Новости

Г-дин Зоран Лазаревски, Член на Управниот одбор на МАСИТ од компанијата АССЕКО СЕЕ, е избран за член на Одборот на директори на Светската Алијанса за Информатички технологии и услуги – WITSA

На состанокот на Генералното собрание на 17 ноември 2020 година, Светската алијанса за информатички технологии и услуги (WITSA) избра свои лидери за членови на Одборот на Директори за мандатот 2020-22, вклучувајќи 23 директори од четири континенти, меѓу кои и претставникот на Управниот одбор на МАСИТ, Г-дин Зоран Лазаревски од компанијата АССЕКО СЕЕ. Воедно, за време на Генералното Собрание, за Претседател на WITSA во мандатот 2020-2022 беше избран Г-дин Yannis Sirros од Hellenic Information Technology and Communications Enterprises (SEPE) од Грција. Целосната информација за новото избрано раководство на WITSA за мандатот 2020-2022 можете да ја погледнете на следниот линк https://witsa.org/witsa-elects-new-leadership-for-the-2020-22-term-selects-mr-yannis-sirros-as-its-first-chairman-from-europe/ МАСИТ е член на WITSA од 2005 година и втор пат е дел од Одборот на директори на WITSA. Со влегувањето на МАСИТ во Одборот на директори на WITSA, МАСИТ станува активен чинител во креирањето на политиките за развој на ИКТ на светско ниво, што е од посебно значење особено во овој период во кој глобалната пандемија Ковид-19 ја постави ИКТ индустријата и потребата од дигитализацијата на сите аспекти на живеење во главен фокус на светско ниво. Преку активно учество во Одборот на директори МАСИТ ќе има можност да ги престави своите видувања и ставови и заеднички во соработка со останатите членови светски лидери да ја спроведува визијата на WITSA за градење на нов дигитален свет. Г-дин Зоран Лазаревски, како член на Одборот на директори на WITSA во мандатот 2020-2022 ќе биде посветен на темите поврзани со дигитална транзиција како светски процес, справување со предизвиците поврзани со работната сила и образование во ИТ секторот, приватност на податоци, како и зголемување на соработката во рамки на WITSA. “Пред се би сакал да се заблагодарам на УО на МАСИТ, Председателката Анета Пешева и Извршната канцеларија на МАСИТ, за номнацијата и поддршката која ја имав во текот на целиот процес. Можноста  активно да се учествува во креирањето на политиките во ИКТ секторот на глобално ниво, представува исклучително голема обврска и одговорност за МАСИТ и за мене како представник на МАСИТ. Секако дека ова представува можност за афирмирање на МАСИТ во рамките на регионот и пошироко и во таа смисла интензивирање на меѓународната соработка на МАСИТ со други сродни комори од ИКТ” истакна Г-Дин Лазаревски, Целосната листа на членови на Одборот на Директори на WITSA можете да ја погледнете во продолжение: WITSA Board of Directors (2020-2022)   Name & Title Association & Country 1 Mr. Yannis Sirros Federation of Hellenic Information Technology and Communications Enterprises (SEPE) Greece 2 Mr. Sean Seah The National ICT Association of Malaysia (PIKOM) Malaysia 3 Mr. Francis Fong Hong Kong Information Technology Federation (HKITF) Hong Kong 4 Mr. Brian Shen Information Service Industry Association of Taiwan (CISA) Taiwan 5 Mr. John Kyle Business Technology Division of the Bermuda Chamber of Commerce Bermuda 6 Dr. Boris Komrakov Belarus Association of Software Development Companies (InfoPark) Belarus 7 Mr. Robert Franz Janssen Association of ICT Companies in Brazil (ASSESPRO) Brazil 8. Dr. Vasile Baltac Association for Information Technology and Communications of Romania (ATIC) Romania 9. Mr. Antonio Cimorra The Association of Electronics, IT, Communications and Digital Contents (AMETIC) Spain 10. Mr. Zoran Lazarevski ICT Chamber of Commerce of the Republic of North Macedonia(MASIT) North Macedonia 12 Mr. Toshio Iwamoto Japan Information Technology Services Industry Association (JISA) Japan 13 Mr. Julian David techUK United Kingdom 14 Mr. Hemant Kumar Chaursaia CAN Federation Nepal 15 Ms. Choi Min Hee Federation of Korean Information Industries (FKII) Republic of Korea 16 Mr. Md. Shahid-Ul-Munir Bangladesh Computer Samity (BCS) Bangladesh 17 Mr. Alexandr Yesayan Union of Advanced Technology Enterprises of Armenia (UATE) Armenia 18 Mr. Alberto Patron Cámara de Empresas de Software y Servicios Informáticos de la República Argentina (CESSI) Argentina 19 Mr. Matthias Ifesieh Information Technology Industry Association of Nigeria (ITAN) Nigeria 20 Eng. Tarek Abd-elmonem Taha Egyptian Information Telecommunications, Electronics and Software Alliance (EITESAL) Egypt 21 Mr. Santiago Gutierrez CANIETI Mexico 22 Ms. Angela Mondou TECHNATION Canada 23 Mr. Alexander Mora-Delgado Costa Rican Chamber of Information and Communication Technologies (CAMTIC) За МАСИТ Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ ја претставува Македонската ИКТ индустрија и ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето. Комората ги претставува компаниите кои работат со широк спектар на ИКТ производи и услуги во Македонија и од своето основање во 2000 година, како непрофитна и волонтерска институција, на своите компании членки им овозможува пристап до информации, едукација, правни совети, соработка, вмрежување и промоција на домашно, регионално и меѓународно ниво, се со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата. МАСИТ соработува регионално и интернационално со други организации и асоцијации. Региoнално МАСИТ соработува со сите ИКТ Асоцијации од регионот на ЈИЕ (Југо-Источна Европа), и е член на Balkan and Black Sea Cluster Network. Интернационално МАСИТ e членка на World Information Technology and Services Alliance – WITSA (www.witsa.org) од мај 2005. МАСИТ има одлична соработка со донорските организации присутни во државата. За повеќе информации за МАСИТ посетете ја www.masit.org.mk. За WITSA Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) е водечки признат меѓународен глас на глобалната ИКТ-индустрија, чии членови од над 80 земји и економии претставуваат повеќе од 90 проценти од светскиот пазар на ИКТ. WITSA е посветена на застапување на политики кои го унапредуваат растот и развојот на индустријата; олеснување на меѓународната трговија и инвестиции во ИКТ производи и услуги; зајакнување на националните здруженија на индустрија на WITSA; и обезбедување на членовите со широка мрежа на професионални контакти. WITSA е домаќин на Светскиот конгрес за информатичка технологија (WCIT), премиерната глобална индустриски спонзорирана ИКТ конференција. Членовите на WITSA се лидери на глобално меѓусебно поврзан пазар. Бидејќи предизвиците со кои се соочува ИКТ индустријата се неспорно глобални по природа, членовите на WITSA работат заедно за да постигнат заедничка визија за важни прашања од заеднички интерес. WITSA им овозможува на своите членови – почнувајќи од Монголија и Аргентина до Кенија и САД – да ги идентификуваат заедничките прашања и приоритети, да разменуваат вредни информации и да презентираат единствен став за индустриски прашања. За повеќе информации во врска со WITSA, посетете ја www.witsa.org.

Новости

S2TECH

МАСИТ е официјален партнер на 100% виртуелниот настан S2Tech (Sustainable and Smart Technologies Virtual Fair & Congress) на тема: “Today’s technology for tomorrow’s future”, со датум 25 и 26.11.2020 година, од 09:00 до 18:00 часот, под организација на Шпанските организации CICAT, DOMOTYS, SOLARTYS со поддршка од Европска Унија, Шпанското министерство за индустрија, трговија и туризам https://s2tech.es/en/organizers/. За членките на МАСИТ се обезбедени повластени цени (повеќе за ова на маилот подолу). За настанот Овој настан има за цел да ги надмине тешкотиите при водење бизнис и да ги запознае компаниите и организации на застапените сектори. Во целосно виртуелно опкружување, S2Tech ќе обезбеди мможност за виртуелни  состаноци каде сите учесници ќе можат да учествуваат. Во текот на двата дена во кои ќе се одржи настанот, изложувачите, презентерите и посетителите ќе имаат можност да комуницираат, да ги посетуваат штандовите, да присуствуваат на конференции и да запознаваат нови потенцијални клиенти, добавувачи или можни партнери за нивниот проект виртуелно. Платформата е дизајнирана да понуди виртуелна реалност, каде што интеракцијата со другите присутни е главен фактор. За да имате пристап до платформата, ќе ви треба само компјутер, таблет или мобилен телефон со Интернет врска и, откако ќе се поврзе во платформата, присутните ќе можат да комуницираат преку говорна порака од дигитален аватар. *Сите детали и поширок опис за самиот виртуелен настан може да погледнете во документот на линкот подолу. Веб страна https://s2tech.es/en/ Сектори кои учествуваат Energy storage Professional audiovisual Smart cities and buildings Energy efficiency Electronics Solar energy Lighting Smart technologies Ценовник Букирање на штанд 1.195 евра Говорник на настанот 380 евра S2TECH ќе има павилјон исклучиво за стартапи каде штандовите ќе имаат намалена цена од 250 евра *Сите детали во однос на ценовникот може да ги погледнете на документот во продолжение. Повеќе информации Превземи PDF

Новости

Соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор е клучна за просперитет во една држава, а истото е уште поважно во време на криза. Потврда за ова е добиената награда за јавна администрација во Западен Балкан во категоријата дигитална влада на натпревар е организиран од СИГМА/ОЕЦД и Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА)  

Новости

14тото годишно Собрание на МАСИТ

Се одржа 14тото годишно Собрание на МАСИТ- Стопанска Комора за ИКТ. Претседателот на Собрание – Goran Poposki ги поздрави присутните со афирмирање на сите досегашни успеси на комората постигнати во изминатата година и пол, а претседателката на Управниот Одбор Aneta Peseva, детално ги информираше сите присутни компании за активностите во кои комората беше активно вклучена изминатиот период. Посебен акцент беше ставен на потребата од проширување на бројот на членови на Управниот Одбор на МАСИТ поради сé поголемата ангажираност, посветеност и визибилност на МАСИТ во делот на остварување на целите и потребите кои компаниите членки ги имаат, со цел успешна промоција и лобирање пред надлежните институции. Особено сме горди што оваа година седницата на Собранието на МАСИТ се одржа целосно онлајн, а присуството на фирмите беше на највисоко можно ниво до сега. Погледнете дел од атмосферата тука:

Новости

Потпишан меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и Министерството за информатичко општество и администрација

МАСИТ заедно со МИОА го потпишаа меморандумот за соработка во насока на афирмација на областите од заеднички интерес, реализација на заеднички активности и други форми на меѓусебна соработка. Овој меморандум има за цел да обезбеди соработка помеѓу МАСИТ и МИОА со цел да се искористат надлежностите и референтните познавања на проблематиката и ИКТ. Посебен акцент во меморандумот е ставен на: Меѓусебна консултација во сите процеси на донесување на стратегии, закони, подзаконски акти и други акти кои се од значење за остварување на целите на ИКТ индустријата во Република С. Македонија Подобрување на ефикасноста на работата на ИКТ секторот и ИКТ кадрите Подигање на нивото на дигитална писменост кај граѓаните преку организирање на обуки Унапредување на условите за ефикасна и одржлива конкуренција на пазарот за електронски комуникации Поттикнување на инвестиции во јавните електронски комуникациски мрежи со воведување на нови технологии и услуги, а особено со воведување на следни генерации на јавни електронски комуникациски мрежи

Новости

Покана за настан – “Можности за поддршка на дигитална трансформација преку проектот Патека за дигитализација”

Ве покануваме на претстојниот настан “Можности за поддршка на дигитална трансформација преку проектот Патека за дигитализација” кој ќе се одржи онлајн на 30.09.2020 (среда,) во 11:00 часот. Настанот е организиран од страна нa МАСИТ како имплементатор на проектот “Патека за дигитализација” – проект финансиран од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата кој МАСИТ го спроведува во партнерство со СТИКК – Косовска ИКТ асоцијација и ICT Net од Србија. Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот линк. Целта на настанот е да се претстават активностите на проектот како и објавените повици за поддршка на дигитална трансформација на компании кои работат во секторите: земјоделство, облека и текстил, преработка на дрво и туризам (eко, рурален и активен). Поканата и агендата на настанот можете да ги погледнете подолу. Сите заинтересирани за присуство на настанот е потребно да се регистрираат онлајн со пополнување на следната регистрациска форма:  https://forms.gle/47ubXtfonvLizaD8A по што ќе го добијат линкот за вклучување на настанот. Повеќе информации за објавениот Повик за поддршка во креирање на Стратегии за дигитална трансформација можете да најдете на следниот линк .

Новости

Повик за аплицирање на компании за поддршка за креирање на стратегии за дигитална трансформација

Ве информираме дека МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, во рамки на проектот “Патека за дигитализација” финансиран од УСАИД проектот за Економски развој, управување и активности за раст на претпријатија, објавува повик за поддршка за креирање на персонализирани стратегии за дигитална трансформација за компании кои работат во следните сектори: свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам (eко, рурален и активен) Проектот ќе обезбеди стручна помош од искусен консултант, кој ќе ги поддржи компаниите ефикасно да ги идентификуваат и приоритизираат ИТ решенијата, кои им се потребни и кои потенцијално би имале најголем допринос за подобрување на деловното работење на компанијата. Креирањето на персонализарана дигитална стратегија има за цел да ги анализира тековните деловни процеси и да ги разбере потребите, проблемите и предизвиците на компанијата, врз основа на кои ќе бидат разработени детални препораки за имплементација на ИТ решенија со цел да се подобрат деловните операции на компанијата, со цел поефикасно и поефективно работење и намалување на трошоците во нивното секојдневно работење. Што може да очекуваат пријавените компании? Работа со искусен консултант Креирање на персонализирана стратегија за дигитална трансформација Повикот е наменет за 10 компании од земјава кои ќе се пријават за креирање на стратегија за дигитална трансформација Рокот за апликации е најдоцна до 9.10.2020. Заинтересираните компании е потребно да го пратат пополнет образецот за изразување на интерес, заедно со копија од Тековна состојба издадена од Централен регистар на следната емејл адреса: elena.petrushevska@masit.org.mk, контакт лице: Елена Петрушевска. Сите детални информации околу повикот, можете да ги прочитате во целосниот ПОВИК. Превземи PDF

Новости

ПРВ НАЦИОНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ИКТ ИНДУСТРИЈАТА ПРЕТСТАВЕН СО ШВАЈЦАРСКА ПОДДРШКА

Скопје, 21 септември, 2020. – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ го презентираше првиот извештај за ИКТ индустријата во Република Северна Македонија. Околу 150 претставници од ИКТ компании, релевантни државни институции, стопански комори, донаторската заедница, како и универзитетите кои подготвуваат ИКТ работна сила, се приклучија на онлајн настанот за да ги слушнат и дискутираат заклучоците и препораките од овој извештај. Извештајот за ИКТ индустријата се заснова на статистички анализи од повеќе извори како Државен завод за статистика, НБРМ и Централен регистар, во комбинација со повратни информации од индустријата, добиени преку прашалник спроведен со 106 ИКТ компании. Во извештајот се вклучени генерални и конкретни податоци и информации за ИКТ индустријата и пазарот, прогнози, анализа на образованието и развој на човечки ресурси во секторот, како и препораки за  понатамошни истражувања и развој. Извештајот е подготвен со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка, а изработен од страна на домашната компанија за истражување и консалтинг Инсајдер ИД и бонитетната агенција Таргет Груп. Дополнително, беше изготвен и Извештај за извоз на ИКТ. На настанот се обрати Заменик Претседателот на Владата на Северна Македонија одговорен за економски прашања, г-дин Фатмир Битиќи, кој посочи дека здравствената и социо-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид 19, го покажа значењето на ИКТ секторот, за економскиот развој и колку дигитализацијата како процес во сите сектори е важна. „Кризата нè принуди да направиме чекор напред во дигитализацијата на сите процеси, а претходно голем број од компаниите велеа дека не се подготвени за вакви промени. Ова е добар момент да го фатиме убрзано чекорот со светските трендови и развиените западни економии. Како еден од првите чекори за стимулирање на овој сектор е планот за целосно укинување на личниот данок на доход, т.е. од сегашните 10% во 2023 да биде на 0%, којшто го добивме како предлог од МАСИТ и го прифативме со намера да биде доволен поттик за задржување на професионалците во ИТ индустријата и развојот на ИТ индустријата “ нагласи Битиќи. Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер, во своето обраќање се осврна на дел од заклучоците од извештајот. „Еден од предизвиците што го забавуваат растот на ИКТ секторот е недостаток на квалификувана работна сила, тренд за кој е предвидено дека ќе расте и во иднина. За секторот да стане поотпорен на надворешни предизвици, но и за да се зголеми извозот, потребно е да се поддржи развојот на македонски ИКТ производи. Преку нашата програма ИМЕ им помогнавме на неколку ИКТ компании да развијат иновативни софтверски решенија за странски пазари “. – изјави амбасадорката Зутер, која исто така истакна дека вакви ажурирани и релевантни информации и податоци од секторот ќе им помогнат на владините институции да креираат политики засновани на истражувања, анализи и докази. Овој извештај ќе им послужи на МАСИТ и ИКТ бизнисите да се застапуваат за подобра бизнис регулатива која ќе им овозможи на ИТ компаниите да растат и да остварат повеќе вработувања. „Со гордост може да кажеме дека МАСИТ за прв пат располага со извештаи за ИКТ секторот и ИКТ извозот со детални и релевантни статистички податоци и информации за моменталната состојба во секторот, како и прогнози за во иднина.”, истакна Анета Пешева, претстедателка на Управен одбор на МАСИТ. На основа на заклучоците и препораките од извештајот, МАСИТ ќе ги планира и приоретизира своите напори за застапување во иднина, и тоа: 1) создавање национална ИКТ стратегија за интернационализација; 2) подобрување на понудата на квалификувана работна сила; и 3) зајакнување на бизнис опкружувањето преку поповолни даночни политики во секторот. Предвидено е дека спроведувањето на овие реформи ќе придонесе за раст кај ИКТ компаниите во однос на нивниот приход, број на вработени и платите во секторот. Линк до извештајот за извоз Линк до извештајот за целата индустрија Презентацијата од настанот може да ја превземете во продолжение. Превземи PDF

Новости

Прирачник за имплементација на законот за заштита на личните податоци

Законот за заштита на личните податоци стапи во сила на 25.2.2020 година, а преку прирачникот компаниите имаат можност да се запознаат со практичната имплементација на обврските кои се дел од Законот за заштита на личните податоци базирани на европските практики. Законот определува во кои случаи може да се обработуваат лични податоци и кои принципи мора да се почитуваат при тој процес и исто така ја промовира обврската на отчетност, односно обврска на компаниите да може да ја докажат својата усогласеност со законот. Во продолжение можете да го превземете прирачникот за заштита на лични податоци. Превземи PDF

Новости

Повик за ангажирање на консултант/ти во рамки на проектот Digitalization path

МАСИТ неодамна започна со реализација на проектот “Digitalization path” финансиран од УСАИД Проектот за Економски развој, управување и активности за раст на претпријатија, со цел да ја поддржи дигиталната трансформација на компаниите од секторите земјоделство, текстил, преработка на дрво и туризам во Северна Македонија, Косово и Србија. Проектот се имплементира од страна на МАСИТ, во партнерство со STIKK од Косово и ICT NET од Србија. Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот линк. Во рамки на проектот објавуваме ПОВИК за ангажирање на консултант/ти за креирање на стратегии за дигитална трансформација, кој можете да го преземете на следниот ЛИНК. Опис на ангажманот: Ангажираниот консултант (ти) ќе биде задолжен да направи лични стратегии за дигитална трансформација за компании од следните сектори: Земјоделство и преработка на овошје и зеленчук, лесно производство (обувки и текстил, преработка на дрво) и туризам (еко туризам, рурален туризам и авантуристички туризам) Целта на секоја стратегија е ефикасно да се идентификуваат и приоритизираат ИТ решенијата, кои потенцијално би имале најголем допринос во подобрувањето на секојдневното работење на компаниите од секторите кои се таргетирани во рамки на проектов. Предвидени се два циклуси за креирање на стратегии за дигитална трансформација. Првиот циклус е предвиден да се имплементира во периодот октомври – ноември, а вториот во периодот април – мај 2021. Консултантот/тите е предвидено да направи: стратегии за дигитална трансформација (предвидено е да се направат вкупно 20 стратегии за македонски компании односно 10 стратегии по консултант, а 5 стратегии во еден циклус) наративен извештај за состојбата и препораките за компаниите кои ќе бидат вклучени по завршување на циклусот методологија за креирање на стратегии за дигитална трансформација (за која ќе биде избран само еден од консултантите) Сите останати детали во врска со повикот, можете да ги погледнете на следниот линк. Повикот се однесува за ангажирање на консултант/ти како физички лица, кои е потребно да достават понуда, најдоцна до 18.9.2020, со приложување на сите потребни документи според ToR во прилог. Ќе бидат избрани максимум двајца консултанти по држава. Превземи PDF

Scroll to Top