разгледаат профилите на кандидатите и да остварат контакт со нив Апликантите од друга страна, имаат можност да: Kреираат бесплатен профил во кој ќе ги наведат сите своите знаења и способности, Имаат непречен пристап до активните огласи Во секое време аплицираат на оглас за работа, хонорарен ангажман, практиканство или волонтирање. За регистрација и за повеќе информации посетете го следниот линк. Извор: Бизнис Регулатива  

Новости

20 Години МАСИТ

Славиме и одбележуваме 20 годишен јубилеј на МАСИТ. 20 години, МАСИТ е глас и ресурс на конкурентната ИКТ индустрија. 20 години, МАСИТ ја поддржува и ја унапредува македонската ИКТ индустрија. 20 години, МАСИТ работи на препознатливоста, имиџот и репутацијата на ИКТ индустријата. По повод јубилејот, снимивме видео со вработените во МАСИТ, генерацијата која го одбележува овој голем и значаен јубилеј. Погледнете го видеото во прилог https://youtu.be/snLV0CyZJuk По повод, одбележувањето на 20 годишниот јубилеј од постоењето на МАСИТ, ги поканивме сите Претседатели на МАСИТ низ годините, кои од поблиску ни го дадоа нивното размислување, ги споделија нивните искуства и ни пренесоа за тоа – како е да се биде Претседател на МАСИТ, што претставува МАСИТ за нив, што го прави МАСИТ посебен како комора, како и кои се нивните очекувања во иднина за МАСИТ. Сите овие ценети Претседатели и лидери на МАСИТ, се исклучителни луѓе, професионалци, сопственици, менаџери на ИКТ компании во Македонија, кои дале свој личен придонес, активност, посветеност, анганжман, експертиза, храброст и достојност да бидат на чело на Комората и допринеле за раст и развој, со цел МАСИТ да претставува тоа што е денес. Погледнете го видеото во прилог https://youtu.be/uFciPKJiBpM

Новости

Специјална јубилејна понуда за зачленување во МАСИТ по повод 20 години јубилеј од постоењето на Комората

Чест ни е и задоволство да ве известиме дека во месец декември прославивме јубилеј од 20 години од постоењето на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. Веќе две децении, МАСИТ успешно ја исполнува улогата која му е доверена, да ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето. Како резултат на посветеноста кон нашата цел и визија, ни претставува посебно задоволство да ве информираме дека, пролжуваме со промотивниот датум да понудиме специјална јубилејна понуда, со која Ве покануваме Вас и вашата компанија да се приклучите кон семејството на МАСИТ кое во моментов брои 98 компании членки и тоа: започнувајќи од денес, заклучно до 31ви јануари 2021 година, нудиме продолжување промо пакетот, зачленување за сите компании кои сакаат да се зачленат, без плаќање на таксата за зачленување, која чини 240 евра +18% ДДВ како еднократен издаток Како компанија, членка на МАСИТ имате можност за пристап до информации, едукација, правни совети, соработка, вмрежување и промоција на домашно, регионално и меѓународно ниво, се со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата.  Се надеваме дека МАСИТ претставува вистинско решение за Вашите потреби, и заеднички ќе придонесеме за ваши поголеми успеси и достигнувања, бидејќи визијата на МАСИТ  е да овозможи раст на македонскиот ИКТ бизнис, негова препознатливост и имиџ, како во земјата така и во странство, како и унапредување на македонската економија и просперитет со посилна, поорганизирана и прогресивна ИКТ индустрија. Сите дополнителни информации околу зачленувањето и потребните документи за зачленување можете да ги најдете на следниот линк. За сите дополнителни информации, стоиме на располагање во секое време, а секако доколку имате потреба можеме да закажеме и онлајн состанок во термин кој вам ви одговара, на кој од поблиску ќе ви ги презентираме можностите и услугите кои МАСИТ ги нуди. contact: contact@masit.org.mk

Новости

CareerHUB платформа каде се сретнуваат кандидати и работодавци, проект МладиХАБ – Дигитална Младина

Со големо задоволство ве информираме дека CareerHUB започна со функционирање, истата е изработена во рамки на проектот МладиХаб – Дигитална Младина, финансиран од Британската Амбасада, а имплементиран од Националниот Младински Совет на Македонија, во партнерство со МАСИТ која има за цел да овозможи поврзување на млади талентирани професионалци кои поседуваат дигитални вештини со работодавачи кои имаат потреба од ангажирање на соработници со полно или скратено работно време, хонорарен ангажман, практиканство или волонтирање. Ги охрабруваме/замолуваме сите компании членки на МАСИТ кои имаат потреба од ангажман на лица кои поседуваат дигитални вештини да креираат профил на платформата и да поставуваат оглас/и. Преку оваа платформа можете да: Креирате профил на вашата компанија и да поставувате оглас Добивате апликации од кандидати на објавените огласи Ги разгледате профилите на кандидатите и да остварите контакт со нив Платформата е целосно во функција, поради тоа ве охрабруваме да го искористете целиот потенцијал со кој располага истата. Линк до CareerHUB https://careerhub.mladihub.mk/default

Новости

Инфо-сесија на тема: ICT – Workforce assessment report

Денес, 11 декември 2020 година, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ одржаа инфо-сесија за претставување на наодите од анализата за потребите на ИКТ индустријата за квалификувана работна сила како еден од најголемите предизвици за одржување на конкурентноста и зголемување на растот. Инфо сесијата беше организирана заедно со Регионалниот проект на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата (EDGE) и Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, реализиран од Епи Центар во партнерство со Стопанската комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори. Заклучоците и препораките од анализата, како и директните предлози од бизнис секторот од денешната онлајн инфо-сесија ќе бидат доставени до надлежните органи преку Платформата за јавно-приватен дијалог за да се креираат мерки кои ќе ги адресираат овие недостатоци. Извештајот може да го симнете на линкот подолу. Превземи PDF

Новости

Nextsense и Elevate Global, наградени со почесната награда “Merit Winner Award” во рамки на глобалниот настан “WITSA Global ICT Excellence Awards”

Денес, во рамки на глобалниот настан “WITSA Global ICT Excellence  Awards”, нашите компании членки Nextsense со решението “ Contact Tracing technology” и Elevate Global со решението “BAT”, ја добија почесната награда “Merit Winner Award” во рамки на глобалниот настан “WITSA Global ICT Excellence Awards”, а во конкуренција со ИKТ компании од целиот свет. Настанот се одржува од 18- 20.11 во Пенанг, Малезија. „Оваа година, номинациите доставени до WITSA за годинeшни награди, го опфаќаат целото глобално членство на WITSA, од Нигерија до Бангладеш, од Аргентина до Велика Британија и пошироко. Годинешниот избор на награди се случуваа во многу уникатно време во историјата. И покрај минувањето низ глобална пандемија, воодушевени сме што ќе можеме да препознаеме некои од најдобрите решенија за ИКТ од владите, институциите, поединците и индустријата “, изјави генералниот секретар на WITSA, д-р Jim Poisant“. „Во сите претходни 20 години откако се одржуваат WITSA Global ICT Excellence  Awards, немавме чест и привилегија, да добиеме и разгледаме, квалификувани, уникатни и извонредни решенија, какви што добивме оваа година“ – изјави претседателката на WITSA г-ѓа Yvonne Chiu. МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) ги номинираше пријавените решенија од компаниите членки на МАСИТ до WITSA , a годинава беа објавени следниве категории за номинација: КОВИД-19 технички решенија за градови и локалитети, КОВИД-19 технички решенија за земји или региони, КОВИД-19 најдобри решенија во индустријата, награда за јавно – приватно партнерство, награда за дигитални иновации, решение за одржлив раст, иновативни решенија во здравството, награда за дигитални иновации, и награда за е-образование и учење. Повикот за учество во изборот беше отворен за сите компании членки на МАСИТ, но и за ИКТ компаниите кои не се дел од МАСИТ, а право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат готови сопствени решенија, имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија. Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) е водечки признат меѓународен глас на глобалната ИКТ-индустрија, чии членови од над 80 земји и економии претставуваат повеќе од 90 проценти од светскиот IKT пазар.

Scroll to Top