ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОДГОВОР НА АКТУЕЛНАТА КРИЗА
13ти декември 2022 МАСИТ со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на РСМ, организира настан на тема: „Дигитализацијата како одговор на актуелната криза“, кој ќе се одржи на 13.12.2022 година, во ресторан Ragusa 360 Rooftop. На настанот ќе се зборува на темата дигитализација и како истата влијае, делува и помага во време на актуелната криза, со презентирање на иновативни теми, трендови и решенија кои се достапни на пазарот од страна на ИКТ компаниите, споделување на искуства и добри пракси на тема дигитализација од страна на еминентни експерти од земјава и регионот. На настанот ќе учествуваат претставници од домашни и странски ИКТ компании, компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската заедница, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар, медиуми и други. Почесен главен спикер на настанот е: г-дин Слободан Ѓиновиќ, основач и директор на ОРИОН Телеком, Србија, ИТ експерт, консултант и визитинг професор на Harvard University, Grinnell College, Colorado College, Fletcher school и др. Во рамки на официјалното обраќање предвидено е обраќање на: г-дин Илија Господинов, претседател на Управен Одбор на МАСИТ H.E. Ms Véronique Hulmann, Амбасадорка на Швајцарија во РСМ АГЕНДАТА за настанот може да ја погледнете на следниот линк. РЕГИСТРАЦИЈА – Регистрацијата на учество се врши преку пополнување на регистрациската форма достапна на следниот линк. КОТИЗАЦИЈА ЗА ЧЛЕНОВИ НА МАСИТ: – 49 евра + ДДВ по лице Достапни се и групни попусти за учесниците кои доаѓаат од иста компанија/организација: – 80 евра + 18% ДДВ за двајца учесници – 100 евра + 18% ДДВ за тројца учесници – 25 евра + 18% ДДВ за секој дополнителен учесник доколку има повеќе од 3 учесници КОТИЗАЦИЈА за не членки на МАСИТ: 80 евра + ДДВ по лице СТАНЕТЕ ПАРТНЕР НА НАСТАНОТДоколку сакате да се вклучите како поддржувач и партнер на овој настан, имате можност да го сторите тоа во рамки на предвидените спонзорски пакети, достапни на следниот линк.*Стоиме на располагање за прилагодување на спонзорските пакети согласно вашите потреби и барања. Лица за контакт: Елена Петрушевска – програм менаџер, +389 75 257 095elena.petrushevska@masit.org.mk Петар Лазовски – правен советник, +389 75 240 988petar.lazovski@masit.org.mk









