Новости

МАСИТ со презентација на ИКТ секторот на ЕКСПО 2020 Дубаи

Во рамки на светскиот настан EXPO 2020 DUBAI на 14.01.2022 година на Тера Аудиторуим, еден од петте тематски аудиторуми на саемот, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот организира бизнис настан за претставување на инвестициските, извозните и туристичките потенцијали на земјата.Настанот го носеше насловот: „North Macedonia – a new regional business hub“. Во две посебни сесии на форумот беа презентирани и извозните капацитети на нашата земја со посебен акцент на брзорастечките индустрии – ИКТ секторот и агробизнисот, како и туристичките потенцијали и можности на Северна Македонија за развој на туризмот во сите 4 сезони од годината. Извршната директорка на МАСИТ, Анита Никова потенцираше дека ИКТ секторот во земјата и извозот на информатичките услуги бележат раст во изминатите неколку години, кој не беше попречен ниту со пандемијата. Во споредба со претходните 5 години извозот е зголемен за 61 %. Растот е значително поголем во делот на компјутерски услуги кој во изминатите пет години е зголемен за 131%. На форумот беа присутни Амбасадорот на Република Северна Македонија во ОАЕ,  Н.Е. Абдулкадар Мемеди и Бекри Ајдини економскиот советник во ОАЕ и Генерален комесар на павиљонот на Северна Македонија на ЕКСПО 2020 Дубаи, како и претставници од стопанската комора на Дубаи и Абу Даби, како и претставници од секторот за храна и ИТ индустријата од Дубаи. Учеството на Северна Македонија на EXPO 2020 Dubai има за цел преку претставување на инвестицискиот, извозниот и туристичкиот потенцијал на Северна Македонија да ја подигне видливоста на земјава на Блискиот Исток и во светски рамки, како и креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка и ривлекување на нови инвестиции.

Новости

МАСИТ 3-месечен информатор

Oктомври, ноември, декември 2021 Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации за проектот Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Погледнете ги сите членки на МАСИТ тука

Новости

Известување за барање на понуди

Проект на УСАИД за е-управа во Босна и Херцеговина Проектот на УСАИД за е-управа и помага на БиХ да ја усогласи својата законодавна и регулаторна рамка за е-владеење со директивите на ЕУ и меѓународните најдобри практики, за да развие нови софтверски решенија за насочени процеси предводени од владата и за подобрување на хоризонталната и вертикалната интероперабилност меѓу различните нивоа на власт во БиХ (т.е. државата БиХ, Република Српска и Федерацијата БиХ) Развој на e-Centralized Public Procurement information system and upgrade of the e-Procurement Portal е една од последните тековни активности на проектот за кое е отворено барањето за понуди. Во прилог е достапно целосното известување за барање на понуди, критериумите кои треба да се исполнети за достава на понуда, начинот на аплицирање и почетната постапка.Повикот е отворен од 18.01.2022 (вторник) заклучно со 01.02.2022 (вторник) до 17:00 часот. Превземи PDF

Новости

ИННОФЕИТ и МАСИТ во соработка за зближување на академската заедница со приватниот сектор

Во насока на воспоставување на долгорочна соработка помеѓу ИННОФЕИТ и МАСИТ, во контекст на зближување на академската заедница со приватниот сектор, на 21.12.2021 година, се одржа првиот официјален настан за Презентација на ИНОФЕИТ Дигитален Иновациски Хаб (ДИХ) и потпишување договор за соработка со МАСИТ. ИНОФЕИТ и МАСИТ потпишаа меморандум за соработка со кој се овозможува компаниите преку дигиталниот иновациски хаб (ДИХ) да воведат нови технолошки решенија кои ќе им го олеснат работењето. ДИХ, претставува иновативен центар за дигитални иновации и е one-stop shop каде со техничка експертиза и експериментирање им се помага на компаниите преку користење на дигиталните технологии да станат поконкурентни и да ги унапредат деловните или производните процеси, како и производите или услугите. Меморандумот за соработка го потпишаа продеканот за финансии и соработка со стопанство на ФЕИТ и управител на ИНОФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски и претседателката на Управниот одбор на МАСИТ г-ѓа Анета Антова Пешева. На настанот исто така беа присутни Проректорот за настава на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Проф. Д-р Христина Спасевска, Деканот на ФЕИТ, Проф. Д-р Димитар Ташковски, Извршната директорка на МАСИТ, Анита Никова, како и неколку претставници на компании членки на МАСИТ.

Новости

Работна средба на МАСИТ со Деканот на ФЕИТ Проф. д-р Димитар Ташковски

На 10ти декември 2021, претседателката на МАСИТ Анета Антова Пешева заедно со извршната директорка на МАСИТ Анита Никова остварија работна средба со деканот на ФЕИТ, Проф. Др. Димитар Ташковски на која разговараа за подигнување на нивото на соработка помеѓу приватниот сектор и Академијата, преку трансфер на знаења, технологии и иновации. Во тесна соработка помеѓу МАСИТ и INNOFEIT ќе биде развивана мрежата за воспоставување на екосистем во склоп на кој млади компании ќе имаат можност да ги тестираат своите иновации и истите ќе имаат можност да ги носат кон следната фаза на комерцијализација. Сето ова ќе биде реализирано во склоп на првиот македонски Digital Innovation Hub (DIH) етаблиран од страна на ФЕИТ. Првиот информативен настан, ќе следи наскоро.

Новости

Известување за барање на понуди – продолжување на рокот

Проект на УСАИД за е-управа во Босна и Херцеговина Проектот на УСАИД за е-управа и помага на БиХ да ја усогласи својата законодавна и регулаторна рамка за е-владеење со директивите на ЕУ и меѓународните најдобри практики, за да развие нови софтверски решенија за насочени процеси предводени од владата и за подобрување на хоризонталната и вертикалната интероперабилност меѓу различните нивоа на власт во БиХ (т.е. државата БиХ, Република Српска и Федерацијата БиХ) Развој на е-Систем за издавање дозволи за градба за пилот општини е една од тековните активности на проектот.Во прилог е достапно известувањето за барање на понуди, критериумите кои треба да се исполнети за достава на понуда, начинот на аплицирање и почетната постапка.Повикот е продолжен и ќе биде отворен до 30.12.2021 (четврток), до 17:00 часот. Превземи PDF

Новости

Известување за барање на понуди

Проект на УСАИД за е-управа во Босна и Херцеговина Проектот на УСАИД за е-управа и помага на БиХ да ја усогласи својата законодавна и регулаторна рамка за е-владеење со директивите на ЕУ и меѓународните најдобри практики, за да развие нови софтверски решенија за насочени процеси предводени од владата и за подобрување на хоризонталната и вертикалната интероперабилност меѓу различните нивоа на власт во БиХ (т.е. државата БиХ, Република Српска и Федерацијата БиХ)Развој на Инспекциски систем за управување со информации и надградба на Системот за управување со гранични информации за Федералната управа за инспекциски работи (FAIA) на Федерацијата Босна и Херцеговина е една од тековните активности на проектот.Во прилог е достапно известувањето за барање на понуди, критериумите кои треба да се исполнети за достава на понуда, начинот на аплицирање и почетната постапка.Повикот е биде отворен од 29.11.2021 (понеделник) до 03.12.2021 (петок). Превземи PDF

Новости

Интервју: Димитар Јаневски – Бизнис Директор и Продукт Менаџер на Digital OFFICE by Inbox

Инспиративна видео приказна на Western Balkan Digital Summit 2021 Нашата компанија членка и партнер – Digital Office by Inbox беа учесници на годинешната Western Balkan Digital Summit 2021 со инспиративната приказна “TRUST – as a key element to remain successful digitally”. Направивме разговор со Димитар Јаневски – Бизнис Директор и Продукт Менаџер на Digital OFFICE by Inbox со цел да не запознае повеќе. МАСИТ: Како настана инспиративната приказна со која учествувавте на настанот Western Balkan Digital Summit 2021? Димитар: Приказната која ја споделивме е вистинска! Тоа е соработка со наш клиент, анонимизиран со цел да обезбедиме приватност. Истата рефлектира успех и постигнување на цели, користејќи дигитални напредни технологии и регулаторни можности на пазарот. Херојот во приказната е Ана која најде начин со тимот на Digital Office да го поддржи рапидниот раст на компанијата. Сега нејзината компанија успешно и валидно управува со документи, досиеја и решенија на 500+ вработени, од секаде. Елементот на ДОВЕРБА е присутен во дигиталното работење кое вклучува цел екосистем на технологии и партнери. Довербата е компонентата која не спојува во тој екосистем и ние истата ја вградивме како норматив во се што создаваме.   МАСИТ: Може да ни го опишете вашето искуството на WB6? Димитар: Би рекол многу пријатно, организирано и дигитално! Сметам дека можноста за секој заинтересиран човек да се приклучи онлајн и во било кој момент да ги следи темите од интерес, претставува голем бенефит. Тоа ги руши бариерите за достапност и придонесува кон едукација и дигитализација на пазарот.  Оваа година настанот беше во организација на Црна Гора и поддршката на МАСИТ и МИОА кон учесниците беше одлична и за нас одлучувачка со цел да присуствуваме. Благодариме 🙂  МАСИТ: Во неколку реченици, што е тоа што го нудите? Димитар: Digital OFFICE е платформа, КВАЛИФИКУВАНА ДОВЕРЛИВА УСЛУГА – дигитална архива, за долгорочно чување на документи, сертифицирана од МИОА. Компаниите можат да не користат како SaaS решение и да се поврзат и со APIs, да работат безхартиено, согласно законските регулативи.  МАСИТ: Како можат нашите МАСИТ членови да ве најдат?  Димитар: Нас ни претставува задоволство да работиме со членовите. Нашата ИКТ заедница расте и со соработката ние учествуваме во градењето на еко-систем и активно помагаме во дигитализација на целата бизнис заедница.За членовите на МАСИТ ја сум лично достапен за консултација и бизнис односи каде слободно може да ме контактирате на d.janevski@inbox.com.mk Погледнете ја инспиративната видео приказна: https://youtu.be/AjmS3u_2QnU

Новости

Newsletter no.5 на Проектот Патека за дигитализација

Со задоволство го споделуваме 5-тиот Newsletter на нашиот Проект: Патека за дигитализација, кој дава преглед на некои главни моменти и активности во текот на изминатиот квартал на проектот. За проектот „Патека за дигитализација“: Патеката за дигитализација на проектот е 15-месечен проект финансиран од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата и спроведен од МАСИТ (Северна Македонија) во партнерство со СТИКК (Косово) и ИКТ Нет (Србија). Главната цел на овој проект е да ги поддржи МСП од секторите: свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам од Северна Македонија, Косово и Србија во нивните активности за дигитална трансформација. Превземи PDF

Новости

„Дигитална трансформација – клучна за успешен бизнис“

Завршен настан 16.09.2021 Резултати од Проектот „Патека за дигитализација“ Проектот „ПАТЕКА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА“ кој е финансиран од страна на Проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата и имплементиран од страна на МАСИТ, во партнерство со СТИКК –ИТ Асоцијација од Косово, и ICT Net – Србија, ве покануваат на онлајн настан, кој ќе се одржи на 16.9.2021 со почеток во 13:00 часот. Настанот се организира на тема: „Дигитална трансформација – клуч за успешен бизнис“. Во изминатите петнаесет месеци, главната цел на овој проект беше да ги поддржи МСП-a од таргет секторите (свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам) од Северна Македонија, Косово и Србија во нивните активности за ( 1) подобро разбирање и запознавање со придобивките од дигиталната трансформација; (2) да го анализираат нивното сегашно ниво на дигитална трансформација и да креираат стратегии за дигитална трансформација со кои ќе ги идентификуваат и даваат приоритет на потребните ИТ решенија; и (3) финансиски да ги поддржат во процесот на купување и имплементација на ИТ решенија со цел подобрување на нивните деловни активности. Со особено задоволство Ве информираме дека постигнатите цели и резултати во рамки на овој проект ќе бидат презентирани на завршниот настан, на кој очекуваме учесници од ИКТ бизнис заедницата, претставници од регионот (Северна Македонија, Србија и Косово) кои беа директни корисници на проектот од таргет секторите, претставници од нашите партнери итн. Би сакале да ве поканиме да присуствувате на настанот, на кој ќе слушнете повеќе детали за проектот, неговите резултати, како и информации за тоа кои се придобивките од дигиталната трансформација. Во прилог се наоѓа агендата за настанот. Пријавите го вашето присуство на следниот линк а ние дополнително ќе ви доставиме линк за вклучување на настанот.Доколку имате дополнителн, прашања, ви стоиме на располагање во секое време. *Напомена: Онлајн настанот ќе се одвива на англиски јазик. Превземи PDF

Scroll to Top